јас немам оставено депозит и без депозитот ти следува 10 посто попуст на било каков преглед само затоа што си породена таму, а 20 посто е за пораѓајот тоа заборавив да напишам пошо уште не сум дошла до пораѓајот
Мене па доле на шалтер ко го уплаќав депозитот ми рекоа као да сум уплатела во 12 недела ќе ми следувал и попуст на прегледите (уплатив во 36гн), а дали ми даваа попуст поима немам, маж плаќаше цело време, и затоа и спомнав на членката да им потенцира. Може па таа не виде дека втор пат сум таму, врска немам.
Да сега баш пак го прочитав сепак 20% е за пораѓајот , а 10 за прегледите лошо сум видела Ќе видам баш во петок, ама сепак изгледа само 10% е така да не мора да уплаќам депозит сега исто ми се фаќа.
кој ги знае што прават, јас баш сега правев ехо на гради, значи неповрзано со бременоста и девојчето само ми спомна тука се имате породено и ми наплати со 10 посто попуст, а исто ми наплаќаат и за прегледи во бременост и за малата на преглед кога ја носиме таму ни наплаќаат со 10 посто попуст дека е таму родена без да им спомнеме
Depozitot e dobar za da moze da se iskoristat tie povolnosti vo bremenost kako yoga dva Pati nedelno, tri trudnicki masazi, i nekoi pregledi ima
Бев. 7900 денари се плаќа, тие не ги одбиваат на крај од сумата. Прво на ехо ме гледаше, па на цтг. Ми земаа крв (искрено не памтам што ке испитуваат со крвта), ехо и цтг до крај на бременоста, крвна слика во 38 недела. Овие работи се во поготовката.
Мене на последниот преглед ми рекоа плакаш 7900 за подготовка следно кога ке дојдеш а на испис плакаш 133000 ( ако си со царски). За крв треба да си гладен или? Јас ќе одам на 2 смена, нема логика Кај кој доктор си ти?
Па не треба да си гладен веројатно, не ме ни прашаа. За таа во 38ма недела, сигурно на гладно ке се прави. Кај Котларова сум, ама јас прашав на шалтер за тие 7900 дали ги одбиваат и така ми кажаа.
Сега го гледам прашањето твое. Јас бев во апартман во Систина, сама бев, како што се и во еднокреветните. Мене посета ми дозволуваа во било кое време, воопшто не правеа проблем. Мислам дека регуларно до 20 ч се посетите, мајка ми и татко ми седеа до 23 ч навечер. После само лифовите не работеа, по скали се симнуваа знам.
Секако. Иако две недели не значат многу, може и ти пред мене да бидеш а може и цимерки ке се погодиме. Како и да е ке пишеме искуство. Само со лесно да е
Се има некоја пораѓано во Плодност во скоро време ? Дали се остава депозит и дали тие прегледи при крај кога ти мерат цтг се вклучени во пакетот или засебно се плаќаат. Ве читам тука за некакви поволности кои се вклучени во пакетот за пораѓај. Дали постои такво нешто во Плодност ?
Знам, но ни со првото ништо од тоа не користев ниту поволностите по пораѓај што следеа… затоа и сега мислам дека нема да ми користи освен ако нема поголем попуст на прегледите
Не знам искрено... Јас во апартман бев, а еднокреветна е поразлична. На крај ми наплатија цена за регуларна двокреветна соба, се' плус што имав ми беше поклон од директорката бидејќи соработувам преку работа со нив. Така да колку точно кошта ич не знам. Инаку ако ти е втор пораѓај, ти следува еднокреветна гратис.
Девојки а дали ви спомнаа за пакетите за испитувања на бебето? Јас денес бев, ми рекоа 7900 за подготовката во 36г.н, потоа на крај се плаќа останатата сума и ми спомнаа дека тогаш ќе ми биле понудени пакети да си одберам кои анализи сакам да му се направат на бебето пред да си одиме но за цени и останати детали не ми кажаа.
4 прегледи се за бебето, интолеранција на лактоза, скрининг за слух, ортопедски преглед и кардиолошки преглед. Секој чини по 1500 денари (бар пред 2 години беа толку мислам). Ќе те прашаат дали сакаш да ги направат и ако да, ќе си потпишеш согласност. 7900 е подготовката што се прави околу 35,6 недела и опфаќа крвна слика, инфективен скрининг, цтг и прегледи до породување. Јас мислам дека тие 7900 не се одбиваат од целосната сума на крај за породување, ама членки тука пишуваа дека се одбиваат, така да прашај си. Од септември ако добро разбрав ќе имаат поскапувања
Да ве прашам ако може да споделите тие што сте веќе породени, а може и тие што планирате во Ремедика Дали може за царски ризична бременост и кога всушност е можно да пратат некого во гак? И како е во Систина за високо ризични бремености? Многу ме испаничи докторката на последен преглед као воопшто да не сум ни пробувала да друго место освен гак И искуства со кој доктор за ризична бременост во Ремедика или Систина