Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Јас така сфатив од коментарите тука.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.764
    Пол:
    Женски
    Така е @mariz цимерката дојде вечерта во 18 часот, договорен царски близнаци, ја приклучија на цтг и цтг работеше цела нок :( малце језиво беше цела нок да слушам тоа, сестрите го стишија ама пак се слушаше.
    Предходната цимерка беше породена 3 дена пред мене, кога ме примија мене одма ме ставија на цтг и почна да свири цтг ние со мм не знаевме што му е, и мажот нејзин ми вика а имаш голема контракција затоа свири :rofl:(facepalm) што да кажам каша попара, се надевам нешто е сменето сега, али ако не е еднокреветна му е спасот.
     
    На mal.ecka, Bebulleee, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Inna12345

    Inna12345 Нов член

    Се зачлени на:
    25 јули 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Во ред, разбрав. Новите членови несмеат да имаат мислење, ако е контра на тоа што е пишано од истакнатите членови е солење памет и не треба да се споделува. Разбрано.
    До сите идни мајки, ви посакувам лесен пораѓај каде и да е, и се најдобро за вашите најмили :)
    Се извинувам што моето мислење поттикна две страни непотребни и бескорисни коментари.
     
    Последна измена од модератор: 29 ноември 2017
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sofia777

    Sofia777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    @Inna12345 Не е точно дека новите членови несмеат да имаат мислење, јас сум нов член е сега не коментирам зошто и немам моментално што да искоментирам или прашам, бременоста ми помина лесна како песна утре ми е терминот. Иначе муабетот ми беше дека редовно си ги читам на некои коментари се смеам, на други плачам зависи од коментарот, и сите се ОК и секој се труди да објасни и да му олесни на другиот за тоа што прашува без разлика дали е нов или стар член. Поздрав.

    п.с. Со лесно на тие што не се породени и да ви се здрави и живи тие веќе што си ги гушкате .
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.196
    Допаѓања:
    88.837
    Пол:
    Женски
    Malku e glupavo da platis i da bides vo dvokrevetna soba,a za ednokrevetna da se doplaka plus.
    Kolku malku im fali na drzavnite bolnici da bidat kako privatnite.Dva pati se porodiv vo drzavno,ne vo SK,prviot pat bev vo dvokrevetna so cimerka koja rodila den pred toa i bev so nea eden den ,vtoriot den bev sama,direktorot bese mnogu strog ,cisto bese sekade,duri sokovite ni gi redea na skavce da bidat pod red.Me pustija so podarok komplet mal format knigi za bebinja,peleni i maramici testeri vo torbica.Stvarno ubavo iskustvo,vtoriot pat povtorno bev vo dvokrevetna,ama promena na direktor,nehigiena i nikakov red,sreka se bese vo red.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Jas I vo toa sobce si imav privatnost :emo: :lol:
     
    На DuchessAnn и mariz им се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.073
    Допаѓања:
    40.427
    Пол:
    Женски
    Во ремедика мене кога ме примија со пукнат водењак ме ставија во нашата форумска соба, собата до бебињата. Немаше друга родилка. Како и да е цтг-то го донесоа, а во меѓувреме се во брзање ме спремаа зошто мораше итно да ме породат. Една ми земаше крв, друга ме средуваше, докторот влезе да провери колку сум отворена, друга ми поставуваше прашања за да го пополни формуларот. За пола саат ме однесоа во родилна. Заврши пораѓајот, 30-45минути бев на интензивна(брзо ми се пуштија нозете) и ме вратија назад на чиста постела во истата соба. Цимерка ми донесоа утредента, тукушто породена мамичка. Искрено додека не ја донесоа малку и депресија ме фати. Цела ноќ сама, болките почнаа да си се враќаат, од возбуда не можев да спијам, а и бебето не можев да си го видам. Веќе откако ја донесоа цимерката малку се опуштив. Ама и погодена ми беше. Само сопругот нејзин доаѓаше, еднш дојде мајка и и еднаш сестра и која ни беше како маскота. Слатко не изнасмеа. Со цимерката и сега сум си во контакт и многу ми е драго за новото пријателство.
     
    На Mimmi39, mal.ecka, mariz и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Sun&flower

    Sun&flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2017
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Мајки ве молам за искуства, колку сте задоволни од пораѓајот во Ремедика. Хигиената сигурна сум дека е на ниво, но каква е постпородилната нега за вас и бебчето, дали добивате совети за доење и дали процесот на доење почнува уште од самата болница, кои прегледи ги следува бебето/мајката уште додека се во болницата и после тоа.
     
  9. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.727
    Допаѓања:
    18.441
    Пол:
    Женски
    Имам пишано на темава ама кратко. Ќе пишам пак без воопшто да имам корист од пишаното, дури може и некои членки ќе ми замерат, но ми боде очи оцрнувањето на Санте плус без лично искуство само од слушнати муабети и водени од личниот избор за друга болница.
    Жално што мора да се породуваме во приватни болници кога таков третман и услуга треба да добиваме во државните но ајде тоа на страна, сосема друга тема.
    Санте плус за жал сами си прават анти реклама со тие промотивни цени, со полускриените пакет услуги и особено со купот слики што секојдневно ги објавуваат. Не знам кој им е задолжен за маркетинг, ама дефинитовно го прави сосема спротивното од тоа со идејата да се слика се што се стигне. Уште од пораѓај лајв видео им фали.
    Јас и мм бевме договорени дека нема да се сликаме и да дозволиме наша слика да објават било каде. НО, на крајот од се бевме презадоволни од целото искуство,уалуга и персонал и мм ми рече ај дозволи им нека не сликаат, нив им значи, си се рекламираат макар на погрешен начин....и така се сликнавме брзински на одење дома па никому ништо...бебе не се ни гледаше ја и мм секако имаме слики по фб и помина тоа.
    Во санте даваат лансинох тестери (влошки за гради,ќесички за мрзнење млеко, ланолин,влажни марамици) и хип тестери(чај за доилки и некои креми ми се чини беа), носат чај за лактација постојано и храната им е супер. Тоа најмалку битно што се однесува до мене но ете како приватна болница тоа им е на солидно ниво.
    Што се однесува на прегледите, имав уплатено аванс во 32 недела(100евра). Од тогаш немав платено ни еден преглед, консултација или цтг ( а правев и пред 36 поради јаки болки и контракции). Не платив ни преглед 10дена после ппраѓај кога отидов за раната. Ги платив скрининзите само. Доктор Јегени е најпрекрасниот, најпозитивниот и престручен гинеколог-акушер, топли препораки за него. Беше достапен за мене цело време. Сакав природно и ми ја почитуваше желбата до последно. Кога веќе не можеше да се чека ми посочи зошто мора царски и ми објасни се што прашав. Се расплакав дека ќе завршам царски, силно сакав природно, он седна и одново се ми раскажа, ме насмеа и спреми за операција. (Накратко на провокации не реагирав, отворена три прста, водењак пукнат, а пред се бебе подзаглавено со главчето на коска од малата карлица - големи шанси да заглави во родилен канал. Го слушнав како и кажуваше на докторката што му асистираше на операција дека коската ми била малку поиспакната и поискривена од обично, да ја види, редок случај било). Имав прилика да бидам во контакт и со д-р Елма Абдула, докторката остава впечаток на искусна и спремна докторка исто така.
    Пред и после породување докторот доаѓаше да ме ѕирне минимум два пати дневно. По породување сите наредни денови постојано доаѓаа и анестезиологот и другата докторка да ме следат, а и педијатарот за да ми дава совети околу бебето диаѓаше секое утро. Го прегледуваше пред мене. Ми го расоблече, ми покажа за пелена менување, ми кажа за папочето, за бањање и најважно за доење. За доење после тоа повеќе се грижеа сестрите да ме научат. Вложија максимален труд и напори, прељубезни и трпеливи. Не знам од каде таа смиреност да пробуваат со бебе како моево кое од прва вриштеше на допир со града. Фала им за се. Не не сум им роднина и немам корист но ќе ги фалам секаде. Многу ги оцрнуваат, не знам дали основано или не, но јас од лично искуство имам пофални зборови. Бебето беше со мене колку сакав. Дури една сестра, по мое барање ми го донесе вечерта во два за да пробаме сонлив и гладен да цица.
    Во соба бев сама, убаво средена и чиста соба со сопствен тоалет исто чист и среден. Се што треба за родилката снабдено. На секое валкање на постелнината и пижамата они ги менуваа со нови. Сестрите ме гледаа и се грижеа за мене постојано. Клима исто имаше во собата. Немам на што да се пожалам. Се мислам од се што читам дали ја имав толку среќа да поминам перфектно таму или што :/
    Цена за царски е 85000денари со анестезија вклучена, 4 болнички денови престој, бесплатен преглед на бебето по испуштање од болница и уште нешто имаше не се сеќавам. За природен пораѓај цената мислам без анестезија е 56000ден плус 7000 епидурал или спинална.
    Систина и ремедика се поскапи. Јас лично немав проблематична бременост или проблеми за доаѓање до истата. Не сум имала искуство со барање вистински доктор за некој проблем. Мене ми требаше само доктор со искуство и добри услови за породување. Затоа Санте ми заврши работа а сметам дека немав потреба да платам над 100000ден за во систина за слични ако не и малку полоши услови во однос на тоа дека за соба во која немаш цимер се доплаќа плус. Ако треба да се пораѓам некогаш пак, а кадарот и условите во Санте останат исти јас пак би ги избрала.
    Инаку лаички, мене посимпатична, поуслужлива и подобра ми изгледа Ремедика од Систина. Систина е многу извикана и затоа ме нервира. И ако не беше Санте, ќе беше Ремедика.
     
    На Mimmi39, Anajirile, Sanjushot и 9 други им се допаѓа ова.
  10. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Јас па не знам шо е толку трагично да те стават на фб? Зошто сите се правиме недостапни фаци? Јас еве ќе си кажам не би се ставила дека сум грда тогаш породена, преморена итн. а не дека некој ќе ми ја злоупотреби сликата...Ако е за тоа нека повели иман слики и во купачи или тие се подобри од сликата со бебе...
     
    На m.i.g, Meckicja и Igle им се допаѓа ова.
  11. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.727
    Допаѓања:
    18.441
    Пол:
    Женски
    Не, воопшто не е трагично да ме стават на фб. Гајле ми е. Какви не слики има мои на фб па за уште една пред пултот на Санте големо чудо. Самата постапка според мене им е малку глупава и не знам дали е соодветна за болница. А не сакав да се појави слика од моето бебе на фб. Сакав јас да одлучам кога ќе ја ставам првата слика...
    Инаку го делам твоето мислење.
     
    На barby, Lizi и Meckicja им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.054
    Допаѓања:
    32.906
    Пол:
    Женски
    Има пишувано низ темава прилично ама на кратко.

    Во цената што ја плажаш ти следува двокреветна соба што значи голема е веројатноста барем дел од времето да си имаш цимерка. Еднокреветна соба се доплаќа плус. Пред породување секако си во еднокреветна соба или сама во двокреветна соба.
    По породување во собата ќе те чекаат твоите работи што си ги донела со тебе зашто може да ти сменат соба.
    Во однос на нега сестрите се достапни буквално секогаш. Си имаш на креветот копченце што со притискаш секогаш кога ти треба сестра и си доаѓа сестра. Таа долучува дали ќе викне лекар, ќе го реши таа проблемот или ќе викне педијатриска сестра ако е нешто поврзано со бебето (на приер сакаш да го донесат, да го наместат за цицање, да го земат кај нив и слично). Секое сабајле има визита каде оди и лекар, ако треба нешто плус лекар верувам ќе дојде некој. Инаку има секогаш дежурен гинеоколог и педијатар. За бебето исто еднаш дневно доаѓа педијатар да ти објасни што му се случува, кои испитувања му ги прават и слично. За беебто картонот стои на неговото креветче па ако сакаш можеш во било кое време да видиш што пишува (има податоци за теѓина секој ден, колку пелени се сменети и колку од нив биле мочани или какани, дали му зеле крв и за што е земена крвта и слично). Бебето ти го носат кога сакаш односно со нив се договарш каде ќе биде. Ако го земат за пресоблекување и приметат дека повратило одма му менуваат алишта.
    Ниту за бебето ниту за тебе ти треба нешто додека си таму освен козметиката за тебе што ти си ја користиш (гел за туширање, крема за лице, лабело). Тебе ти даваат и влошки и спаваќи колку и да ти требаат, ти менуваат едни како мушамки под тебе секогаш кога ќе се извалкаат. За бебето се нивно користат.
    Помош за доење имаш постојано. Го ставаат бебето на града бебето првиот ден и сестрите доаѓаат да ти помонгат околу положби за доење местење бебе на града и слично. Ако треба од кај нив добиваш и ланолин за градите ако ти распукаат и силиконска пупка ако треба. Сите производи се на Медела што се користат за бебињата.

    Во цената за породување ти влегуваат и прегледите во текот на првиот месец на бебето. Се оди по потреба на неколку дена за да се следи напредок на бебето и се добиваат плус совети.

    Се доплаќа прегледот кај ортопед и кардиолог за бебето и ако си РХ негатив се плаќа плус испитување за одредување крвна група на бебето веднаш по породување што се прави на Клиника за Трансфузиологија. Ако си ти РХ негатив, а бебето РХ позитив тогаш веројатно ќе доплатиш и за Рогам.

    Во цената влегува и прв преглед за тебе некаде 6 недели по породување. Мене не ми ги наплатија ни клексаните со кои ме боцкаа зашто ми беа дадени со индикација од трансфузиол.
     
    На Sun&flower и Anicka30 им се допаѓа ова.
  13. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Јас од бебето уште немам слика на фб. Поентата ми е сега сите се противат на сликање демек нешто фаци сме, па од папараци ќе бегаме...А глупави е тие сестрите ко на кафе да се излезени само селфи со бебињата прават и што е најтрагично ќе се преземи тој тренд и од другиве болници. Ете и систина објавува на заминување родителите сликани со бебе во транспортер, па кој ја породил и сл. Плодност не објавува, ама знаат и таму сестрите да се окачат на фб некогаш.
     
    На kukla21 и Igle им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Ај кога си одиш, пак поарен си, ама низ соби да те сликаат? Роденденски торти и сл? На кревет кон родилиште/соба? Слики од сестри со бебињата?
    Мене ми е непрофесионално. За услугата, друг муабет.
     
    На Chantal, joy1, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    100% сум сигурна дека сами сакаат. Уште има луѓе што секој детал го споделуваат на фб. Слики од сестри со бебиња во неонатологија ми е многу глупаво. И родилка во спавача исто така. Мене ме нервира само глумење лудило од мајки кои секоја кака на бебето ја споделуваат на фб, па сега нејкат да ги објават од болница ( на бегање зборувам).
     
    На darcy, Lizi, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.885
    Допаѓања:
    13.517
    Ме интересира дали Ремедика објавуваат некаде слики? Досега не сум видела, ама може ставаат.
     
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.054
    Допаѓања:
    32.906
    Пол:
    Женски
    Не за тоа се ептен културни, фини и ненападни. Твое си е. Ова Турскава логика на Систина и Санте според мене е глупава скроз ама кој како си сака.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    Па ако не сакаш нема да те сликаат со сила, за систина зборувам. Еве јас не сакав и никому ништо.

    А како систина е поскапа од санте за природен? Па гледам малтене иста цена плус повеќе бесплатни работи вклучено и без скриени трошоци.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.054
    Допаѓања:
    32.906
    Пол:
    Женски
    За цена јас не коментирав. Не знам какви им се цените искрено не ме ни интересира во моментов. Ама за сликањето барем мене ми е глупо и едното и другото. Дали во соба или со лога на Систина позади па и плус причата како докторот им бил најдобра на свет мене ми е без врска. Само на тоа коментирав.
     
  20. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    @Ќе пишам мислење за Re medika Снаа ми работи во Чаир гинекологија а реши да се породи во ремедика.
    оВА ГО КАЖУВАМ 2010 ГОДИНА јас на гости кај мајка ми на неа и пука водењакот ја носиме ре медика отворена 2 орста Др Ефремов вика ќе останеш и ајде сега јас и брат ми со неа горе во една посебна соба со еден кревет беше,вц во самата соба дојде сестра и приклучи ЦТГ помина време ајде клизна и ставија.
    Од тика се упатија накај родилна сала нормално за цело време ја следеше докторот.
    Мислата ми беше јас во собата ни цимерка видов,нит родилка со бебе нит па маж значи беше изолирана а нормално послем породување ја ставија во соба со друга жена.