Баш ме зачудија негативните искуства со сестрите во Ремедика. Јас се породив таму пред 2 месеца и баш бев задоволна од сите.
Jas dva pati se porodiv vo Sistina i nemalo skrieni trosoci. Plativ kolku sto mi kazaa odnapred, paketza carski.
Почнувам со цтг неделава, па ме интересира дали кога се прави цтг ве гледаат и на ехо? За Ремедика конкретно прашувам (не знам дали е исто секаде). И дали има некои подготовки освен да си јаден саат време пред цтг?
Јас се породив во Систина средината на Април. Скриени трошоци немав никакви, два дена пред прием ми зедоа крв и брисеви нив нормално си ги плаќаш кога ќе те испишат од болница, и на тоа имав попуст оној роденденски што им е од 15%. Освен цената на царски која исто беше со попуст и лабораторија не платив ништо. Бебе беше со жолтица го сончаа секој ден, денот кога требаше да не пуштат останавме до ручек за да може да се искористи денот да ја сончаат повеќе. Не знам какви скриени трошоци може да има, јас немав навистина ништо плус за плаќање
Здраво на сите, јас сум во 33та недела и планирам да се пораѓам во Систина, матичниот гениколог ми ја препорача Корнелија за пораѓање, па сакам да прашам искуство некој да сподели со докторката дали доаѓа ако не е на смена? Дали е достапна? Прв пат ми е и до сеа нормална ми е бременоста и малце ме фаќа паника ?
Здраво, да прашам тие што се имате породено во Систина, втора бременост следење таму дали има попуст сега на прегледите? Нешто прочитав на нивниот сајт од 12та недела 20% попуст, дали е така?
Читам по форумов дека имало затоа сакав и поново искуство. Како поминавте? Јас се мислам меѓу Чаир и Систина..
Да, ти следува попуст (не знам колку точно), само спомни им на шалтер дека таму си породена за секој случај.
Добро поминав, планот беше да се породам природно со провокации, чекаа да се отворам до крај, цело време има сестра покрај тебе за се што треба. Е сега кај мене беше проблем што иако се отворив 10 прсти бебе не сакаше да излезе, кога ќе дадев напон слегуваше малку и на земање воздух се враќаше назад и ме однесоа на итен царски затоа што постоеше можност да заглави во каналот. После пораѓај цело време имаш сестри те следат, дават терапија прашуват како си дали треба нешто. Бебе ти го носат кога и да сакаш. Јас сум задоволна од се и од тоа како поминав. Ако те интересира нешто подетално прашај слободно
јас се пораѓав кај докторката, океј е фина и достапна, јас се породив на закажано, ама тогаш ми спомна дека ако ме фатат болки може да и звонам во било кое време дека ќе дојде, здравје сега водам и втора бременост и планирам пак да се пораѓам кај нејзе, освен ако не ме фатат одмори затоа што терминот ми е во август
Имаш лабораторија за тебе и за бебе. За бебето беше вклучена, за мене јас си платив. И девојката што лежеше со мене во соба исто плати за лабораторија. Најдобро е да си прашате директно таму што се ви е вклучено за вас. Прегледи и цтг не ми наплаќаа. Брисеви, крвна слика, дд мери и хемостаза, крвна група се тоа ми беше вклучено во лабораторија мене
Да, има. 20 % за втора бременост. Во 12та недела оставаш/уплаќаш депозит 15 000 ден и добиваш 10% попуст на сите прегледи и 20% попуст за породувањето.
Имав болки, кога бев отворена некаде 5 прсти тогаш ми ставија епидурал, ама кај мене болките прво се намалија и после проверката колку се имам отворено пак почнаа јаки болки па ги викнаа да ме пребоцкаат, излезе дека иглата ми се изместила. Ме боцнаа одново, искрено јас уште си осеќав болки ми кажа дека нормално мора да ги осеќам контракциите ама јас имав и болки одвај чекав да се породам да помине се. После кога ме однесоа на царски ама буквално ништо не осетив, веќе бев и преморена од болки и напнување. Имав читано овде дека некои со провокации поминале супер природно без болки ама ете кај мене не беше случај.