Здраво мамички, тие што се имате породено во Систина, како пројдовте и од кој доктор сте задоволни/ве пораѓаше? Кога треба да се консултирам во кој месец да имам одбрано доктор, итн. Извинете прва бременост ми е влегувам во 7ми месец, па секое инфо е добредојдено.
Др. Јорданчо Иванов, сто пати го спомнав во темава ама презадоволна, со царски. За другото не знам, мене од 12та недела ми водеше бременост, пријатен и секогаш достапен
Дали можете да пишете искуства во систина тие што сте тазе породени? Како ве пораѓаа природно, царски? Препорака за ДР?
Да прашам зашто ве читам дека само полнач пишувате и за лична хигиена треба во Систина. Дали кога излегуваме со бебето си носам облека за него ?
Дали може да ми кажете, тие што годинава се имаат породено во Систина, со претходно уплатен аванс дали на вкупната сума (175000 или 140000) ти минусираат 10%? Или само авансот го минусираат. И што најчесто се доплаќа плус? Ви благодарам
Јас кога го уплаќав авансот во март ми рекоа дека се минусираат тие 15 илјади само се носи тој листот што ти го даваат дека си уплатил.
По некоја логика ако даваат 10% попуст на породување ако по 12та недела оставиш аванс и следиш прегледи кај нив, а крај би требало на вкупната сума (пример 140к) да пресметаат 10%, тоа се веќе 126к и од нов да одземат колку си дала капар, па да доплатиш што останува.
Јас како што разбрав, а и пишува на флаерот има 10% попуст на целата сума за породување и на прегледите, а од целата сума што треба да се плати за породувањето ти го одбиваат и авансот, тоа секако ти е платено само што однапред плаќаш 15000 како гаранција.
Гледам Систина качиле повторно цените за 6000 ден. Јас платив први денови јуни капар, тогаш ги запамтив цените и си ја симнав и брошурата.. сега влегувам повторно на брошурата, датумот уште им стои август 2024 дека е последно поставено, а они си прикачиле нова брошура со повисоки цени.. Дали со капарот си ја имам фиксирано тогашната пониска цена?