Водев бременост кај неа и имав едно породување. Комплетно незадоволна сум од докторката. За следните бремености ја сменив. Инаку, во глобала само за породување и не е толку важно кој лекар ќе е зашто акушерката завршува речиси се од почеток до крај, докторот следи отстрана за евентуални компликации. Јас сега сум договорена со Корнелија но ќе идам кај кој и да е дежурен (освен Гордана )ако она не е на смена, буквално сеедно е.
Презадоволна ама најискрено сите беа фини и коректни. Бев преплашена ноќта и утрото пред царски, сите до една од сестрите ме тешеа и доаѓаа кога беа на смена да проверат како сум и како сум поминала. Болничарките исто првите станувања беа со нив, внимателни, сочувствителни и со големо трпение. Сестрите кои се кај бебињата и тие се сите супер, само повозрасните се поискусни и повеќе можат да помогнат околу доењето. Околу храната исто немам замерка, јас не сум прибирлива во принцип ама мислам дека беше одлична дури и количински многу. Супите ми беа омилени
Јас имам убаво искуство мн.Ми ја водеше цела бременост и ме породи(царски).Мн ме опушти за време за царскиот, муабет ми правеше за шминки,одмори.Се јави на маж ми веднаш за да каже дека сум се породила.Цела бременост беше мн фина со мене,коректна,трперлива.
Во 38ма ми го направија мене првиот преглед со рака. Не беше страшно првиот пат, особено ако не се стегаш не е многу болно ама затоа прегледите после дур се отварав на порагај беа болни за мене. Мислам пробуваат повеќе да доотворат за побрзо порагање и затоа поише боли ( т.е повеќе прсти од што си… бар мене ми беше така )
Вчера куртулив ама за 2 недели сум пак на преглед тогаш сигурно цтг релативно мирно беше 3 контракции означи ама до 60 одеа ништо посебно, цервикс затворен од денес официјално 36та недела 9ти месец може да почнеееее
Здраво имам прашање, др. сака да ме породи 3 дена пред краен термин, отворена 3цм без контракции, дали е океј или е подобро да се чека до краен термин?
А која е причината што сака да стсви провокации ако не е поминат краен термин? Плодова вода, протоци, плацента… да каже причина