истото и јас го помислив, каква глупост кај Корнелија е 119.000 со 149.000 претпоставувам и кај другиве помладите, ако некој го интересира.
Истото ми се случи и на мене, денес се јавив да се распрашам и кога ми кажа дека царски е 193000 шлог ме фати. А скоро 35 недела сум.
33 сум. Гледам сега во Ремедика да идам, и со попустот од 20% за второ породување пак ми е поефтино таму отколку во Систина. И за детево последен пат на педијатар што бев на ургентно, јас што им кажувам што му е и што да даде, препиша во извештајот што кажав и 13000 за една инфузија.
Па види има логика, да разлисташ наназад се едни исти се вртат, а има многу гинеколози во Систина, па може ете да се пробијат и помладите или по небараните, кај нив со поевтина цена, што не значи дека не се стручни, верувам дека сите се стручни таму.
Да, можно е, прашај си со време, пошто покачувањево е game changer, не е да прогледаш 100 евра а биле, а не биле, па да подголтнеш и да тераш.
не знам, мене ми е малце деградирачко, а не разбирам ако ме фатат болки или ми пукне водењак и на смена ми се погоди некој од овие поскапиве да ме породи, а не мојот доктор, како ќе биде тогаш наплатата
Во принцип ќе го викнат докторот со кој што си договорена и ќе дојде ќе те породи. А ако е итен прием веднаш да се породиш и да не може да се чека, треба да е фер и да биде наплатено по цената која штп била договорена. Итен случај е сосема друга работа, НО, со Систина...да не знаеш на што си реално.
Баш така, не знаеш на што си. Во два наврати на преглед излегува да предлагаат докторите да се прават доплнителни испитувања што не се ситни пари и го прашуваш докторот колку плус чини тоа и ти вика “ па не знам точно”. И сега што, јас да идам дома да бркам кол центар колку пари е, па пак да закажам уште 5000 преглед да ти кажам дали да или не? Треба да знае точно да ти каже што колку чини и да си кажеш можам или не можам да платам, не ми прај тоа. Те оставаат ни ваму ни таму.
Сподели те молам ако имаш список со цени. Дополнително не ми е јасно, за тие што имаат платено аванс, кои цени ги имаат замрзнато? Општата што беше природен/царски и кај конкретниот доктор сега како би се пресметала
немам инфо за другите, другарка се јавила и прашала за овие двајца и кажале дека во две групи се поделени докторите зависно од искуството.
Види верувам дека направиле испитување и дека има зошто така да наплаќаат, сега на маил видов што ми пратиле дека за сите услуги ќе биде така. Може и по учинок ќе им се платите, не знам гласно размислувам. Мада како ги одредиле цените кај кој доктор колку, по која формула!? Теорија и пракса се сосема различни работи, може доктор на науки да биде човек, а да нема пракса многу и обратно. А може и заради достапност за народот да е популистичка мерка, во смисла еве ќе има за секој џеб, секој да може да си дозволи, зошто да не се лажеме прескапо е. Само јас џабе зборувам да ми треба било што таму ќе одам, зошто и со Козле и со Клиника немам убаво искуство. (Ова не за породување) Се извинувам за офф топик.
Боже боже какви цени. Ако некој добие инфо колку е цена кај доктор Јорданчо Иванов нека сподели и плус ако имате инфо дали со старите цени е ако имате уплатено аванс?
Тие што имаат оставено капар во Систина,плаќаат по старите цени кои што биле во моментот кога е оставен капарот.
Па и ова не е нормално. Пример за пораѓај кај Корнелија Сме уплатиле капар, важат старите цени (134.000 / 169.000), а сега поевтино? (119.000 / 149.000) И дали некој има информација колку пари е апартманот во Систина?
Пред месец кога се пораѓав прашав. За сам во соба беше 9000 од вечер со апартманот ко да разбрав дека 50000 од вечер да беше.