Сите земаат, ете јас за рецепти,брисеви плаќам по 300 ден хахахах. Се нервирам ама добра е докторката мн добро ми ја водеше првата бременост. Да завршам со бебиња и ја менувам хахах.
Тие што се породивте во Систина. Дали имавте извадено крвна група од претходно или тогаш средуваат тоа ?
Нешто ново да не им е ова? Пред 7 години им однесов крвна група од трансфузиологија, сами ми побараа. Сега повторно ќе им однесам. Не би требало да не признаваат.
Јас носев од претходно, ми ја признаа. Иако во пакетот за породување си влегуваат сите крвни анализи кои им се потребни. И да не ти ја признаат, со едно боцкање се завршува се.
Јас лани Декември се пораѓав, им напоменав дека имам ми рекоа не тука ќе извадиме. Или е ново или е исклучок
Здраво,во Ремедика што да спакувам за породување? Не знам што даваат од таму,сега сум 35 па полека да се спремам.
Како тазе породена во Ремедика, само работи за лична хигиена (четка, паста, за миење лице, крема, шминки) и полнач за телефон. И нешто што тебе би ти направило покомфорно да се чувствуваш, јас сум сама во соба, да не бев, би си земала слушалки. Јас си спакував и книга и сите мрдната ме направија, ама комотно има време и за книга, ќе го донесат бебето, ќе се расплаче, ќе го земат, млеко ретко на која и надојдува, па го дохрануваат, такашто 50-60% од времето си сама и во кревет, царски не можеш да стануваш првите ден два ич, спонтано можеш ама за до тоалет боли и раната од епизотомија, тешко е и да седиш и да се движиш такашто најчесто ќе лежиш
Фала Оли, само да те охрабрам дека си во сигурни раце кај докторката, супер поминавме, ведра низ цел процес, смирена. Ти посакувам и на тебе лесен пораѓај и многу гушкање со малечкото.
Здраво, Од оние кои имате уплатено аванс за пакетот за породување во Систина, дали некоја од вас ги искористи трите масажи во бременост, консултација со психијатар, и јога часовите? Колку време претходно закажувавте?
Зарем за месец и пол не ти најдоа барем еднаш термин Се сеќавам ти многу се израдува кога дозна за ова, баш ми е жал што не си успеала да искористиш. Штом е така , јас уште од сега да си закажам...
Хаха малце мислам и маркетинг е … кога влегов веќе 9ти имаше термин па ми рекоа да одобри докторот што те води … ама веќе на крај не ми ни требаше искрено … све ми беше собрано и киселини нон стоп само чекав да се породам сега за недела две се спремам да ја оставам на еден саат и како човек да отидам во асеана како цел живот што си идам да се релаксирам
По ова што кажуваш, така ќе да е. Неделава сум на преглед, се ќе си прашам и закажам на време, таман и дозвола од докторката ќе побарам Ако имаш на кој да ја оставиш за тоа време, оди уживај