јас во четвртокот уплаќав аванс ни на крај памет не ми текна да прашам дали има некоја промена во цените
јас кога се јавував да закажам и за аванс да прашам беше пред 3 недели, новиве цени од кога се објавени?
појма неам, еве сега тука читам, него ти дадоа ли нешто освен тоа ливчето дека си уплатила? гледам тука картички некои ...
не само извештај од прегледот и ливче со фискална од авансот друго ништо , дури ни податоци за мм не побараа да внесат
Податоци тек кога ќе се породиш. Од тогаш има попуст мажот и бебето. Имам и јас картичка ама таа ти е само за попуст во кафетеријата, Салваторе и Сушико. И колку е сега преглед
Јас прашав за мм дали треба да оставам податоци, ми рекоа со авансот не туку после породување ама ако во меѓувреме, пред да се породам, он има потреба за преглед во Систина, да се повика на моите податоци за попуст. Т.е попустот и за него се активира по плаќање на авансот.
имам прашање до оние што веќе се породиле во систина. др ми спомна дека при прием повторно проверуваат крвна група и рх фактор ? други брисеви дали зимаат? што даваат за новороденчето прочитав дека од белина е козметиката но ме интересира што поточно. друго дали треба за мене да носам силиконски брадавици, мрежести ѓаќи , влошки за гради или се ќе дадат од таму... јас полека да си се спремам
Крвна слика прават на прием, брисеви не ми правеа, кај матичната правев во 36та недела и не ми ги побараа. Козметика бекутан ми дадоа што искрено е малку брука на цените што ги наплаќаат… имаше шампонче, креми, марамици, пелени, не знам точно зашто не ги искористив искрено. Имаше витамини, пробиотик, такви работи. Мрежести гаќи и влошки имаше таму. Брадавици и пумпа даваат на користење
Јас се породив во Систина пред две години, ништо не треба да носиш се таму ти даваат и влошки и силиконски брадавици ако ти треба и пумпа за молзење и ланолин за мачкање,буквално се за тебе и бебе. На прием прават брис од грло и нос,зимаат крв си испитуваат крвна слика,фактори на хемостаза,ддимери… За бебето на одење даваа торба со производи ама на Бекутан беа,имаше некое ко тестерче на Уриаж и нешто Медела ко крем за мачкање брадавици ама тоа само за една употреба,ништо посебно.
Да при прием проверуваат крвна група. Мене ми земаа и брис од нос и грло. Козметика белина имаше крема за пеленска регија со цинк и шампонче и млеко. Имаше и по едно пакување пелени и белина и бекутан. Друго ништо не ти треба, можеш само папучи гумени да си земеш ради бањање. Нивните се како хотелскине што ги даваат. @Autumn05 не знам зошто само на бекутан ти дале. Јас пред 4 месеци се породив таму, зарем смениле за толку брзо.