Јас во мај годинава и баш се зачудив, ама како што спомна @Skyler даваат тоа што имаат во моментот, така ми кажаа. Инаку не ми земаа брис од нос и грло мене
Крвна група проверуваат и други анализи на крвта. Од козметика бекутан креми, гел за бањање, влажни марамици, пелени. Од Белина млеко за тело, за бањање, крема за пеленска регија, пелени за бебе. Влошки исто од Белина ми дадоа за мене за после породување. Торба со памучно ќебенце и перниче и на биогаиа капки пробиотик. И baby on bord лепенка Мрежасти гаќи имаш таму и влошки, а силиконски брадавици можеш да си земеш ако сакаш, исто и крема за брадавици јас носев.
Дали можеби има цуцла во торбата? И ако нема каква цуцла земавте? Прашувам заради патот до дома затоа што не сме од Скопје…
Има на медела цуцла даваат, само таа ми ја прифати како бебе мене малата. Сега веќе не сака никакви ама тогаш ни послужи
Немаше цуцла кај мене, крај на мај породена јас имав земено soothie на авент, ама нешто не беше фан мојов, во болница му давале на филипс исто мислам air нешто па купив и за дома и само тие ги сака
Што ако има потреба бебето да се роди порано и да биде во инкубатор, колку се наплаќа тоа во систина?
Во Ремедика какви цуцли/шишиња им даваат? За да купам некое шишенце да имам дома а да не купувам без врска па да не ми го сака
Avent soothie зелените цуцли што ги нема кај нас и медела калма шише. Моите две деца шишето не го прифатија. Имам Avent natural response шише а цуцли исти ама донесени од германија.
Кога прашував на пулт за ова, ми рекоа дека би била во еднокреветна доколку има слободни соби во моментот...се надевам ќе каже некоја, сите не интересира
Јас ке се пораѓам втор пат за недела две па ке кажам. Ама битребало да го исполнат тоа да си чуваат соби еднокреветни за вакви работи чим веке го напишале во пакетот.
А како, истата цена е и ако си со цимерки во соба ? Ако е така тогаш нека се засрамат, не се малце пари.