и јас имам таква навика хахаах. ми беше на визита еднаш, ништо подобро не се однесуваше. чудно ми беше зошто знам многу пациенти има, си велам само со мене ли вака човеков
Абе во секоја приватна клиника ќе се погоди некој таков. Јас и од Систина со Климентина Кузеска имам одвратно искуство,се погоди дежурна кога бев бремена. Многу антипатична жена. И тој Стојковски е дрзок некој, а?
@alisijad @wannaBeMomma зарем со болки седиш во соба со цимерка? И клизма и се ти прават во "друштво"?
Јас па мислев во соба те враќаат после чинот. Снаа ми во ремедика седеше во посебна просторија, па после пораѓај ја однесоа во соба. Мислев и во систина е вака. Баш е глупо ова. Јас цела ноќ може со болки да сум, а на неа да и се спие. Башка цтг вклучено.
Да јас кратко бев во соба, додека ме средат, земат крв, после ме качија горе кај што ми ставија провокација и бев сама горе во соба со мм, тогаш мене ми почнаа болки, митко доагаше ме проверуваше со рака, ми пукна водењак и одма боксот беше до предроднилната. Незгодно е, цимерката си седи таму , тебе клизма ти ставаат земи си еднокреветна најубаво, јас сто пати се покајав што не зедов, ај првата цимерка си отиде веке беше породена 3 дена пред мене , ама втората што ми дојде цела вечер слушав цтг како свири, само ги викаше сестрите, маж и доагаше на посета тој ден кога му текне, срека само еден ден бев со неа па си отидов дома. Да додадам дека подобро е во соба да си седиш, јас додека во предродилна бев слушав две што се порагаа , буквално се се слушаше и што зборат и плачот на бебето и врискањево на жениве, можеш да замислиш како ми беше да слушам се тоа
Еднаш на итно кога отидов порано во бременоста ради болки он се погоди и ми изгледаше дрзок да, некако озбилен. Па кога решив да раѓам таму, он се падна да ме гледа на прва контрола и ај викам ке одам кај него... пак прв преглед изгледаше озбилен А кога веќе станав негов пациент некако веќе беше повеќе опуштен, дури и по некоја шала кажуваше, достапен за мене цело време, сам и рече кога и да раѓаш јас одма ке дојдам кај и да сум и така и испадна Често доаѓаше да ме види во соба и рече што и да имам мака да го побарам да дојде, додека цимерката друг ја имаше породено и еднаш само и дојде. Мене ми беше супер докторот, може само со неговите пациенти е добар И беше понежен од другите за вагиналните прегледи... додека оној Димитров или како и да е, душата ми ја извади кога отидов итно, раната од првиот пораѓај ми ја напукна А инаку двокреветни се собите и за пред раѓање кај што се лежи, но нема многу што раѓаат (Систина има повеќе), па јас бев еден ден таму сама во соба.. а после раѓање ми ги префрлиле стварите во друга соба со цимерка си бев од старт, една си отиде, одма друга дојде
Аааа е ете имало и еднокреветни, незнаев Може зафатени биле па ме ставиле во двокреветна... бев после шалтерот одма..
Епа јас сум била изгледа во собите за породени веќе зашто слушав гласно бебешко плачење, немало слободно таму напред изглеа
Нема никогаш да разберам како мислите дека помагате со кажување на ваше лично гледиште без никакви факти. Затоа форумите ја губат вредноста, наместо да помогнат. Ве читам и во неверување сум како секоја за секоја има нешто негативно да каже. Дали и било незгодно од цимерката или не. Ме интересира отприлика време на пораѓај за да споредам цени, доктор и лично искуство, третманот... и се што може да биде корисно за некој што планира да се пораѓа во некоја од приватниве болници. Нешто корисно а не кафе муабет и рекла казала...