Ах бре мајка Јас коа се породив частевме од доктори до портири.Буквално Полн гепек пиење и благо имаше. Никој од персоналот каде се пораѓав не остана незаблажен и ненапиен После тоа частевме и во другата болница, онаму каде правев ивф. Зборот ми е , ќешки за "вакви" работи само да ги частеме вработените у здравство
И јас бев со истиов став пред да се породам, некако не ми резонираше да платиш толку пари па и да частиш. Ама откако се породив и добив најдобар можен третман плус ми го спасија бебето што се роди со дијагноза и го излечија скроз, и те како ни беше до частење секој што стигнавме. Ти го гледаш од гледна точка на мито а најчесто е од среќа и благодарност. Јас до крајот на животот ќе им бидам благодарна на докторите што ми го спасија бебето а и на секоја сестра за човечкиот и пријателски однос што во тие моменти премногу ми значеше. Да, си викаш тоа им е работа ама и во државниве институции тоа им е работа па ретко каде е така.
Јас му однесов на докторот, не беше ништо спектакуларно и којзнае што ама сакав зошто благодарение на тој човек јас истуркав цела бременост и добив бебе. За жал првата бременост ја водев на друго место и немав таков третман, грижа и посветеност и заврши како што се заврши. Затоа на овој докторот за ова бебе до мене вечно ќе му бидам благодарна. И да, знам дека којзнае колку зима плата и не не ми беше битно зошто станав мајка. Кај тебе реплицирав по грешка
и јас сакав да почастам, маж ми имаше купено бајадера за сестрите кога дојде да не земе и плус за докторката, ама на врата доле го виделе со кесата и му рекле дека не смее да се внесува... и остана така, во Систина се породив иначе. секако добив добар третман, мерак ни беше
Јас двата пати што се породив во Систина на сестрите на излегување им оставив благо, а на докторот кога бев на преглед после 40 дена му дадов подарок. Од мерак им дадов, не за третман, едноставно така сакав да си почастам.
Во Систина не дозволуваат да се внесат подароци (пијалак, цвеќе....) ни за доктор, ни за сестри, ниту па за пациентки. Се остава долу на пултот. Како сте успеале да внесете, секоја чест. Штом има такво правило, треба да се почитува, и од пациенти и од персонал, барем тоа е моето мислење. Ни на крај памет не ми беше да честам сестри после породувањето, бидејќи знаев дека не дозволуваат да се внесуваат подароци. Но, на ивф-докторот и неговата сестра кои ми ја водеа бременоста, а и одев таму скоро 2 години, им однесов подароци кои можеа да се стават во ташна, мали подароци кои не беа храна/пијалок, и тоа на прегледот после 1 месец од породувањето. Сето тоа од мерак, од голема благодарност за успешната бременост и нивниот пријателски однос.
Јас сега на прегледот по 40денови и однесов на докторката што ми ја водеше бременоста во Систина… иако друга ме породи во склоп на околности … ама преблагодарна сум и за се што направи за мене изминативе 2години да си ја имам ќерка ми никој ништо не ми рече на влез со спакуван поклон со се
Џабе им е, кој бил таму знае дека и воздухот ќе ти го наплатат, човечност не е да бидст лицемерни додека да ти ги земат парите, пробај да добиеш обична консултација во бременоста а без да отидеш да ти земат 6000 зс 2 минути, нема шанси! Органџиски
Два пати ме сопреле на влез и ми рекле да оставам тоа што носам на пултот. Преглупо ми беше да оставам ливче со моето име, за да знаел докторот од кого е подарокот.....еднаш оставив така, и никогаш повеќе.
Можеби па нас ни се посреќило тогаш не знам што да кажам. А и ги донесоа тогаш кога излегувавме од болница па имаше и други кеси можеби затоа не ни кажале ништо.
Здраво женски, иако имам завршено со бремености и породувања , сепак околу мене имам блиски кои се пред породување и со дилеми каде што да се породат. па ете помогнав околу прашања за цени, услови и пакети за породување. За мојата блиска другарка од Велес, се јавивме во Органџиски - Штип...Катастрофа....прво се јавуваме да прашаме цена за породување..кажуваат....и втората работа беше АКО НЕ СТЕ ДОШЛЕ, првиот преглед мора да биде кај СТОЈАН; ВАНЧО или ВЕРИЦА Органџиски..Мислам, во ред е семејниов бизнис!!! ...Мојата другарка сакаше да оди кај друг доктор од кај нив- имаше препорака, но ОВА дека мора кај нив да биде првиот преглед. од старт е одбивно!!!!
Јас се породив таму без воопшто да отидам на преглед. Бев на преглед после 6 недели и кога закажував ме прашаа кај кој доктор сакам. Нормално бев кај тој што ме породи. Инаку, иако е приватно и се плаќа дебело, пак те гледаат со други очи ако имаш барем еден познат кај нив.
И јас мислев така. Но, кај мене не се покажа исто. Сакав да продолжам и оваа бременост кај истата што ме породи со син ми. Првото одење оваа бременост се сретнав со пријателка таму која е вработена на повисока функција да се видиме на кратко, па еве бев приморана да ја сменам. Сега одам кај друга што ниту ме знае од претходно, ниту знае дека имам некој познат таму, па пофина е со мене, и попосветена, подостапна...
Zdravo , sakam da prasham dali nekoj se poragjal vo Zan Mitrev i dali moze da spodeli iskustvo od ginekolozi i usluga? Prirodno sakam no sekoe iskustvo mi e dobredojdeno pa i za carski makar. Blagodaram mnogu
Ако некој не почасти доктори, не се радувал за детето Малку осет да се има со коментариве не е лошо. Разбирам да почастиш на крај ако си задоволен од третманот, ама би почастила ако сум задоволна од професионалноста на персоналот, нема врска тоа со радоста за детето. Сите сме различни, и менталитетот тука ни е таков кај повеќето луѓе сеуште ама безврска е да му кажеш на некој дека не се радувал за детето. Исто како муабетот дека ако не се прави фешта кога ке се роди детето не се радуваат за него.
Samo vie ste se raduvale, i toa so castenje go iskazuvate Koj saka neka casti, no nikako ne e zadolzitelno. I nie sto ne sme castele se raduvavme tie denovi. I castenjeto e eden vid mito.
Е видиш јас лично така се радувам. Частам коа имам поводи , така славам . Не само за дете . Никаде не напишав дека е задолжително и дека ако ти не частиш не си го сакаш детето. Не разбирам каков вид на мито е тоа