Не се нормални Систина, и старите цени беа превисоки. Ова стварно не е во ред. Никогаш не ги ни земав во обзир како болница за било каква процедура баш заради поранешно такво искуство. Наплаќаат дебело, ама и непотребни анализи прават. Се сеќавам на преглед дека бев само на ехо кај познат гинеколог, на мејл ми стигна резултат од пап тест кој не ми го направија. На другарката и правеа ехо и пап тест , и наплатија тогаш 4400, мене само ехо 3900. И на двете ни стигна мејл со резултат од пап тест дека е во ред
Дали некој знае колку е царски кај Гордана Петровска или Панчевски?Претпоставувам дека се меѓу најскапите, мислам дека најбарани се. Негде прочитав 193000, лудо!
А Дракулевски кај спаѓа во која група? Он ми го ставаше серклажот и планирав таму и кај него, ама со растов на цениве веќе почнувам да се премислувам, па стварно е премногу.
Здраво, дали некоја има информација за новата цена за породување кај проф.Димитров и општо дали ако е платен аванс и се избере доктор во групата со пониски цени, се плаќа пониската или сепак замрзнатата во време на аванс? Благодарам
Царски бев затоа што стигнав до 40+3 без никакви индикации за природно. Се мислев за провокации, но докторката сметаше дека ќе се мачам, плус бебе беше малку помирно од што треба на ЦТГ сабајлето па така решив. Царскиот помина супер, многу брзо се спремија, ме однесоа, брза беше процедурата. Јас од докторката сум презадоволна, прво многу ми беше битно што е позитивна и насмеана, за мене тоа се многу битни особини за доктор, второ многу ме следеше, последните 10 дена одев секој ден на ЦТГ, и трето беше достапна во секое време Така што најтопла препорака од мене
Се придружувам кон сето кажано за докторката. Јас се породив природно. Беше трпелива. Иако можеше да завршам и на царски, малиот ја држеше раката до глава, она почека да ја спушти. Ме храбреа и она и акушерката Маја. И само ги следев нивните насоки и без проблем родив. На крај дури и ми рекоа дека прекрасна родилка сум била. А за престојот во болницата имам само пофалби. Беа тука за се што ќе ги викнев и прашав. Немаше скриени трошоци.
Убаво да се прочита и ова јас сакам природно со првото сум така и башка големо го родив 4400 и сеа за втора пак сакам природно очекувам дека помало ќе биде бебето мн луге зборат дека во жан митрев се царски ги терале и ја сакам кај истата докторка ќе видиме има уше два месеци
Тој муабет го има за сите приватни и не е вистина. Разликата е што во приватните навистина ти одлучуваш, додека пак на државно маалку повеќе се форсира природното кога нема вистински индикации за царски
Маја е златна, и сите сестри таму (јас искрено само од Сузе не бев многу задоволна, ама тоа може и лично да беше). За мене Горде е царица, до ден денес на сите кажувам дека да не беше она немаше да дојам
Искрена да бидам јас веќе бев спремна да завршам и на царски поради случајот. Ама докторката рече да почекаме мислам дека ќе спушти рака и ќе одиме на природно. Знаеше докторката дека сакав природно од прв преглед.