знаете ли дали има интензивна нега? Јас работев таму и знам тогаш ако нешѕо има компликации во Систина или Клиника се праќа бебе.
Јас колку што знам, нема интензивна нега, кога се породив јас пред 5 години, моето бебе беше во инкубатор на пратење само, без кислородна поддршка и првите 2 дена одев во неонатологија да го гледам, не ми го носеа само ми го вадеа за доење. Вториот ден имаше едно бебенце во другиот инкубатор со кислород и цефчиња поврзано цело..мислам дека го однесоа некаде по другите клиники зошто следниот ден веќе не беше таму.. А и за предвремено породување мислам дека пред 32 или 34 недела не пораѓаат Ремедика.
Сепак да прашам и за Жан Митрев, искуства со пораѓање таму и препорака за доктор? Можеби најдобро ќе биде таму да се пораѓам бидејќи и мојот кардиолог работи таму па сигурно ќе треба да биде присутен на пораѓајот.
Ако слушнеш нешто за Жан Митрев, сподели ми. Никој ништо не кажува и нема никаде reviews. Време ми е да се одлучам веќе.
Познајничка таму се породи, задоволна е, ја водеше и ја породи др. Кижески, породувањето беше со итен царски, со проценка на ризик и навремена одлука од докторот, бебенцето супер, грижа супер. Немам повеќе детали, знам дека и немаше скриени трошоци.
Здраво Во Систина кога имаш закажан царски рез, обично те примаат вечерта пред закажаниот термин. Па ме интересира колку денови си во болница после царскиот? И тој ден да го рачунаат цел, а те примаат навечер?
Денот кога те примат го рачунаат како нулта ден, после тој ден четири ноќи остануваш. Те примат после 18 часот. Вкупно 5 ноќи си во болница.
Мислам дека Систина имаат промена во денови за престој по породување. Јас се породив пред скоро 2 месеца и низ муабет со една од сестрите таму ми кажаа дека имам фатено последен воз со стара цена и со денови лежење таму. Сега треба веќе да им се скратени за 1 ноќ, ама распрашај се директно кај нив за сигурно.
те примаат вечерта после 18ч , биди јадена бидејќи само за пиење ќе ти дадат до 12ч после ни тоа. Мене ме примија пон вечерта, вторник царскиот и во саботата не пуштија
Да, може и така. И јас така направив со првото породување. За второво уште не сум одлучила кога да отидам.
Дали некоја почнала да оди во теретаната на Систина? Нели следува 3 месечна претплата со паќетот породување
Најтопла препорака за Др. Котларова. Две целосно водени бремености и породувња кај неа, прекрасно искуство, прекрасна докторка.