Ептен се истренирани за царски. Бев на ехо околу 32 недела, беше карлично, одма Органџиска кажа ова за царски. Не се вртело веќе. Матичната кажа тешко, ама не е невозможно. Се намести син ми, за во 38 пак да се сврте попреку. Мораше царски. Ама, уште кога одев на цтг, сестри, доктори, одма со прашање дали си царски. Ако е наместено, па кажуваат тесна карлица или големо бебе, мора царски. Кај мене беше и тоа, и да се намести, голем е и мора. Уште чистачката не ме праша дали царски ќе сум Многу лошо им е ова. Втор пат не би ги одбрала.
Навистина? Ова им е ново? Пред неколку години, балони, мечиња ми носеа, само цвеќиња не дозволуваа. И баш беше убава собата, накитена.
Последно кога бев на преглед, една од сестрите ми даваше информации за текот на породувањето, воедно ми спомна дека не дозволуваат носење мечиња, букети, балони.
Бев на ЦТГ закажан преглед. Ама ми кажаа дека ќе е царски и договоривме термин па ме пратија и на анестезиологот и ми земаа крв и брисеви.
Леле не ми се верува дека уште го зборите ова... Не знам колку сте свесни дека 99% за нив е полесен природен пораѓај него ли царски. Не постои тоа дека намерно прават царски. Треба цела сала и персонал да се собере, поголема компликација, милион работи... Природниот само стојат и помагаат ако треба.
Тие што сте се пораѓале во Систина царски со спинална. Дека после спинална треба да се пијат многу течности откако ќе пуштат нозете. Ви даваат од болницата или да си земам од дома.
Се немам породено царски, но сигурно е исто. Сок од јаболко имаше на претек. Само што ќе го испиев носеа нов. За вода не се сеќавам дали носеа флаширана, но милион посто сум сигурна дека немаше потреба да ми носат од продавница било што.
Јас да споделам за масажите, имав ветено од поодамна. Еднаш се јавив да закажам, ми рекоа ќе ме побараат после 15 часот, колешката што го правела распоредот доаѓала тогаш. Никој не ме побара. После две недели бев на преглед, и маж ми ме однесе таму на лице место да закажеме. Ми најдоа термин за неколку денови, дури ми понудија и после тоа и понаредната недела. Закажав за една масажа. Отидов, се молев да не е масер И само слушам машки глас како вика Нека влезе Пафи... Трудници масираат како на едно столче, се потпираат главата и рамената на потпирачот од седиштето, и се масира само грбот, половината, рамења, врат. Јас па се надевав дека ќе ми ги масираат нозете најмногу ме болат. Се препотив жива, иако човекот беше комуникативен, пристоен, се како што треба, јас не успеав да се опуштам затоа што ми беше грдо да ме масира друг маж, особено делот кога ми го откопча прслукот за да може цел грб да е чист за да го масира (можеби јас сум преконзервативна од таа страна). И така, јас нема да одам пак на масажа. Наредно е да пробам на јога, затоа што се надевам дека ќе ми помогне полесно и поскоро да се породам.
Мене сите три пати ми беа различни мажи и немаше потреба да ми откопчуваат прслук, сама си го соблакав Па по завршување му се јавував на маж да му кажам какви раце братеее и да научи да масира така. Ептен се опуштав, ептен ми требаа масажи на грб. Мене грбот реално ми е цел искривен ради професијата (јас сум си крива) и масаживе баш ми беа ок. Инаку јогата кога беше претходниот инструктор беше супер, ама немаше нешто многу заинтересирани, некако се исплашени труднициве. Сега е некоја жена и не знам како е. Во секој случај оди. Се уште дома си ги правам вежбите.
Не знам зошто не ти се верува. Таму се породив, има и други мислења, прочитај. 6 жени бевме, 5 беа царски. Па ти сега види.
Некој да пише цена за царски во Санте плус ? ремедика гледам 130-140 илјади, Жан митрев исто толку, Систина е премногу. Органџиски пак е 130илјади. Многу е бре..