За Ремедика немам искуство, ама Систина има добар спремен тим гинеколози за високоризични бремености и имаат добро опремен оддел за неонатологија и плус интензивна за предврмемено родени бебиња, а докторите и сестрите таму се врв.
@fragaria Ако имаш блиска и директна врска која ќе ти одговори на повик во било кое време - оди на ГАК (само од аспект на финансии). Ако не, барај доктор од приватниве, од мои две досегашни искуства барај помалку извикан и баран доктор - подостапни се, попосветени, што е и нормално споредбено со други кои глава не можат да кренат од пациенти. И да запне негде се консултираат они меѓу себе, не се секирај, никој нејќе компликации. Јас со Ремедика немам убаво искуство, и иако Систина не ми е најомилена кога ја гледам целокупната слика кој сѐ е достапен таму да улета ако притреба - дали гинеколог или неонатолог - ја бирам секогаш пред останатите. Мене претходната бременост со стомачни грчеви на дежурен на ГАК ме испоизвадија од памет дека се контракции и дека грлото почнало да ми се отвара во 25-26 недела, со трчање заминав Систина каде излезе дека нема врска нивното.
@Autumn Love @JasminaKK Ви благодарам за споделување на искуства и мислења @Autumn Love немам никакви врски, ама ќе морам очигледно да се распрашам ако мора гак и тоа е тоа. За Систина не знам колку би можеле финансиски да го издржиме тоа. Фала ви многу навистина ми значи што одвојувате време да пишете. Многу ми се створи некоја паника и бунило Дај боже кај сите да биде ок колку што е можно повеќе во ред, а реално никој не знаеме што каде и како би било кога би било, ама барем да се потрудиме најмногу што можеме.
@fragaria да сум на твое место, би видела на форумов кој е добар доктор од ГАК кој го фалат. Јас мислам дека Ќаев е ОК, но верувам дека и други има што ги фалат. Ќе закажеш секако, ќе кажеш што те мачи, за него барем верувам дека ќе ти посвети внимание. Јас лично не би одела во Систина, некако сум посигурна во ГАК, но секако, секој како си сака и може. Битно е и ти раат да си, а не да си под стрес, ко шо кажа @thinkerbell Јас ако ги немам сите специјалистички клиники до мене, раат нема да бидам. Секако, тоа сум само јас.
Поради миом од 10-11цм До сега го следевме и ок знам дека е страшен ама никој не му обрна премногу внимание оти е накај стомак Појдов на преглед на клиника за патолошка И докторката ме испаничи како ќе бил пораѓајот со толкав миом може ќе требало да не спасуваат итн оти не сум го оперирала пред итн итн Реално пред бременоста беше помал и ми беше кажано дека не е најризичен ама дека секако миомите не се предвидливи Реално има многу жени со миоми и сите ги водат внимателно и така треба ама повеќето колку што знам немале посериозни последици е сега сѐ е сепак индивидуално и тоа е реалноста А рано е да знам за други ризици (Освен што имав хематом што помина, имам мутации и примам клексан ама не знам дали тоа само по себе е ризик засега) А и не ми кажаа ништо друго во врска со другите параметри( ехо, постелка, грло...) само кратко ок И за жал мене сериозно ми се врза тоа во мозокот и ми се направи паника не можев два три дена да спијам од што мислев како ќе искрварам до смрт или ќе останам без матка не дај боже или не сакам ни да помислам за бебе и сл. И така паниката ме натера и тука да прашам Можеби некој знае нешто па ќе видиме А секако ќе разговарам со доктори ќе видам мислење од други
@NewMember23 ти благодарам за предлогот Ќе разгледам кој ми се опциите Се надевам дека нема да треба пред 30 Нед да имам потреба од било каква интервенција Ама морам да видам убаво што како ми се опциите, мислам дека само така ќе ми се смири паниката.
Ako ne se lazam doktor Zoran jovanovski od remedika ima operirano carski so miom od 30cm. Mislam deka taka mu beshe imeto, ama ova citav pred nekoi 6-7 meseci. Ako sakaah ke pobaram i ke ti kazam
Значи од едно вакво мислење од докторка не треба да си правиш стресови и филмови. Многу зависи каков е миомот, како расте и каде е позициониран. Најди си доктор на кој ќе му веруваш и кој ќе те води. Дали ќе е тоа некој во Чаир, на Гак, матичен или приватно е твој избор. И понатаму ќе ти дава насоки што и како треба да правиш. Пристапов на дотичнава докторка не го ни коментирам Слични ситуации сум имала таму
Во Ремедика пред некој месец и јас читав за операција после царски ама на циста на јајникот што е поинаква процедура Не знам како се викаше докторот можеби е истиов Миомите не се вадат никако при царски од ризик на крварење Е сега исто е битно некој да ме следи и да одмарам колку можам оти самата тежина во бременоста можно е во ретки случаи да го истурка бебето Што јас се надевам дека нема да е така кај мене И за бременост можно е да направи проблеми а може и не Во Ремедика се многу стручни за вакви работи и затоа го разгледувам како опција по се што сум читала слушнала за нив ама не знаев дека не примаат пред време или ако има голем ризик друг Фала ти многу секако за одговорот
@fragaria Јас бев со толкав миом во бременост. За Ремедика немам појма како е. На ГАК покрај факсот знам дека има врвни доктори. На сите го препорачувам др. Ќаев, кој е на патолошка доктор. Ретки се докторите на ГАК кои ќе ти обратат внимание како што треба, без да бараш врски или да познаваш некој. А од лично искуство, можам да ти кажам дека во Систина си во сигурни раце. Јас цела бременост кај др. Димитров во Систина ја водев, и имам целосна доверба во него. Јас бев и со миом, и со повеќе ендометриозни цисти на јајници. Ако сакаш дополнително мислење, ти го препорачувам докторот од се' срце. Систина имаат топ опрема и тим и за ризични бремености, и порано родени бебиња, и за се'. За Ремедика имам слушнато дека не примале за пораѓај пред 36та недела, така нешто. Во Систина не е таков случај. И знам дека е тешко, ама не се стресирај, или лоши филмови да си правиш во глава. Со тоа ништо нема да се смени на подобро. Со лесно и се' ќе биде супер, верувај!
Навистина искрено ти благодарам многу што одвои време да пишеш Оти ете си имала слична ситуација Верувам дека ќе биде ок и се надевам на најдобар исход. Ама паниката си го прави своето и навистина сакам да прочитам искуство од некој и од негде да почнам со инфо, па секако ќе одам на преглед кај некој па ќе видиме Оти реално слушај паталец, не гаталец. Ви благодарам на сите И @Kala22 што те означи