134000пишува на флаер, поволности 20 посто попуст за втор порајѓај, сместување во еднокреветна соба, вечера со мм, бесплатни прегледи после 36та недела со уплатен капар
Што е ризикот? Добар доктор после 34та недела и во приватните болници пораѓа имам неколку примери околу мене … другарка со преекламсија во 35та недела во систина, друга другаркс со 17мм грло од 25та недела издржа до 36та и породена природно во систина
Мислам дека освен ситуација кај што треба крв, плазма.. ситуации кај што може пациент да изгуби многу крв. Друго све породуваат. Единствено е за бебето негата. Систина е скапа ако треба инкубатор. На Гиникологија тоа е предност имаат добра неонатологија нега за бебето.
За сите што прашуваа а воедно и јас, тие 7900 што се плаќаат за припреми за пораѓај во Ремедика не влагаат во цената за породувањето, односно не се одземаат од истата на крај.
Па како вака различно кажуваат не ми е јасно. Мене ми рекоа овие 7900 не влагаат во цените за пораѓај и ај сеа хахах Таму кај со наплаќаат таму прашував.
Исто и мене ми кажаа, дека не се одземаат на крај. Иако, во проспектот што го даваат не ги пишува овие 7900, односно прегледите после 36та недела спаѓаат во сумата за пораѓај, ама нејсе.
Ако е 133 за доплата на тие 7900 тогаш значи се одземаат сепак. Во проспектот за царски вика 140900 денари.
Платив 7900 на подготовка, јас ја имав во 34 недела и од тогаш почнав и со цтг според индикации од докторот (инаку по правило од 36). За доплата имав 133.000 на испис + доброволни прегледи што си ги правев за бебето како ортопед, слух, кардио скрининг. Царски е 140900 вкупно.
Женски во среда сум на прво цтг во систина, ќе влегувам во 36та од четврток како е процедурата секоја недела закажуваат цтг до крај? и кога го прават тој првиот преглед со рака да се спремам психички
Да, од 36-37 зависи како ќе се погодиш на преглед па до крај секоја недела ехо и цтг, а преглед со рака зависи од докторот, ако немаш болки и контракции на цтг не прават.
Mene prvo na 36ta nedela mi zakazaa pa na 38ma na toj vo 38ma imase so raka pregled ama nisto strasno proveruva samo dali si prst,dva otvorena...jas bev 2 prsti otvorena pa nareden pregled vo 39ta bese i togas bev 3 prsti otvorena
Јас на 3-4 дена одам на цтг од 35 недела, прв преглед со рака ми беше околу 36та недела на крај мислам или 37 почеток, иако немаше контракции на цтг. Не беше престрашно, малку непријатно ама очекував да е полошо искрено утре сум пак на цтг па ќе видиме дали ќе има и рака Уште ова, ми нагласија да сум јадена пола саат-саат пред цтг за да е размрдано бебето
Здраво, би сакала да ве прашам за искуства со гинеколози во Жан Митрев, Скопје? Кои би ги препорачале? Исто, бидејќи се нови со породувања, имате ли некое искуство? Како сте задоволни? Доста се поевтини од Систина, само дали е добро?
Конкретно за прегледот со рака најчесто околу 38ма го прават освен ако нема индикација за порано. Иако сум во Ремедика пак мислам исто си е со прегледите. Мене матичната ми покажа “финта” и навистина ич не ме болеше, еднаш ме прегледа она пред некоја недела нешто се сомневаше па као ај да е посигурна. За тој преглед се седи на тие баш гинеколошки столчиња што се ко за земање брис. Ми рече да ги стиснам дланките во тупаници и да си ги поставам позади на грбот кај што обично има дупчиња таму доле над гаќите. Некако колку да се потпреш малку за понапрчен да е газот така некако ќе му дојде. Ич ама ич не ме болеше така прегледот. А со првото на пораѓај 4-5 пати ме проверија буквално плачев посебно последниот преглед. Тогаш лежев на обичен кревет може сепак има врска положбата на телото.