И мене Кристина ми дојде и ми остави супер впечаток убаво се ми објасни и ме караше не сум пиела вода па го построи маж ми да ми носи дур дојам и да ми прави чај
Најтопла препорака за докторката. Две целосно водени бремености кај неа и 2 пати ме породи со царски по моја желба. Докторката е прегрижлива, родителски и пријателски настроена, огромен професионалец. Нема да погрешите со изборот.
Прекрасна докторка, топла препорака, јас се породив природно пред 3 недели кај нејзе, презадоволна сум од докторката, персоналот, престојот, педијатрите Се нај нај..
Ако се решиш кај докторката, јави си се со време, јас се јавив 36 недела, пополнети беа термините за породување, па докторката ми се јави и ме прими
Јас се породив природно кај Дракулевски во април. Презадоволна сум од него на пораѓајот како и од односот после тоа (посета, грижа).
јас имам уште едно прашање во врска со породувањето во систина, дали од цената (природен,царски) го одбиваат авансот и даваат дополнително 10% попуст? дали носите нешто за частење за доктор, сестри? ( реално на таа сума не би требало но сепак да си прашам бидејќи ми се ближи терминот )
Го одбиваат авансот и плаќаш остаток од сумата со попуст пресметан. Ја покачија цената мислам кон крајот на јуни, види кога ти е авансот даден, ако е пред покачувањето да напоменеш пониската цена да ти ја наплаќаат. Јас на излегување оставив бомбоњера за сестрите, а на докторот виски и бомбоњера.
Во март уплатив аванс јас значи со старите цени,дали тоа значи сега ко ке се породам ке треба да платам по старата цена или со ова покачувањево?
ти си по стари цени чим си уплатила тогаш аванс , јас уплатив на 03.07 најверојатно по новите ќе бидам
Искрено стварно не ми е јасно која е потребата од давање поклони на сестри и доктор особено во приватна болница каде што цените се плафонски. Не сакам да те осудувам но сметам дека не треба да се прави тоа.
Јас радо би од срце на овие од приватно би им дала макар и по една бомбоњера отколку во јавното здравство каде што за частење се редат сите од чистачка до доктор со нивни тарифи по колку пари треба и што да им се поклони.
Па сегаааа ... Ако не си радосна да ги почастиш дека ти се родило дете не ги части. Многу е едноставно. Не им е дојдено нив до твојата бомбониера ама ич, баш баш ич.
Да, баш така. Авансот го одбиваат, - процентите кои ти следуваат. Првиот пат на докторката и однесовме бонбониера кога си одев. Малку ми беше криво што не му кажав да земе и за сестрите, но овој пат нема да заборавам сигурно Секако ова ако сум задоволна. Во случај кога не би била задоволна не би однела ништо. Се зависи од тоа кој колку е задоволен од третманот.
И јас несакам да те осудувам, ама сериозна си дека не ти е јасно оти некои луѓе имаат мерак да почастат со благо /кафе/пијалок кога ќе станат родители?! Искрено, не си ми јасна
Едно е мерак да почастиш пред да си одиш друго е дарување дур си таму за да се надеваш дека ќе добиеш подобар третман. Јас имав цимерка што го направи второто ама ок секој со свој став
Членката на која ти и реплицира има напишано дека НА излегување оставила да се заблажат и напијат сестри/доктор.
Ок да мој превид, но имаше пишано дека оставила виски на докторот што не е скромен подарок од радост според мене али пак ќе речам секој со свој став