За сокот од јаболко во Систина, толку шеќери не сум испила којзнае од кога. Не ножев да јадам баш и тоа ме држеше. Само едно не ми се допадна тамо, побарав цеден лимон и на жените од кујна им беше потребно барање од медицински сестри за да ми дадат лимон. Додека донесоа, процесот на пуштање барање и примање нарачка - два саати. Чиниш вива сокот од јаболко многу здрав, а ова забранета намирница
Исто и јас со сокот, генерално не пијам никаков сок, а овој преблаг. Ама па послатко во живот ништо не ми било да пијам од тој сок таму кога бев
Иста сум и јас. Сокови општо не пијам, ама баш како што пиша ти, тогаш таму така ми се заслади, после дома уште некое време го купував додека се заситам
Секој ден ти носат сок и вода, од надвор не ни дозволуваат да се внесе храна и пијалок. Се’ си имаш таму
денес бев кај докторката на преглед. многу убав впечаток ми остави, ептен фина, се убаво ми објасни. бебе иначе абер нема за искачање, цтг супер, околу 3.200 ми рече дека е, понеделник пак да се видиме
Фина и откачена, барем со мене е таква Минатиот преглед кога бев, влегувам и ми вика уау што си сексиии Баш така како што ми треба, да се опуштам. Мило ми е што и ти имаш таков впечаток, тоа ми олеснува дека не сум згрешила со одлуката Цтг и ехо имаше? И во понеделник пак? Ама ова барем мене ми значи дека не си така далеку од целта Ништо чудно во понеделник јас и ти да се сретнеме
ехо и цтг да, четврток дури се враќа мојата докторка од одмор, рече понеделник пак да ме види, да не е многу долго до четврток. и ти си во понеделник?
Да, мислев дека ќе ми закаже за подоцна, некаде 37ма недела, па кога ми рече во понеделник (36+2) ептен се израдував затоа што сум нетрпелива, а и ме мачи искуството со минатата бременост. Важно сега знаеш дека си во сигурни раце, и да бидне нешто до четврток, ќе бидеш раат Туку, дали овој пат ти наплатија нешто?
Јас до сега 4 пати бев на ЦТГ 3 пати и ехо не ми наплатија ништо. Здравје во понеделник ми е закажан и царски
Многу ама како човек се пораѓаш, на гак за без пари, и без врски како во кланица. Трауми за живота два.. и плус бактерија си закачив. Сега на пап и на брисеви... во живот тоа сум немала. Еве 10 дена сум на флажил. Наздравје. Дупло би дала да се породам како човек и да сум третирана така. Немав избор. Од мое неубаво искуство зборам во врска со пораѓајот, односот и условите.
Една од медицинските сестри ми рече дека буквално се има, вика да те фатат болки во мол додека пазариш и ништо да не носиш се има, само полнач за мобилен, лична карта и ти ако си сакаш нешто лично да си носиш.
Др Елма е супер кај неа следам бременост и ме породи два пати ….меѓутоа онака немаат веќе персонал искрено ми е страв се размислувам за во Систина
Па ако следиш кај неа бременост нема од што да ти биде страв јас постојано гледам објавуваат слики од пораѓај ако не им се стари појма немам ама не ми се верува ја знам си замина д-р Ненад за друг не сум чула