Леле ти благодарам бескрајно за опширниот одговор и за времето одвоено ❤️✨ Веќе ми е полесно... А за епидурал се чека баш 10 прсти да си отворена или може и порано да ти стават ако побараш? Јас во глобала трпам болка ама некако дека оваа болка ми е непозната и ми создава стрес дополнителен... а вака ако знам дека ке ми стават анестезија кога ќе побарам тогаш помирно ќе спијам Инаку кај кој доктор се пораѓаше ти?
Подолг полнач обавезно, мн се ниско штекерите од креветите во соба. Јас си инав земено ствари за нега на лице и тело за да се осетам убаво после првото туширање со мојата рутина, лабело, слушалки … папучи гумени за во вц, има папучи сма онакви хотелски овие ми беа по практични зс туширање. Се останато има … што и да побараш ќе ти донесат секако
Не епидурал се става порано … на крај кога ќе дојдеш до 10 прсти не ти треба… најболниот дел е од 5 до 10 прсти… на самиот пораѓај на бокс на крај епидуралот го намалуваат за да можеш напонот да го осетиш и да туркаш.
Е супер топ сега дефинитвно ми е полесно ❤️ А во однос на бебушот, кај тебе ли е цело време, ти ли го пресоблакаш, цуцла ако треба од таму даваат ли, дали некој дојде да ти покаже како да доиш, да го држиш бебето дс го пресоблакаш итн...?
Бебињата во систина ги носат прво сабајле во 7 на подој, сестрите од неонатологија ти го местат и ти објаснуваат како да фати цице, префини и едукативни се, ќе ти покажат пози, најчесто во болница лежечки и останати со седење. Ќе ти обрнат внимание што да внимаваш и како да го поставуваш. Они ги пресоблекуваат, инаку бебето може да ти биде цел ден со тебе, ги зимаат навечер околу 11 за спиење. Има мајки и што сакаат да одморат можеш да ги викнеш да го земат. Во текот на денот ги зимаат за прегледи, за утринска визита, за крвна слика итн. Цуцли им даваат по потреба додека се кај нив иначе секако ад ги хранат бидејќи немаш млеко надојдено доволно први денови.
Mene me porodi lani so carski, preezadovolna vednas mi se sredi ranata. Sega sum bremena so vtoro i pak sum kaj nego.
Исто и мојава рана ептен брзо заздраве некако, пред месец дена сум породена и очекував да е ептен страшна
Никаков упат не ми издаде мојата, ми рече само резултатите од брисеви да ги носам со мене ама ни тие не ми ги побараа за породување
Еве го и после 7 месеци на Мое здравје стои како нереализиран, а пишува и отпусното писмо не е готово. А во болницата ми го земаа упатот. Значи за парички била работата.
Јас не бев со упат од матичен, тамо си креираа. Ама на мое здравје стои, исто како кај тебе нереализирано отпусно писмо.
Најверојатно да, само за пари се матичниве, мојава све живо ми наплаќаше, секој преглед 500 ден, плус и брисевите ми ги наплаќаше иако сама ги носев во пролече
Исто, секој преглед 500 денари, скрининг 3400 денари, брисеви 900 денари, плус процентче од пренатален, плус од породување. И нормално сметка за ништо не издава. Затоа и прашав, нормално ми е да не треба. Сега бар сигурна сум дека е за процент.
За пренаталниот ми ги форсираше гинекаликс, ама си направив во авицена па не доби процент за тоа, а и да одев во гинекаликс немаше да кажам кој ме праќа
Кај мене па од мојата матична не можам да се пожалам, за пренатални ми даде опции две нормално ако се решам мој избор иначе прегледи, скрининг прв т.е мерки за приската ,ми нема наплатено, само за брисеви ми зема сестрата 300 ден кога првпат ги правев сега треба вторите да ги правам
На тоа се сведени изгледа, да прават акаунти на форуми за да се рекламираат. Немаме ние мака, вие имате. Платете си бе маркетинг агенција нека ве рекламира, не паѓајте до волку сами да се фалите на форуми.
Не те разбирам што проблем имаш? забрането е да си го споделам искуството ако е за органџиски? Нешто многу се палиш на оваа тема како дежурна ти да си м? Кого браниш?
Која тема бре, очај сте. Најдобронамерни совети добивате, да прекинете да се брукате. Стварно сте смешни. Забрането е да се рекламирате.