Всушност ти си брука кој/а и да си. Остави секој да си каже за себе, не те разбирам кој ти е филмот? Што коментираш нешто што не знаеш?
Јас не правам акаунти на фемина за да се рекламирам. Кај докториве, па и персоналот треба да си поработи на делот со брукање по социјални мрежи.
А зошто мислиш дека ова е акаунт направен со некоја цел? Што коментираш глупости колку да се каже нешто? Како може да коментирам нешто што не знам еве на пример за Ремедика, Плодност, Санте? Не сум била не коментирам не ги знам. За систина сите пофални зборови! За органџиски сите пофални зборови! И тоа е тоа. Бркај работа, ако имаш забелешки пријави ги таму кај што треба
Јас не те сфатив баш за упатот. Ти си одбрала кај ќе се породеш, каков упат дава таа? Или таа препорачува некоја приватна болница? Ти беше кај Органџиски мислам.
Ќе отворам некогаш на мој термин и ќе ти пишам дали има упат креирано самата болница пошто @ginger ме збуни.
Веројатно мора да стои во систем. Сепак се важни податоци. Исто како што испраќаат податоци во матично.
Да, јасно ми е. Сега успеав да влезам на мое здравје, има упат реализиран кај докторот што ме породи во Плодност.
Да да породувањето стои со отпусно писмо на мое здравје на апликацијата. И кај мене не е прикачен документот сеуште ми го дадоа на испис хард копи само ама во апликацијата е заведено кој доктор те породил и датум
Да таму се породив. Болнички упат, стои дека е реализиран со датум после 5 денови од породувањето. И во Специјалистички упати стои, ама како нереализиран.
Исто, ми ги препорача нив. Се мислев и јас за Авицена и кога и спомнав веднаш контакт ми даде и од таму. А за Гинекаликс на нив им даде мој број да ме бараат
Next level твојава јас ќутенката си отидов во авицена а она не ми ги ни спомна, и среќа се беше во ред а тестот беше поевтин
Мора јавно да почнеме да ги кажуваме а и да ги пријавуваме затоа што наплаќаат на трудници и што треба и што не треба, ама јас прва не ја пријавив мојава иако реков штом се породам ќе ја пријавам, се знае кај нас дека и со пријава ништо нема да направиш
Е таа е, една и единствена За нареден пат знам како, сега касно е. Ништо нема да сменам а и кај да одиш, сите си наплаќаат.