1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.450
    Допаѓања:
    12.143
    Пол:
    Женски
    Леле, у реду е. Прекинете толку ниско да паѓате и да правите акаунти на форуми за да се рекламирате. Да, не го дефинира како доктор карањето на јавна социјална мрежа, ама се избрука за цел живот.
     
    На Madi, Mimmi39, Knizhevnik11 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.417
    Допаѓања:
    35.018
    Пол:
    Женски
    Профилов ти е од 2024 ама дојде специјално за да ги пофалиш Органџиски.
    Сигурно си некој/а вработена таму, м? :D
     
    На Madi, Mimmi39, Knizhevnik11 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Autumn05

    Autumn05 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    Леле рекламава :D како состав од седмо одделение со помош на chatgpt :rofl:
     
    На Ladyme, Madi, Knizhevnik11 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. miray

    miray Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Си го споделувам моето лично искуство е сега дали е реклама за Органџиски тоа не знам, кој како си го сфаќа :D
     
  5. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    2.768
    Пол:
    Женски
    Не знам ова погоре дали е реклама, ама јас потврдувам се што напиша членката. Настрана препукувањата на социјалните мрежи меѓу нив. Јас имав одлично искуство, пишував и претходно. Однос, хигиена, се што треба има таму. Буквално отидов само со полнач за телефон. На толку пари и не треба да биде ништо помалку од тоа. Инаку, читаат и овде, тоа потврдувам.
     
  6. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.088
    Пол:
    Женски
    Додека ми е свежо да го споделам моето второ искуство со пораѓање во Ремедика. Искрено највеќе ја одбрав и за второ пораѓање поради докторката и тие целодневни посети во Систина. Апсолутно нема потреба од посети подолги од половина час и подобро е да се во фиксен период него цел ден. Барем мене повеќе ми се допаѓа.

    Во однос на целиот престој јас сум задоволна. Храната беше за нијанса полоша од пред 3 години и иско знам дека не одиме во хотел и тоа не ми е приоритет ама на толку пари да добиеш леб и зденка само за јадење е малку очај. Ова беше еден доручек и една вечера. Другите денови ни сраснаа кифли во стомак. Ручекот само еден ден се погоди.

    Самиот царски помина прилично добро. Јас бев преплашена ама сите во сала беа позитивни и ме опуштија колку толку. За самиот царски ќе пишам подетално во друга тема.

    Сестрите беа одлични најголем дел од времето. Имаше и некои што ќе си убацеа по некој коментар глуп. Јас имав огромни ужасни болки, на морфиум бев цел прв ден и коментари од типот ајде ајде јас три царски имав летав вториот ден се тотално непотребни и не ми помагаат туку напротив ме прават да се осеќам уште полошо и да мислам дека нешто не е во ред со мене.
    Ама имаше и такви што буквално ме галеа и тешеа дека се ќе биде во ред.
    Во тое моменти кога си преплавен со емоции и трпиш ненормална болка треба да имаш најголема поддршка, а не некој да коментира беспотребно. Вториов царски за мене беше една голема траума.

    Но и покрај се јас пак би ја одбрала Ремедика и истата докторка.
     
    На Ladyme, Ani93, Калатеа и 2 други им се допаѓа ова.
  7. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.546
    Допаѓања:
    11.030
    Пол:
    Женски
    Јас во Ремедика бев цел престој сама во двокреветна соба и толку многу се нервирав што не можев да имам посета подолга од еден саат бидејќи бев ненормално многу депресивна, по цели денови плачев и уста не ми се отвараше. Цел ден бев со некој на камера и едвај чекав да дојде времето за посета да дојде маж ми да го гушкам.
    Од психолошка гледна точка, ми требаа во тој момент подолги посети, плус бев сама и на никој немаше да сметам, ама тоа е.
    Сестра ми се породи во систина и е една од тие што ги ‘мразите’ со целодневни посета.:D Мајка ми беше со неа од 10 до 20 и така уствари она стана порано од царскиот, се научи да дои, имаше помош за јадење и сл.
    Ама секој со ставот.:)
     
    На H.VAGA, Puffy2019, Mimmi39 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.354
    Допаѓања:
    31.332
    Пол:
    Женски
    Да се измешам во муабетот за Органџиски ако смеам
    Од сигурни извори ( поздрав комшивке, среќа шо не ме знаеш на Фемина која сум ) знам дека читаат по форуми шо се збори за нив :D

    Без разлика на рекламата погоре, јас имам неколку другарки шо се имаат породено таму и мене ми е само симптоматично како сите наеднаш завршија царски. Ајде еднава беше карлично. Инаку сите беа презадоволни од сестрите и општо од болницата.
     
    На Madi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    2.768
    Пол:
    Женски
    Па не ти е само тебе, дека форсираат царски тоа е точно. Јас морав царски, инаку бев договорена за природно со матичната. Таа си носи пациентки и си ги пораѓа природно.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.088
    Пол:
    Женски
    Баш кој како си преферира. Мене знам дека ќе ми смета да ми дреме некој непознат додека седам таму. Сам прај што сакаш. Еве мојата цимерка збореше нон стоп на телефон искрено премногу ми сметаше. Како ќе ти се погоди.
    Како и да е ако на некој му е важно да има или да нема посети има можност да си бира кај да се пораѓа.
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    И јас здравје се спремам за пораѓај во Ремедика, ситно бројам, исто кај др Афродита надежно да ја дочекам од одмор. Баш ме изненади за храната и сестрите. Јас лани летото лежев таму, доручекот така ништо посебно ама ручеците беа превкусни, ме прашуваа што сакам за ручек и тоа ми правеа. Сменето ли е нешто?
    Во однос на сестри мене дури непријатно ми беше колку беа фини и каква нега добив. Цело време доаѓаа и ме натераа неколку саати пост анестезија да станам полека, цело време беа покрај мене да се покренам на нозе што е можно побрзо, ме бањаа тие, ептен беа фини и грижливи, не знам дали така ми се погодиле со смени или тоа е нешто сменето.
     
  12. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    901
    некој дали знае ???
     
  13. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.088
    Пол:
    Женски
    Јас дека бев со царски па валда бев на друга исхрана ама не беше така и првиот пат. Еднаш само се најадов убаво. Сестрите беа навистина љубезни ама имаше и некои што коментираа беспотребно. Ќе
    Ти помогне не дека не ама и попатно ќе ти коментира. Толку си ранлив тие денови што баш секоја ситница може да те погоди. Барем јас сум таква. Се погоди и ептен гужва буквално преполно беше па можеби беа и тие преуморни. Последните 2 дена намали гужвата и се осети кај сите сестри како олеснување некое.
     
    На EnaEnA30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Ако погледнеме каков се кадар собра Органџиски, моја нога таму не би стапнала за што и да е. Особено анестезиолошката сестра од клиничката болница што ја зедоа. Би ја прашала дали и таму така се понаша како во болницата. Уште и се сеќавам на понашањето кое ми го направи пред лифт штотуку извадена од сала : "ти шо царица си мори, цел саат те шијат!" докторот од кумановската болница исто. Слободно нека се прочитаат.
     
    На Madi и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  15. dummy

    dummy Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    И јас сум од тие на кои им годеше подолга посета и тоа стварно ми помогна во Систина да се опоравам побрзо и ми значеше особено што со сопругот можевме со саати да ги делиме првите моменти со бебето. И на него како нов татко му значеше премногу и исто научи како да ми помага дома за да се местиме за доење. Е сега прифаќам дека не е во ред така ако имаш цимери, јас за среќа немав. Тетки, стрини исто не треба да седат со саати според мене, но најблиски како сопруг мајка сестра кои би и помогнале на новата мајка да.
     
    На Puffy2019, intj_girl и baguf4e им се допаѓа ова.
  16. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.546
    Допаѓања:
    11.030
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека психички ќе бев многу подобра кога дојдов дома со бебето ако имав подолги посети од сопругот додека бев во болница. Иако сум задоволна од целиот медицински персонал, друго ќе беше да можев да седам со него или мајка ми. Во огромна соба бев сама 4 дена, млеко не ми надојде никогаш, имав болки од царски, не станував ни до вц, трпев по цел ден и ништо не јадев. Тој еден саат кога ќе дојдеше ми беше хајлајт на денот.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dummy

    dummy Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно многу ми помогна психички дека си седеше долго сопругот а и физички дека со царски. Вториот ден дека се спремаше тој за мекици и ненаспан од иницијалното славење дојде само на кратко и тоа негде покасно накај 3 часот, па јас чекајќи го паднав во депресија дека ни никој друг не ми дојде - цел ден сама. Исто немав млеко се уште, бебе почна да е нервозно дека гладно и имаше плачки а јас сама нова мајка со хормоните хаос. Е плус тој ден ко за беља бев со цимерка, а неа и дојдоа неколку луѓе на посета што уште по тапа ми направи, се затворив со тоа завесите и некако издржав…
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.450
    Допаѓања:
    12.143
    Пол:
    Женски
    Јас на Гак, пукнав од депресија. Цело време пишував или му вртев на маж ми. Мислев ми се смалуваат ѕидовите и викнав психолог, не можев да издржам повеќе, скренав и се убив од плачење. Ме товеа сокови да пијам за побрзо анестезијата да ја исфрлам, немав сила да станам од 4та станав… плачев секој пат кога ми кажуваа дека не ме пуштаат уште… 6 дена бев. Во државно па ич нема посета, со цимерката што ќе си направиш муабет и толку.
     
    На Ladyme, Puffy2019, intj_girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    2.911
    Пол:
    Женски
    Корисни информации споделивте, кои ете многу ќе ми го олеснат изборот понатаму. Дефинитивно не сакам да ми доаѓаат и мене по цел ден ниту пак да слушам целодневни посети од цимерките. Се зависи од личноста, сите сме нели различни, и можам да разберам дека ни треба посета ама целодневна е too much со оглед дека може да ми се погоди цимерка на која ќе и се наредат тетки и стрини. Доволно е пола саат или саат само за мажот и мајката.
     
    На Bu_bi, wendy2 и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  20. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.546
    Допаѓања:
    11.030
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа што го зборам. Можеби да имав цимерка ќе се замуабетевме нешто и ќе ми поминеше денот, вака бев сама цел ден, ќе ми го донесеа бебето да ми го наместат на града, тоа сирото со жолтица ни цица ни бутур, јас ни колострум немав не па млеко, вришти како да го колам, не можев да се наместам од што ме болеше, само ѕвонев по сестрите. Баш спротивно од популарното, јас не сакав да е со мене бебето цело време, како да бегав од неа тој период сега вака кога се навраќам. Имам пишувано во соодветни теми дека на почетокот воопшто не се пронајдов ниту се врзав со детето од прва. Кога ќе зинеше да плаче одма ѕвонев да ја земат и го замарав маж ми со пораки. Буквално до минута одбројував 16:00ч да куцне да дојде да го изгушкам
    Сега ми е како далечно минато искуството, малтене дури смешно ми е како сум паѓала во транс за банални работи ама во тој момент ми беше претешко. Не знам дали се класифицирам како лигла или така едноставно сум се чувствувала во момент осамено.
    Можам да замислам како ти било без ниедна посета.
     
    На H.VAGA, xxx-ba, Puffy2019 и 1 друга личност им се допаѓа ова.