Др Афродита ме прегледа во ремедика на високиот стол не е баш бокс да кажам и не осетив воопшто болка малку притисок и вика 3прсти отворена, после на Гак доле на прием во дежурна амбуланта исто Др Адриана Буклиоска исто на бокс ме провери немав болка воопшто и она рече три прсти. Ее после тој ден ај сабајлето на визита вика демек преглед да се види дали сум се отворила уште и Кочоски ме провери пак на бокс и многу ме болеше, многу стискаше, и ме раскрвари цел ден кога се бришев таму имав крв. И тоа зависи кој и како ќе провери.
Девојки, тие што ќе се пораѓате во Систина, од која недела треба да се закаже, дали претходно треба да се уплати аванс, дали се договара доктор за пораѓај претходно, со оглед што мене ме фаќаат одморите. За 2 недели сум на преглед секако ќе прашам, но убаво би било и претходно да се информирам.
Isto i mene me interesira za remedika, i mene me fakjaat odmori. Dali koga zapocnuva procesot jas i pishuvam na doktorkata ili samoo odam a tamu ja izvestuvaat, i dlai elako e na odmor prethodno dogovarame koj doktor bi prezemal ili toj shto e na smena ?
Ние направивме депозит од 15.000ден на почеток на 8ми месец. Со тоа добиваш -10% на прегледите и ид 36та недела се бесплатни и вклучени и цтг прегледите. Во систина добив и картичка со попусти во нивниве ресторани -20% во сушико и салваторе. 3 месеци претплата во фитнес центарот пост породилно и три масажи во бременост за кои немам време закажано е се многу однапред ми рекоа кога прашав. Со докторката генерално сум договорена со тоа што пред два дена ми кажа дека има некои денови во јуни кога ќе биде надвор од мк некој стар одмор вероватно па сега што биде нека биде.
Јас и се јавив кога тргнав накај болница. Во истиот момент тргна и она бидејќи не беше на смена. Ме превзема Ефремовски додека дојде мојата докторка (ептен ме смири! Секоја чест за докторот); додека ме спремат на бокс дојде докторката. Сакам да кажам дека за додека стигнав во болница и се породам поминаа 20 мин. Се беше брзо. Затоа ти тврдам кај и да е докторот ќе дојде до болница да е со тебе
На првиот пораѓај бев со провокации, ме прими докторката Афродита која и ми ја водеше бременоста. Неа и завршуваше третата смена и си замина дома откако ми стави провокација и ме прегледа. Нон стоп беше во контакт со другите доктори што беа на смена. Истерав и прва и втора и трета. На трета се погоди доктор Симонида каде што околу 1 часот по полноќ се одлучи да ме породат со царски бидејќи не мрднав ни милиметар а почнаа да паѓаат тоновите на бебето. И јавија на докторката да дојде, а пред мене имаше итен царски. Веднаш после тоа мене ме породија, во 4 веќе бев во сала. И јас мислам кај кој и да одиш доктор ќе дојде штом му јавиш/јават.
Прибор за лична хигиена што и да си користиш, еве јас имам ставено четка и паста за заби, чешел, брич, влажни марамици, купка и шампон, мало кремче, лабело и стик. Дополнително мрежасти гаќи и вир влошки иако има таму ама ај за секој случај, влошки за гради за излегување највеќе. Тоа знам ми требаше и првиот пат. И полнач за телефон.
За бебе ништо не носев. Дента кога излегувавме маж ми донесе тоа што имав спремено за облека, ќебенце, цуцла. Толку колку до дома да стигнеме. А за во болница ништо не носев.
Јас мислев некоја тетра пелена, цуцла лажливка да земам за по пат од систина до дома или за таму додека сме. Исто многу другарки ми рекоа маст за брадавици од медела пошто на почеток не знаат да фатат и се разрануваат градите… ако ви текне нешто друго кажувајте ја утре планирам да се пакувам
Пред 10м породена... Посета мислам беше од 17-18ч. Кога е време за посета, бебето го зимаат кај другите бебиња.. не го оставаат во соба. Кој и да дојде, преку стакло го гледа..
А посети во систина како се? Маж ми и брат ми само би дошле секако никој друг зошто мислам дека и бебе во соба оставаат од другарки што имам слушано може и грешам
Бебето може колку сакаш да си го оставиш да седи со тебе, јас со саати си ја чував. За посети, од сабајле до вечер може, до кај 20ч сигурно. Јас бев сама во апартман, си уживав со бебо.
За таму не ти треба за бебе ништо, а за до дома секако што сакаш. Јас ланолин не носев ми дадоа таму. Ама сега спакував, сум заборавила да го набројам ете. Дури и силиконски брадавици даваат ако ти требаат. Цуцли и што и да треба за бебе има таму нон стоп ги стерилизираат. За по пат за дома е башка приказна.