Воопшто не си лигла, претешко е тој период, и никој не се поврзува одма со бебето, покасно доаѓа љубовта. Јас исто викнав да ја земат еднаш, зашто стварно не можев повеќе, се осеќав ко немајка дека ги барам да ја земат, ама ќе крахирав од што не можев да стојам. Цело време плачев, му звонев на маж ми и плачев, многу фина цимерка имав, кутрата ептен ми се најде, ме тешеше.. нејзе второ и беше. Кога ми кажаа дека ќе си одам, од среќа во 1 по полноќ му се јавив на маж ми.
Само мене ми беше супер што бев сама во соба и без посета? Буквално како во хотел бев, си се одморив, јадев убаво пошто во бременост малку јадев, вц-то беше само мое па се туширав кога сакам и колку сакам. Искрено и јас некогаш едвај чекав да го земат… мислев само мене ми било така
И мене ми беше супер сама. Јас не можам да поднесам да ми седе некој до мене цел ден и да слушам муабети. За бебето, да. Го носат, го гледам, не знам како да го земам, боле рана, боле глава, врат од анестезија. Тешко е на почеток.
Мене освен еден ден грбот, друго не ме болеше. Бебето само го гледав и сликав, толку! Сестра ќе дојдеше за доење да ми го намести, пак ќе дојдеше да ми го земе. Тешко беше, не знаев што правам и што да правам.
Убаво ми беше од перспектива кога ми се местеа цревата после операција па си пуштав гасови без срам. Првиот ден си реков супер, сама сум во соба, ама после тоа си останав сама со мислите кои некако ме совладаа дека сега сум мајка, назад нема, како ќе се снајдам, ќе го сакам ли ова бебе. Милион прашања без одговор во главата имав и немав со кој да прозборам ни збор, па така си плачев. Јас сум ти човек што ужива сам, живеев сама 5 години и преубаво ми беше, ама во таков момент психичката состојба е една таква непредвидлива работа што јас сум просто запрепастена како успеав да се најдам среде таква бура од емоции што не можев патот да си го најдам. Додека бев бремена некој да ми кажеше ќе бидиш сама во приватна болница, сестрите ќе го земаат бебето на копче, ќе си нарачуваш храна од мени и ќе си цоцкаш сокче со сламка цел ден, ќе го частев од среќа. Откако се породив ми се случи хаос со психата што го средував 2 месеци.
Можеш кога сакаш да отидеш, со тоа што колку порано отидеш толку порано ќе можеш да си ги користиш бенефициите (10% попуст на прегледи, бесплатни масажи...). Ако нема индикации за предвремено породување, со ЦТГ почнуваат 35-36та недела, од тогаш и прегледите се бесплатни. Одма во систем си се регулира тоа и автоматски се пресметува, не треба докторот ништо да напоменува.
Леле јас кога се навратам се осеќав како царица сама во соба, јас не сум муабетчика, па среќа сама си бев. Е бев многу возбудена, не спиев скоро ич тие 3 ноќи, јас општо не можам на друго место да спијам не па штотуку породена. Сестрата дури ми рече сакаш диазепам да спиеш, викам не не. А за јадење ви се чудам, јас ич немав апетит само човкав од јадењето и сестрите ме караа дека не јадев ама стварно превозбудена, испаничена не ми беше до јадење ич. Последната ноќ ми го донесоа бебе сакало многу во раце, а јас капната веќе за сон. Е затоа дома уште првата ноќ фешти правев на маж, бебе плаче, јас рикам. Уште одма имаше јаки грчеви. Па не може да фати да цица, една недела си рикав поштено, а уште една година не сакав дома човек да ми пофати дете . Маж тогаш за прв пат доби желба да се фрли од тераса Не знаеше мене ли, бебе ли да смирува. Сега ми е смешно ама тогаш
да работата е што не сум од скопје и сакам со едно идење да се договорам со др за пораѓај, да почнам цтг ако треба и да оставам капар. другарка моја се поради пред 3-4 месеца наводно и направиле проблем на шалтер за тие 10% дека не може веднаш да ги користи па ургирал докторот... планирам утре да се јавам да закажувам се надевам дека сум ок со време
Јас сум општо човек малку што јаде, ама јадењето во болница ми се виде највкусно на цел свет, сум јадела до последен залак и едвај чекав следен оброк и еве сега втора бременост баш на мајка ми и зборев едвај чекам да се изнајадам таму колку ми беше вкусно И се изнаспав, секоја прилика што ја имав спиев, се укочив на креветот ама бев преуморна и само заспивав..
Не знам како биле во клиничка овде беа коректни сите и љубезни. Односот им е многу пријатен не можам да се пожалам. Тоа што бев сама во соба исто огромен плус, имаш комфор и слобода да се опуштиш на раат. Никому не сметаш, никој не ти смета
Devojki kolku nokevanja ima vo Sistina ako si so carski? Vecerta pred carskiot i plus ushte cetiri noki ili kako?
За мене уште од 2019 имаат некоректен однос. Тогаш им ѕвонев за второ мислење од хсг, сестрата ми рече " имаш ли извештај, имам, епа што ти пишува тоа е!" Да нѐ примија на второ мислење може кај нив и ќе правевме и ин витро . Ама не, сестрата ме одби уште на тел. Така што секој со своето искуство!
Ама имаш лежено за друго или породена? Царски породените првите дена не бираат храна сами од менито, носат као демек нешто полесно. А тек после дали само 2 дена избрав сама што сакам за јадење (со супа, салата, чоколатца и сл). Додека цимерката природно породена си имаше фул мени со се што сака..
Zdravo na site pak jas poshto fatija odmori a moeto bebe aber nema da iskaca za zhal doktorkata koja prvichno ja izbrav vo sistina za poroduvanje nema da bide ovde pa mi treba mislenje dali nekoj imal iskustvo so doktor Jordancho Ivanov od Sistina za poroduvanje? Mnogu bi bila blagodarna ako nekoi ima bilo kakva informacija ili iskustvo da spodeli <3
Породена пред три недели кај др. Иванов, цела бременост ми ја водеше од старт, препрезадоволна! Немам зборови за докторот, ептен е пријатен, стручен, достапен, знае да те опушти, стварно мислам дека нема да згрешиш. Слободно пиши ми и приватна порака ако ти треба некоја дополнителна информација
Ме породи со првото, преубаво искуство , сега ме следи и со второто. Најпријатен доктор и многу посветен!
Породена еднаш кај доктор Јорданчо, сега и вториот пораѓај кај него планирам, секоја препорака за докторот! Не знам кога ти е термин, но тој оди на одмор последната недела сега во Јуни, чисто да знаеш. Со лесно