Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    1.737
    Пол:
    Женски
    Јас сум кај Ирена Шуплиновска. Се префрлив од 20-22 недела кај неа, затоа што не бев задоволна од претходната.
    Не знам како и зошто, еве што се вика јас не одам од почеток кај неа, и уште минатиот пат ми најави дека тоа е последниот преглед што ќе се плаќа, дека од 36та ќе бидам "слободна", и навистина си го оддржа зборот.
    Дали значи нешто што ја водам бременоста од 12та недела таму, не знам...
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  2. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.171
    Пол:
    Женски
    Не е точно за царски дека форсираат, јас со големо бебе почнав природен пораѓај и завршив царски по 13 саати но по мое барање (бебето беше високо не се спушташе а контракциите мн ме болеа)
     
    На CupcakeMuse и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  3. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    4.973
    Пол:
    Женски
    Па не знам дали ќе одам на другиот свет или во all inclusive. Живот јбг. А имам и други планови и трошоци на повидок. Станбен кредит исплаќаме, 20 год стар автомобил возам, не ми е стабилно работното место. За првото дете бев со ист став, мислев ќе издржам 5 дена во никакви услови, не ми беше гајле за искршените кревети и нечистотиите, ама не очекував да ме третираат како гомно. На третиот ден се потпишав и си заминав, не можев да издржам во болницата. Разбирам која е разликата, имав другарки кои се пораѓаа на приватно, ама сумата е навистина преголема. Не дека не можам да си дозволам, би можела, ама не ми е сеедно, кога знам дека тие пари би ми покриле неколку рати од кредитот или би ми решиле некој друг проблем.
    @Ladyme пред 5 год кога се породив на државно и јас преживеав хорор, и исто како тебе велев нема шанси пак. Ме третираа како гомно, исто катетер ми извадија пред време, инфузии не ми исклучуваа. Ми се дереа за доење дека не форсирам, а воопшто млеко немав, бебето од 4кг дома го однесов 3400г. Ми се дереа на визита зошто плачам, педијатри ме омаловажуваа зошто имаме леукоцити високи и јас и бебето. Канилата ми се измести, не сакаа игла да потрошат одново да ме боцнат, ми ја мрдаа во вена да ја поднаместеле. Со царски породена никој ништо не ми помогна, да сум се помачела сама да станам. За болки не ми даваа ништо во инфузија, ќе ми поминело, па мораше да ми донесе некој таблети да пијам, храната не ја коментирам. Цимерките закачија хепатит од нестерилни инструменти, среќа тоа го избегнав. Затоа и се распрашувам во санте или друго место, бидејќи не сакам пак истото да го поминам. Ама не ми е сеедно дали ќе се 1400 или 2800 евра. На скрининг кога бев во систина одма почнаа да ме врбуваат за пораѓај да закажам таму. Не навлегувам дали вреди за парите или не, знам дека се добива услуга на повисоко ниво, ама сепак сумата е голема.

    од друга страна се распрашав, на ГАК или во Чаир мора да имаш "некој свој" или да дадеш мито, инаку ќе те мачат до последно. Пред 4-5 год бараа по 300€ ако сакаш царски. А да не се лажеме не завршува таму, тие пари ги зема докторот, ако сакаш сестрите да те погледнат и на нив на секоја смена по нешто треба да се подготви, и пак ќе одат многу пари. Јас на никој ништо тогаш не дадов, затоа и поминав како што поминав.
     
    На fragaria и Ladyme им се допаѓа ова.
  4. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    4.905
    Така е се сложувам дека цените се пренапумпани, плус тешко е кога не е само еден трошок. Еден куп тековни работи си бараат финансии.
    Од друга страна е многу жално тоа што си го поминала, крајно нечовечки.
    Ако не ти е проблем далечината, во Плодност е нешто поевтино мислам 125 000 царски.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    4.973
    Пол:
    Женски
    Далеку ми е. Видов вчера санте плус 1400€, ама ми треба искуства, не знам кои доктори се и дали навистина таа ќе биде цената или пак ќе доплатувам нешто.
    Жално е што сегде на државно е касапница и освен мито ништо не ги интересира. Жално е што ако нема или не сака човек да си плати приватно треба да стегне заби и да издржува нефер и нечовечки третман.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zakica88

    Zakica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2023
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Јас два пати се пораѓав Санте не платив ништо од цената која си беше. Прв пат пред 9 години одлична услуга преубаво искуство… пред две години послабо услуга немаат персонал,не доаѓа да ти исклучи инфузија ги чекаш ама далеку подобро од гак. Закажав преглед во Систина и ке се одлучам за каде ќе се пораѓам.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.288
    Допаѓања:
    17.812
    Пол:
    Женски
    Видете и во Жан Митрев со цените за разлика од другите се поевтини, имаа некој членки споделено позитивни искуства. За во Систина знам дека има можност за на рати, искрено не знам точно како оди и не сум се распрашала, може да ја разгледате и таа опција на другите клиники ако ја имаат.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    357
    Mnogu bliska Koleska vcera se porodi vo Sante veli deka e zadovolna od se za sega ke vidime sto ke kaze koa ke izleze stvarno neznam zaso tolku negativni kom ima za Sante valjda radi cenata deka e poniska isto i zan mitrev citav site poragai im zavrsuvale so carski nz stvarno i tamu e poniska cena za razlika od sisitina a remedika kolku e
     
  9. NanaMal

    NanaMal Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Санте никако! За наплата да наплаќаат плус, пред 5години платив плус 9.000 на природно породена за нњкој исписувања за бебето за кои никогаш не добив резултати. Не му ја беа ставиле бсж вакцината како што пишуваше во договорот, па не се помачија ни да ме известат за тоа, плус на породување по договор те следува епидурална која не ја ставаат… Односот на сестрите катастрофа, мизерија, само гледаат д ане ги викнеш за нешто… Санте никако
     
  10. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    4.973
    Пол:
    Женски
    Јас секако ќе морам пак царски. Знам дека секаде форсираат царски и заради цената и заради тоа што немаат трпение за природен пораѓај. Баш во Систина на скрининг Димчев ме праша каде сум породена и како. Кога реков дека сум царски ми крена раменици и рече дека нема везе као, тоа начинот на породување зависел и од родилката и од докторот, ретко кој имал време да те чека да се отвараш па да раѓаш со саати, секој доктор сакал смената на време да си ја заврши, а царски рез точно се знаело колку трае.
    Ремедика го гледав пакетот, царски рез е 130 или 140 илјади.
    Имав слушнато нешто слично и од други, а и во последно време ја спомнуваа некоја докторка, заборавив на името, ама демек кај неа тие што оделе на прегледи 90% завршувале со абортус во рана бременост. Пријателка се пораѓаше таму пред 2 год, односот и третманот поминале добро, ама раната од царскиот никако не и се затвараше со месеци, како да не беше добро сошиена. Плус знам дека нешто повеќе доплати исто без да знае што.
     
  11. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.408
    Допаѓања:
    19.275
    Тоа Димчев ти кажа со смената и чекањето? Мене кога ме примија во ремедика ме следеше дежурниот доктор, а докторката што ме породи дојде кога влегов во родилна сала тампирано да се породам во следниот саат. Си знаат они кога да дојдат. И да била на работа, да и завршела смената ќе си отишла па ќе се вратела итн. Те читам, по мене ова е нешто што вреди да се плати. Сите сме со кредити, ама кога ќе видиш 2-3000еу не се кузнај што во животот доаѓаат и си одат. Ако отидам во државно пак нема да ми останат во џеб 2000 , ниту па побрзо ќе го затворам кредитот,ниту па втора кола ќе купам...think about it
     
    На MeowMeow, Puffy2019, Anaroz1 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    4.973
    Пол:
    Женски
    Да лично Димчев го кажа. Инаку знам дека сите сме со кредити, меѓутоа јас така функционирам, ако имам кеш во моментот да платам ајде, ама ако ја немам сумата не можам. И други работи скапи, уште како девојка, без деца и без давачки така правев.

    Оваа бременост искрено ми е во многу лош период. Не знам и дали ќе успеам да го сочувам работното место, можно е да останам невработена без породилно, или да не го користам, веднаш да морам назад на работа да се вратам. И сеа во таква ситуација не се чувствувам комотно да плаќам топку.
     
    На ElenaLizzie и Milkiway им се допаѓа ова.
  13. Klarisaa

    Klarisaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    519
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Дали знаете дали се остава капар во Систина ако сакаш да искористиш 20 % попуст за второ породување?
    Бременоста не е водена таму.
     
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.890
    Допаѓања:
    36.734
    Пол:
    Женски
    Јас ќе се дрзнам да кажам што ми кажа вработена во Санте, администрација. Не вреди вика, сите добри доктори си заминаа.
    @DarkStormm драга си ми на форумот затоа се осмелив да го пишам ова инаку си ќутам за вакви работи ама ајде. Може ќе се најде.
    Може и ти ќе имаш добро искуство ако одиш таму.
     
    На Milkiway, DarkStormm и Misskirova им се допаѓа ова.
  15. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    9.337
    Пол:
    Женски
    Мајка ...добри се и Гак и Чаир. Знам дека имаш лошо искуство ама ако немате доволно средства ( а реално прескапи се ) иди си државно.
    Крај краева мене ако ме прашаш , боље Гак и Чаир него Санте.
    Ако нешто ти значи Илиевски е секоја среда во амбуланта може да ти закаже матичната кај него па да се договориш.
     
    На Anaroz1 и DarkStormm им се допаѓа ова.
  16. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    4.973
    Пол:
    Женски
    Сегде е лошо на државно. Не за друго, немам врска, немам преку кој да се договорам во Чаир за царски. Знам и мито дека ќе бараат, ама пак треба преку некој де.
    За Санте немаше да размислувам, ама ценава е добра. Искрено само сакам да се спасам од маките кои ги поминав претходно со породување на државно. Кога не би биле проблем парите дефинитивно ќе одев Ремедика или Жан Митрев. Санте немаше ни како опција да го гледам.


    @LiquidLuna благодарам за споделеното. :l: Сепак и 1400€ не се мала сума, треба да знам кај ќе ги дадам ако ги дадам.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    6.358
    @DarkStormm се сложувам со горенапишаното, тргнав истото да го пишувам. јас не би одела Санте ни за без пари после се што имам прочитано за таму. за Систина дека е прескапо, прескапо е, мене ако ме прашуваш вреди. но ако не можеш да се снајдеш, јас би одела ГАК имам другарки таму породено, па дури и во Чаир, не е исто како Систина но не е ни лошо.
     
    На Skyler81 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elliana

    Elliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2024
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.262
    Пол:
    Женски
    Во Систина имаат опција кредит без камата од Стопанска Банка Битола до 4000 евра. Чисто како предлог можеш да ја разгледаш таа опција.
     
  19. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Ве молам, може искуства за Жан Митрев. Не можам да најдам искуства за таму, иако прочитав имале женички споделено (сопствени искуства). Ме интересира кои доктори оттаму ги препорачуваат, кој е најдобар гинеколог (за цена на породување, ќе добијам инфо, ама за персоналот сум заинтересирана како функционира). Како поминале во Жан Митрев, вреди ли таму да одам за следна бременост итн?
     
    На Fudbalgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    4.973
    Пол:
    Женски
    Систина не ми е опција секако. Најскапи се. Ремедика се мислев, ама ќе почекам 29 недела сум, ќе си ги видам сите опции па ќе донесам одлука.
     
    На Fudbalgirl и Elliana им се допаѓа ова.