Јас затоа викам само човек сам да бара, да пази, да си ја носи бременоста. И мене Панчевски ми рече супер е грло, врска немале како се мери, демек функционирај си нормално, намали и исфрли прогестерон, остај сумамедот, па што сакате вика вие да не се намали ич грло. И јас за недела од негов преглед 1.4 грло со инка и прво ме хоспитализира во ремедика па за недела од тоа на Пин две недели лежев.. само добив на денови да стигнам 31+5 и да ме породат царски на Државна отворена бев 3прста. И на крај од таму напуштив на своја одговорност (заради раната не ме сошиле како што треба ми беше страв од инфекција немаше никаква грижа така со една крвосана спаваќа) и знаете што ми вика Др Кристина Блажевска демек на твоја одговорност потпиши прочитај и викам не ми треба да читам го вратив листот а она во лице ми го става.. и викам јас дете донесов на свет, све на своја одговорност ако чекав од лекари немаше да имам дете до сега. И се заќути и излезе со потпишаното. И така е, све иницирав и мутации и прегледи и крвни слики и хоспитализација барав сама во ремедика па на гак... тоа е. Се надевам ќе биде све најдобро оваа бременост ама секако најди некој доктор на гак (врска) да имаш една сигурност. Се најдобро
Што се подразбира под високо ризична бременост ? Во Битола имам од доктори свашта слушано како од Плодност ги праќаат на болница ама тоа ако нешто тргни наопаку во пораѓајот.
Дека сум активна периодов тука на тема бременост те читам и навистина ти посакувам сѐ најдобро и навистина ми е жал што си прошла патешествие Ако може да не советуваш нас другите што сме ризични и не плашат каде и кај кој доктор е најпаметно пораѓај? Ја лично би вложила пари и би пошла Ремедика оти сум задоволна многу од порано за прегледи и слично ама за таму сите велат дека ако си по ризична ќе те пратат пак на ГАК и ќе било полошо оти се лутеле демек поарно воопшто да не пробувам приватно туку директно клиника Рано ми е за да мислам на пораѓај ама со оглед на тоа не дај боже што може да е пред време се замислив многу за ова Прва бременост ми е и поим немам од многу работи Кога ќе можеш ако сакаш пиши ми мислење многу ќе ми значи фала ти
Јас се породив пред скоро 2 месеци, не се остава депозит. Пред пораѓај бев само на еден преглед и си платив 2000 денари. Во пакетот за пораѓај ти е вклучен пораѓајот плус анестезија, за мене ништо не доплатив иако примав антибиотска терапија. Крвни анализи што ќе ти ги бараат (крвна група + инфективен скрининг) носи си од на државно. Многу е добро што во Плодност сите се во еднокреветни соби, е сега нема посета во соба ама мене ни тоа не ми сметаше.
Па и мене не ми е јасно која бременост е толку ризична за да мора на клиника? Мислам секако секој пораѓај е ризик сам по себе, ама на што се мисли кога велат дека ќе те пратат на гак Инаку кај мене би бил ризик миомот што тоа исто е непредвидлив фактор можеби и нема да направи проблеми не знам на што мислат... Претпоставувам дека се мисли на непрекинато крварење или нешто слично или до бебето ако има нешто оти на клиника као биле нај опремени за бебињата Не знам и мене искрено не ми е јасно Многу некако се испаничив и дополнителни конфузии имам сега
Мислам дека ако станува збор за бебето дека на ГАК се најопремени за прематурчиња или бебенца што им треба дополнителна нега. Во ремедика не знам ни дали имаат инкубатор. Не знам искрено што се подразбира под високо ризична бременост и кој е твојот случај, но најдобро е да се консултараш директно во Ремедика бидејќи тие ќе ти ги кажат сите опции. Ако немаш одбрано доктор, одбери си и оди на преглед кај што ќе се консултираш за се што те интересира. Познаничка моја со пукнат водењак пример за време на корона не ја примија во ремедика бидејќи таму не третираа болни од корона а она се разболела буквално ден претходно. Непријатно е да, ама ако тие немаат услови и опрема за да се справат со состојбата на некој пациент секако е подпбро да го пратат негде кај што може да му се пружи соодветната нега.
Да секако ќе морам да се консултирам и ќе прашам Чисто ме интересираше искуство на некоја членка со ризична бременост дали се пораѓала во Систина или Ремедика и како поминала или на таквите членки им бил изборот директно на гак
Јас бев со високо ризична бременост поради 2 спонтани предходно каде 2 со пукнат водењак 20 недела и тромбофилија(примам терапија и кога не сум бремена).Јас природно останав бремена ама водев бременост кај Док Митко Ивановски Систина.Бев бед рест од позитивен тест само до Систина и назад на 2 недели контроли гинеколог и трансфузиолог некад по потреба и на една недела. Добрптп е што не чекаш за преглед и завршував гинеколог ибтрансфузиолог во еден ден.Поради скратен цервих во 26 недела самиот док ме прати Гак затоа што е премногу скапо Систина за бебето .Ако истераш до безбедна недела док се спремни и во Систина да те породат,за ремедика немам искуство.Ако дојде недај боже до предвремено породување мој совет ти е Гак.Да бидеме реални систина цените се високи.Ти можеш да водиш бременост и во приватна клиника ако ти е ризична бременоста ,ама да се породиш и на гак.Самомза на Гак најди си добар док.Јас природно се породив дека скратен цервих и отворена,а ме породија специјализанти кои се на смена и лесно поминав.А неонатологија тимот е стручен немам зборови.Само ако имаш ризична бременост контролите се почести.
Ти благодарам многу за одговорот Да ќе следам ситуација и се надевам дека ќе стигнам во колку може посигурни недели Па ќе видиме каде ќе биде Систина не знам зошто ми е одбивно а на клиника се уште немам никој човек/ врска ништо најдено Ремедика би ми бил изборот ама ако сум комплицирана нема да може Се надевам дека имам уште време Фала ви многу уште еднаш на сите за споделување на искуства @cocopuff исто благодарам за одговорот
@fragaria Зависи каква ризична бременост имаш. Убаво ти кажале, ако под ризична е бебе да се роди предвремено, Гак е најдобра опција. Нема некој што од неонатологија од таму не е задоволен. За породување, знаеш како е, генерално лотарија. А Систина имаат исто супер оддел ама прескап. Јас сум со ризик за предвремено породување, бременост водам во Ремедика. После 34та недела примаат таму. Имаат инкубатори и топли креветчиња од понизок степен за бебиња родени после 34. Така што имав и со првата бременост и сега бекап план за државна ако тргне нешто пред 34. Ако е после 34 како со првото што издржав си останува Ремедика. Најди доктор таму што сакаш да те води и ќе ти објасни се.
Јас многу сакав Ремедика, кај Др Афродита идев цела бременост, да речам и пред бременост ми следеше фоликули. Она и Др Симонида се одлични Докторки не форсираат ништо, комуникација постојана, до крај си тераат бременост, доаѓаат ако треба царски до крај тера целосно до шиење све. На Гак Докторот е мн важен, тој организира и квалитетни специјализанти. Пример Тофовски имав една цимерка ја породил царски договорено, дојде ја провери два пати, дојде и специјализантка една што ја шиела значи немаше женава рана ја сошила линија тенка.. јас бев партали што да кажам па тој еден дембел дојде и излезе ќутејќи и на другарка е прва год специјализант и рекол еее она станала брзо се напналаа и демек анестезиологот ги убрзал зошто сум се разбудила еднаш бо сред шиење да не станам пак. Некако неспремно ме фатија не договорив никој. Од ќаев, тофовски, Симеонова, па и адела стефанија ( со парички кај неа ваљда) се задоволни жениве. За Гак зборам ама немој да се оставаш така договори некој ако решиш таму. Ако решиш Ремедика нема да згрешиш, лежев чисто е, хранс супер, сестри океј, пристап анестезиолог супер све објаснуваат нема брзање. Тоа е тоа, немора да сјае луксуз да се бара, викам само да е нормално, чисто и достоинствено.
Пример дојде на Пин девојче од Прилеп, била кај Органџиски цела бременост и на крај со болки она незнам дали беше пукнат водењак или не да не лажам... и рекол јас немам тука услови да те породам ти си со ниски тромбоцити (50 и биле) демек можеш да ми искрвариш и 50:50 се шансите ти и детето да преживеете. Леле испаничена сиротата и Др Сименова и вика ти е дадена терапија качени се на 100, ни прва ни последна така што сме ја породиле и царски, значи има тука крв од трансфузиологија не се секирај и ја спремија др ден ја породија. Така да ризична се смета дека немаат услови за недај боже ако тргне кон лоша состојба процесот да неможат да се справат. Јатрвата моја ни систина ни ремедика не ја прифатија ради исто тромбоцитопенија ниски тромбоцити, крварења итн... само на Гак. Тоа е за тешки случаеви све таму идат.
@Thinkerbell. @Ladyme Ви благодарам за одговорите Да и мене ми е таа идејата да е чисто и нормално, затоа Ремедика би ми бил изборот ама не знаев дека не примаат пред 34-35нед Не знам колку и како ќе терам Сега некако се молам да стигнам до 28 Нед прво (Сега сум далеку 23 само што почна) Па после да му ја мислам Ама баш како што кажа @Ladyme ме фати страв да не ме снајде нешто порано од очекуваното па да сум изгубен германец на клиника Затоа ми беше битно да ви ги слушнам мислењата тука на тие што сте породени, некои за жал со тежок пат зад себе И навистина искрено ви благодарам на сите што споделивте дел од вашиот пат
Tinker sigurna si za ova so 34ta? Jas vrtev vo petokot mislam deka zakazuvav termin i prashuvav za cenite a voedno i od koja nedela, devojkata od shalter mi rece ne pred 36ta. I spomnav i nea t.e. ja prashav nema shansi nedela dve porano ako ne izdrzam, mi rece mislam deka ne ama dogovori si se so doktorot shto te vodi .. i sega sum na 15ti mislam ili 18ti ne se sekjavam ke ja prasham dr.Afrodita
Ова многу ми смета во државните и е причина што одиме по приватни. Таков ризичен случај како оставаат на специјализанти во ГАК.
А во новиот дел на Жан Митрев, видов исто дека има дел за прематурчиња. Нов оддел е верувам дека го имаат средено. И тоа е опција во случај за приватно а да не е Систина
Кај мене немаше време 21:00 ме однесоа сала од патолошка 21:10 бев породена.Дојде доторка за да провери да не останало нешто од плацентата ама послем пораѓајот.
Ако сметаш дека ризична бременост ГАК се подобри, која е поентата упорно да идете по приватниве клиники и да фрлате илјадници евра од почетокот до крајот на бременоста? Да, ризични бремености и ако тргне нешто наопаку во принцип ги праќаат на ГАК, ако толку сакаш да фрлиш пари, тогаш договори се со докторот што ќе те пораѓа, барем знаеш дека си на сигурно.
Прашај ја докторката. Јас со Котларова се консултирав за ова директно. А знам и жени породени во Ремедика во 34 и 35 недела. Зависи сигурно и од големина на бебе, дали инекции за зреење имаш примено, повеќе фактори се. Прашај ја Афродита, ќе ти каже сигурно. Можеби зошто ризична бременост на Гак и во приватни различно се третира? На Гак немам добро искуство јас лично. И секако одам со позитивна мисла дека ќе издржам што подолго и ќе се пораѓам кај доктор во приватна што сум го избрала.
Не знам во кој дел од моите прашања во темава доби впечаток дека јас сметам некој е подобар или дека сакам да фрлам пари... Лично јас не знам каде е подобро за бременост и пораѓај, затоа и прашав дали може некој да сподели искуство. Досега не сум била никогаш трудна ниту имам искуство со ГАК или приватно за оваа состојба. Сега имам неколку стандардни прегледи и сега учам што сѐ има и се случува. Затоа барав споделување искуство ако некој може и сака да одвои време да сподели. Оти слушам, гледам и читам секакви работи за клиника, а од друга страна пак тука се пишува дека таму било најдобро и нормално е да се појави конфузија. Затоа и постојат вакви форуми, евентуално да си олесниме, да ни се разјасни нешто што не го знаеме. Секако дека секој треба да си оди на преглед и да разговара со доктор и сам да си одлучува. Ако може да си помогнеме меѓусебно, ако не ок. А за одење на приватно, досега не сум видела некој да сака да фрла пари како што велиш ти и тоа пари што ретко кој ги има. Тоа е кај сите во државата последица од трулиот систем генерално и страв од лошо искуство ама тоа е друга и голема тема.