Мене минатата недела во 36 не ми наплатија. Денес 37 бев пак и пак ништо не наплатија. Само денеска веќе ми отворија и историја и ме пратија на анестезиолог ми закажаа царски.
Инаку и мене докторот ми наплаќа преку еден преглед, еден да еден не што многу ми значи. Некогаш не ми дава извештај од таа причина. Мислам дека се зависи како ќе каже докторот за наплата. За ЦТГ и мене тогаш ми наплатија само еднаш после тоа не. Ама измислија некоја причина што не е валидна кој ќе се расправа. Платив и ајде. А ме зафркнаа тогаш и со авансот. Им викам во април да уплатам аванс тие викаат тоа само имаш предност да користиш некои услуги по бременост, нема потреба. Се пораѓам јас во мај и цимерка во соба ми кажува е од први мај се сменети цени, ако имаш аванс е старата цена. И јас си платив 15000 повеќе зошто немав уплатено аванс, а сакав. Сега сум уплатила уште во 4ти месец аванс.
Цените ептен... Прашав и за доплата за сам во соба по 9000 од вечер. А некој бил ли во апартман. Не знам дали јас не слушнав убаво кога прашував ама ко 50000 од вечер да разбрав
За природен фати си подебели врски. Не треба ништо да носиш, имаат се таму. Само полнач носев. Од сестри, доктори и цел персонал сум многу задоволна.
98 priroden 133 carski. Na cenive plus 7900 podgotovki vo 36ta. Znam poshto sum 38 i vcera bev pak preprashav
Да фаќаш врски за природен пораѓај во приватна болница? Зошто? Изгледа само царски знаат да пораѓаат таму, баш штета во време од достапност на епидурал да инсистираат на царски без индикации.
Епа скоро сите се кај нив царски. Јас имав причина, ама сомнително е ептен. Зошто да се замараат да доаѓаат ноќе ако пукне водењак на некоја? Вака си имаат распоред за работа и повеќе парички, нормално.
На другарка ја убедија за царски без индикација, а толку сакаше природно. Многу нехуман чин, според мене.
Мајки вие тазе породени што сте во Систина, дали ви правеа ковид тест на прием? Јас прашував пред некое време ама да прашам пак, останат пуст страв од претходната бременост за време на ковид, дека ќе завршам на клиника
Незнам јас и пред две и пол години кога се пораѓав исто и тогаш ми земаа брисови и сега прошла недела пак,баш кај што ми вадеа крв таму и брисови ми земаа.