Како имате енергија и време 3 дена за частењето да зборите Ок е да се однесе благце, ок е и да не се однесе. Сите еднакво се радуваме и си ги сакаме бебињата и не значи дека ако не почастите дека не сте задоволни од услугатс. Некои луѓе имаат мерак да си почастат, некои сметаат дека е мито ете. Јас првиот пат не однесов ништо, сега однесов 3 бонбоњери кај сестрите пошо се скапаа од работа тие денови беше ненормална гужва и ми беше мерак.
После системот е крив, а ние го создадовме и еве го одржуваме системот таков каков што е. Частењето е непотребно и не е мерило на тоа колку некој е задоволен и среќен. Непотребно е колку што е непотребно и во други институции, социјално, општини и слично. Никако да мрднеме со колективната свест и менталитетот за жал.
Во понеделникот кога ми закажаа прием за четврток отидов уште одма и им кажав и таа од шалтерот рече одма ке запише и после кога отидов на прием одма соба обезбедено еднокреветна се што треба.
Јас не ни знаев што ме следува за втор пораѓај, голема разлика ми се децата. Самите ме сместија во еднокреветна и ми кажаа дека има свечена вечера ова лани летото.
Па не частев јас. Ниту му реков да донесе. На тие пари што ги дадов не планирав да частам затоа што некој си ја сработил работата за која зема плата. И јас работам и ме плаќаат за тоа што сум го сработила, не очекувам некој да ме части. И искрено, не ни приметив дали ти си пишала или некоја друга. Јас не частев, мм частеше. Затоа пишав дека исто му се радуваме на детето.
Значи маж ти е тој кој никако да мрдне со менталитетот и колективната свест , за жал , што би рекле погоре Он топик За другарка прашувам. Колку кошта моментално царски во Плодност ? И дали може да се бира доктор кој сакаш да те пораѓа , ама прво да се обидеш природно
Se ubavo sho imate merak da pochastite, toa nikoj ne go spori. Megjutoa toa ne znachi deka vashiot “merak” e opshtestveno korekten i pravilen. Taka se ragja mitoto i korupcijata. Izbegavme od drzavna bash poradi toa i sega istoto se pravi na privatni kliniki kade uslugata chini iljadnici evra.
Мито нели се даваше однапред? Како би било подмитување мојата бомбоњера ако ја дадам на врата пред да си одам дома? И зошто некој би очекувал дека таа после мене истото ќе го направи? Нишо не сфатив од муабетиве и поентирањево а 3 дена истото го зборите. Како да ги измешавте поимите Мито и Частење од мерак отпосле И кој побогу кажа дека ако не частиш не се радуваш на детето шо ви е И пред да ме затепате, на ГАК сум породена јас. Денар не сум дала, вино однесов после 6 недели на контролата на докторката шо ме трпеше само Дааа, да. За тоа зима плата, јасно е. Ама човечкото у мене и беше благодарна. На крај кравите ние цела зграда ја частевме со благце ко се роди ќере. Сигурно не го подмитувам комшијата електричар со тоа
А овие во странство што се пораѓаат не се радуваат што им се родило дете. Нив не им иде сите да ги частат? Епа не смеат….Правила и прописи-менталитет
Пресмешни сте, 300 денара бомбоњера што ќе дадете, човек ќе помисли богатството си го дадовте, пукнал некој за вашето кафе и бомбоњера од 300 ден, аман.
Почнав ова да го пишувам и те прочитав. Браво. Н3ма ни да мрднеме напред со ваков менталитет. И тука пишува во клиниките да не се носи и нормално повеќето не почитуваат и носат поклони и частат. Во Германија или Швајцарија ако пишува да не се носи секако дека нема да однесат, зошто таму се почитуваат правила а тука не. И после државата и системот се криви а ние не. Кажаа на страна 611.
И во странство може да се почасти, не е забрането. Во Германија конкретно. На многу места има лимит до колку пари може да се почасти. Јас кога го родив првото на бабицата што ме породи и оставив ликер со бонбоњера и мала честитка за благодарност, на сестрите маж ми им оставу исто една кутија со некои колачиња да се почастат. Сега со ова, се да биде добро, планирам да им пуштам во касичката за кафе 15-20 евра. Не гледам ништо лошо во тоа.
Хахаха истото го пишав погоре … се преоптеретија со бонбоњерава како да ќе капарисуваат стан на хаклидики за докторот
аман бе луѓе ... не е морално но на крајот на денот од нас зависи дали јас,ти или трајко, петко ќе реши да остави и да почасти сок,благо на шалтер за сестрите и за докторот.Приватна болница одбираш поради третманот што треба а не го добиваш на државно а плаќаш цел живот. Така да мое е дали ќе одлучам кога ќе се породам дали ќе почастам или не сигурно и да не оставам нема да ме стават на црна листа . некој спомна дека даваат картичка за кафетерија ,не ми дадоа мене кога плаќав аванс дали утре кога ќе одам да си барам од шалтер.
мислам веќе сме и офф топик... и мене ме интересира за картичката, кога ја даваат шо како. имам уплатено аванс нишо не ми дадоа
Јас ја земав после две недели откако уплатив аванс доле на влез од десна страна, мислам дека на крај таму и се плаќа. Прашајте дали ви е готова таму или кај сестрите на шалтер. Ова беше пред два ипол месеци, не верувам да е сменето.
Картичката ја изработуваат недела две по уплата на авансот. Се подига кај тетката во просторијата за наплата одма десно од влезот имаме попуст во сушико, салваторе и кафетеријата во систина