4 мислења и сите за Органџиски. Што болница ќе беше ова па само специјално за нив пишуваш на форумов.
Да царски се породив и бев 4 дена во болница, до 5 дена може ама јас сама си побарав на четвртиот да си одам Секој има право да си го сподели своето мислење и искуство, темата е породување во приватна болница. Како сите и јас пред да се породам читав многу па можеби некому ќе биде и ова од помош. Дојдов, си споделив искуство и тоа е тоа. Нема потреба да се контраме, не ме плаќаат Органџиски за реклама чисто ако ве интересира Вие што толку мака имате со нив па не можете да се помирите со коментарите за нив?
Zdravo, tie sto ste se porodile skoro vo Remedika, sto treba da nosi majkata vo torba: kozmetika? Peskiri? Papuci? Drugo? Blagodaram ☺️
Здраво, јас ја прашував сестрата на последното цтг ми кажа само четка и паста, полнач за телефон, чешел и некоја козметика што си користиш. Пешкири, папучи, гаќи, влошки, пумпа, ланолин се си имаат тие.
Јас со втората бременост накрај се мислев каде да се породам слушав секакви приказни се побудалев на крај се одлучив Санте … дека уште со првото дете таму си ја следев бременоста таму се породив некако се осеќам таму убаво… сега проблем е што немаат персонал гледам кога одам на контрола и за оваа породување се мислам каде Систина и Ремедика не ми се оди не ми е заради парите повеќе денови се седи таму
Исто и јас, читав многу поделени мислења а јас се мислев Систина и Органџиски и се одлучив за нив. 130000 им е царскиот, ми го одбија авансот и си доплатив до таа сума. Супер се
Еднокреветните соби постојат за нас интровертите хахахахха . Исто, исто и јас, се изнауживав сама два пати, и тоа царски бев. Се гушкав со бебо, им правев фотосесии , си гледав серии, си спиев ко ќе ги носеа за прегледи. Никакви посети освен мм на саат време. Сега вториот пат ме ставија на прием во двокреветна, а следува еднокреветна во Систина за втор пораѓај ако има слободна нели, абе цело време им напоменував дајте аман ако нема фри ќе си платам .
Еве 24 недела сум супер е сега за сега се пак машко не ми е судено да имам ќерка тоа е нека се живи и здрави само
Јас немам лично искуство во Систина, од блиски сум слушала за Панчевски и Палчевски за царски убави искуства. Дракулевски е веќе многу возрасен, неспорно на стручноста, раце на 60 и 70 години не можат да оперираат исто. Ова го кажувам од аспект зошто од колеги знам дека подолго време му треба за царски заради годините, повеќе анестезија на пациентката со самото тоа бидејќи зафатот трае подолго, прецизноста при шиење итн. не од аспект дека нешто грешно би направил или сомнеж во неговата стручност туку попратно сите работи што си следат со годините.
Мене Палчевски ме породи природно, прва бременост. Прекрасно искуство, се го слушав што ми даваше инструкции, заради него и пораѓајот ми е во нај убаво сеќавање. За второ, здравје пак сакам кај него.
Палчевски му асистираше на мојот доктор на царски пред некоја недела и памтам дека ми рече дека дошол да му помогне за да станам мајка и толку беше некако пријатен, многу убав впечаток ми остави
Даа, човек па доктор. Не можам да заборавам како му се јави на маж ми да му каже дека станал татко, среќен, како ќерка да му бев. Стварно се трудеше лесно да поминам на пораѓај, така и беше. После и ме посетуваше редовно, само убави зборови имам за него дефинитивно.
Prashanje za remedika. Utre sum 32 nedela i sum na pregled. Dali utre mozam da platam za podgotovki ili treba da cekam nareden pregled dali znaete ?
Кога започнуваш со подготовките (35-36) недела тогаш плакаш 7900. Утре ќе си го наплатеш како гинеколошки преглед
Здраво, прва бременост ми е и планирам да се породам во Систина (природно здравје боже), па дали може некој да ми сподели искуство со природен пораѓај таму, што треба да земам со мене.. кога ке ми пукне водењакот кај точно треба да одам (на ургентен или?) За епидуралот кога го даваат итн... 30+4 сум
Еве како тазе породена природно во Систина пред една недела да ти споделам да се опуштиш и да си го чекаш најубавиот ден кога ќе си го донесеш на свет твоето бебенце. По пукнат водењак се пријавуваш на ургентен, се влегува на втората рампа поблиску што е до бензинската. Од тука те качуваат на преглед те превзима доктор кој ти ја водел бременоста ако си договорена или пак дежурен доктор на смена. Проверуваат каква е состојбата на бебето, брзо ехо и земаат мерки на карлица и обем на стомак, споредуваат со обем на бебе и те упатуваат кон собата за цтг. Пред цтг гинеколлгот прави и вагинален преглед за да процени колку е отворен цервиксот иницијално. На цтг лежиш некои 20тина минути и потоа те качуваат во соба. Оттука следи припрема за предродилна сала пополнување на документација, земање на примероци крв за ппроѓајот и прочистување. Откако ќе завршиш со вц, сестра те зема и те качува во предродилна сала. Во предродилната те чека акушерка, со мене беше за целиот процес, проверува колку си отворена, ти дава совети, следи цтг и консултира доктор. Тука е и анестезиолог ако е потребно се консултираш за епидурал се дпдека не стигнеш до 10прсти и докторот процени дека е време за на бокс. Потоа те нисат на бокс и запичнува раѓањето со насоки од доктор сестри и акушерка. По раѓањето, следи гушкање со бебето и два часа средување и лежење на бокс за стабилизација. Потоа го земаат бебето и тебе и те соуштаат во соба. Сопругот те чека таму и тебе и бебето како би го почнале новиот дел од вашиот живот ти посакувам убав и лесен пораѓај!