Леле истово ни го кажуваше Јасна на часовите од Бебелогија и скроз го изумив, утре сум на преглед и сто посто ме чекаат прсти така да ќе пробам
Исто сакав утре да отидам до зегин да земам и од ова маслото за перинеум да почнам да масирам .. читав инструкции и доста жени што викаат дека влијае
За Систина не знам, ама сигурно слично е во секоја болница. На прво цтг бев во 36та недела, па крај на 37ма, и имав закажано крај на 38ма пак ама се породив 38+5. Мене првиот преглед со рака ми го направија на првото цтг, не болеше ич. Ама кога ме фатија контракциите и кога стигнав во болница 5 прсти отворена и кога ме прегледаа , ми се чини поболно ми беше од самите контракции. Не знам што беше работава што премногу ме болеше. Дали многу се стегав, дали па заради контракциите нормално е така да боли, важно тоа беше ужас . И во текот на денот уште неколку пати ме прегледаа нормално да знаат до каде сум , абе кога идеше време за тоа ми се чинеше од прозор да се фрлам. Убаво те утешив знам хахаха , ама секоја жена различно. Може тебе нема да ти биде толку болно. Не потпирај се на моето искуство или на било која жена. Со лесно мами , уште малку ќе се гушкате со принцезата!
И јас се спремав да пробам и стигнав до 38+2 и сега џабе ми е веќе Иначе ни јас не сум имала преглед со рака до сега. Само ЦТГ од 37ма.
Денес читав баш за маслово … шубе ми е дека всушност се масира околу отвор и се става палец во вагина … природни масла се ама и мене ми е шубе ради пх вредност на вагина и слично ама ваљда знаат што нудат на пазаров и мн позитивни приказни исчитав … како лубрикант вероватно ќе дојде ќе пробам па што биде биде ќе раскажувам
Кај мене обратно беше. На тоа гинеколошкото столче не знам колку ѕвезди избројав, жена доктор Пред царскиот пак ме прегледаа, зошто не знам, мислам дека немаше потреба, секако бев за царски, скоро па ништо не осетив, на обичен болнички кревет, доктор маж.
Епа тогаш очигледно нема правила. Ако успее некој да си најде положба да не го боли супер. А сигурно и до докторот има врска некои имаат погруба рака. Јас на пораѓај ѕвезди броев, не знам може многу се стегав и бев упаничена.
Јас по препорака од повеќе страни од 12та недела одам кај др. Јорданчо Иванов, и тој и ќе ме породи здравје за некој ден. Вака ептен сум задоволна од пристапот и односот
Јас најверојатно ќе морам со закажан царски деновиве и малку ми е страв. Некоја што била во брзо време со закажан царски во систина, која е процедурата отприлика, како поминавте?
Јас бев со закажан царски, таму и ја водев цела бременост. Штом ќе потврдите термин со докторот одиш еден ден предходно на прием околу 18 часот. Тогаш имаш цтг, разговор со анестезиолог и не памтам дали беше и лабораторија. Точниот саат не е дефиниран за кога ќе биде царскиот, наутро знам имаат состанок и тогаш дефинираат (така барем ми кажаа). Јас бев единствена тој ден (дека петок 13 беше ). Супер поминав искрено. Ако нешто друго те интересира слободно пиши
ееее супер, ти благодарам вака задоволна беше од третманот, негата после тоа, односот на персоналот, храната? И јас од почеток водам бременост кај нив и до сега стварно сум презадоволна од се, ама убаво е вака да се слушне од некој од прва рака искуство
Водев бременост кај неа и имав едно породување. Комплетно незадоволна сум од докторката. За следните бремености ја сменив. Инаку, во глобала само за породување и не е толку важно кој лекар ќе е зашто акушерката завршува речиси се од почеток до крај, докторот следи отстрана за евентуални компликации. Јас сега сум договорена со Корнелија но ќе идам кај кој и да е дежурен (освен Гордана )ако она не е на смена, буквално сеедно е.