Па не дека не е баш згодно, бебе тука, цимерка тука, а посета од сабајле од вечер. Затоа е и таа забрана за посета во Ремедика. Бебето е кревко, нежно, не треба да се изложува одма на толкав ризик од вируси, бактерии итн. Кај мене доаѓаше само сопруг на пола саат, бев со цимерка. Бебиња за тој период не беа со нас, што и беше подобро. Инаку останатото време бебе беше цело време со мене, дури и ноќе.. За апартмани незнам како е... Но за со цимерка во Ремедика, вака е..
И јас се согласувам за ова потполно. Ич не би сакала да ми седи некој непознат по цел ден додека ми е бебето старо неколку дена и пробувам да дојам, тече млеко на сите страни, крвариш итн. Затоа и втор пат ја одбрав Ремедика. Со првото се породив при крај на корона и немаше посети тогаш ич. Искрено не ми ни требаше некој шо ќе ти прави. И сега му реков на маж ми ич не мора ни да доаѓа поготово не секој ден освен ако толку многу сака.
Јас се пораѓав 2023 и тогаш беше така. Инаку да, во право си, јас од сите тие причини си сакав сама. Прв пораѓај и сакав сама да си бидам, по опуштена сум така. И приватност и бебе до мене да се учам за доење итн. И кај мене доаѓаа само нај нај блиски, ако бев сама. И тоа маж ми дали по час седеше. Јас со бебето си седев со саати, тоа ми беше зборот. Е сега, и посетителите и родилките според мене треба да се свесни кого викаат на посета, а овие што доаѓаат да се со осет колку седат. Пак ќе кажам, маж ми беше татко па едвај саат седеше а можеше цел ден што се вика да седи. Не знаев дека во Ремедика е така.
Затоа викам и апартман е друго... океј е и да може да дојде да поседи мажот повеќе... Веќе интимноста е друга, можеш да доиш кога сакаш, можеш да седиш како сакаш. Во сред лето, јас непокриена цела бев со тоа разголените спаваќи Кога ќе дојдеше и на тој пол саат мажов на цимерката, се покривав и едвај чекав да се отскријам
Јасно, нема споредба во тоа, апартман и соба со цимерка. Работава е да не се погодат на цимеркава некои без осет па по 6 саати да си седат што и не е баш за смеење. Ми раскажуваше другарка, во соба со цимерка, е така со саати седеле без осет, тотално непријатно, се нервирала тие неколку дена. Тоа е општа култура и чувство за родилката и бебето, не е диско, болница е. Еве во Систина и да дозволуваат толку посета, тоа треба да не се злоупотребува. Ја зима бев со парненце ти можам да замислам на жештините па и со посета во соба леле
Имаше климааа... ама па 30ти јули, средина на лето баш Гледавме со цимерката па да не е ладно за бебињата и да не дува мн климата и правевме појачај смали
Се уште во Систина е така, без разлика дали си во апартман сам или со цимерка. До 20:00 часот се посети и бебето не го зимаат. Кај мене сопругот беше еднаш таква беше ситуацијата имаше пред тоа оперативен зафат, моите доаѓаа после работа на пола саат-саат. Последната цимерка два дена се погодив со неа, без осет, дремење до доцна со изгасени светла, шетав низ ходник.
Во Систина посета е од 10ч до 20ч. Јас бев во апартман и немаше ограничување кој колку ќе седи. Мајка ми и татко ми заедно доаѓаа и седеа по цел саат. Маж ми исто по саат, два седеше ради детето дома, инаку цел ден можеше. Ама освен мајка, татко и маж и брат ми еднаш, никој друг не дојде, јас не сакав. Во еднокреветните беше постегнато. Само по еден можеше да влегува и тоа на 15-20 мин. Инаку таму даваат ланолин, влошки за гради, пумпа ако треба.
Педијатарот ѝ се испонашал на сестра ми кога се породи. Не се сеќавам точно како беше ама баш знам искоментирав дека за таа пара што ја зимаат треба попрофесионален однос и убаво да објасне особено ако е прворотка.. Јас го сменив мислењето за Стојан после таа расправија на фб со Таше од Плодност.
И двајцата беа "добри" , и Стојан и Таше, катастрофа, како две баби на чешма а не високо образовани луѓе. Мене Стојан ми ја водеше бременоста, не можев да си поверувам дека е тој човек. Ептен сменив мислење.
Леле колку сум се смеела за тоа хахахахах. Па триста видеа за породување во вода па еден куп објаснувања. Ептен невкусно и непотребно карање меѓу доктори. Тоа само кај нас го има хахах.
Да дадеш 2500е за пораѓај и да се нервираш во соба ако ти се погоди цимерката без осет... Треба да биде регулирано од страна на болницата времето за посета да биде 1 час. Ремедика се супер по таа работа, ама Систина што сакаат да постигнат стварно не знам. Некако многу е непријатно во таква состојба со рана, гола само на спаваќа, со болни гради, ненаспана, и некои непознати да ти седат во соба по 3 саати.
Се породив во Ремедика минатата недела и ни кажаа дека од таму поднесуваат барање за извод на новороденче, дека ние треба само да си го подигнеме. Истово ова ми го кажаа и пред 3 години кога се породив со првото ама барање немаа поднесено. Дали некоја скоро породена во Ремедика може да ми потврди дека е стварно вака или сепак треба сами да си поднесеме барање?
Болниците ги пријавуваат новороденчињата, ама мислам дека тоа не е исто со поднесување барање за извод. Може сум грешка, ама мислам дека мора родителите да си поднесат барање.
За Ремедика не знам мила, јас се породив во Плодност и исто ми кажаа дека ги пријавуваат само , а за извод ние сами си средувавме.
моментално сум 31+3 кога е најдобро да се јавам да закажам со доктор за пораѓај во систина и воедно да си уплатам капар и да почнам цтг, дали одма пресметуваат 10% или треба да им напомени докторот на тие од шалтер? п.с не сум од Скопје па сакам со едно идење да завршам
Грешно си сфатила.. Они пријавуваат дека имаат новороденче, а ти поднесуваш за изводот. Можеш да поднесеш и електронски..
Сакам да го споделам со вас моето искуство со Органџиски бидејќи видов една феминка прашуваше за нив.Се породив во јануари и бев во тесен круг дали да одам во Систина или во Органџиски, но пред да се решам многу читав ваши искуства за скопските болници. На крај сепак се одлучив Органџиски поради искуство на моја блиска пријателка која исто пред неколку месеци се породи таму и беше презадоволна. Морам да ви кажам дека си ги оправдав очекувањата, навистина преубаво место со одличен персонал! Се беше на највисоко ниво од моментот на прием, до секојдневната грижа за мене и бебето. Атмосферата е топла и опуштена, се чувствував безбедно и згрижено во секој миг. Докторите Органџиски се врвни професионалци и вистински човечни луѓе, а сестрите се внимателни, трпеливи и секогаш подготвени да помогнат. Бебето ми беше секогаш згрижено, повиено, чисто и мирно, како да е нивно го третираа. Хигиената, храната, односот се беспрекорно. Јас си спремив торбичка пред прием но таму имав се од нив, од ноќници, влошки, четка и паста буквално се што ми беше потребно.Исто и за моето бебе. Собите им се еднокреветни, беше убаво чувството сам да здивнеш после се Сестрите се постојано достапни, имав тастер во соба и секогаш кога имав потреба беа до мене. На исписот ме средија убаво, ми направија и фотографии, добивме и подароци. Си одиш како кралица Имав два бесплатни педијатриски прегледи и еден гинеколошки за мене по породување. Од срце ги препорачувам, здравје кога ќе дојде ред за второ нема да размислувам два пати. Читав и јас коментари со Таше но сепак тоа е помеѓу нив и не ги дефинира како доктори. Цел персонал им се професионалци, од доктори до сестри, хигиеничарки баш сите! Конкретно доктор Стојан е многу мил човек, докторката Верица исто така ме посетуваа секој ден и на пораѓај толку беа насмеани, позитивни сите заборавив на стравот што го имав а имав многу !