Баш еве твојот пример е супер пример дека не секогаш одат на царски. Да, јас можев да изберам провокации, и она ми сугерираше царски, ама па и си ја знаат работата. И искрено, повеќе ми беше страв да не завршам на итен царски како што се случува често во случај како мојот со никакви индикации, отворена 2 прста 2 недели, и плус бебе што беше повеќе мирно од што треба на Цтг.
Епа ја така го изедов стапот во државна големо бебе ја мала но со голема карлица така кажа докторот со прокации два дена се пораѓав неотворена и сеа на таа мака го родив и затоа несакам сеа царски затоа и прашував а држи вода дека за сите приватни таков мубает кружи а знам многу што се породиле природно
Сестра ми се породи природно во Систина, на закажан царски, после прв царски Мислам дека и овој пример кажува многу, така да дефинитивно мислам дека се повеќе муабети
Спонтано 95.000, царски рез 130 000 денари Соба не доплатив, а бев сама. https://zmc.mk/services/centar-za-ma-ka-i-bebe/ Синко фати физиолошка жолтица па поседевме уште еден ден, му правеа анализи плус, го сончаа, инфузија прими.... цената беше иста. Се што е за бебето плус не се доплаќа, за мајката ваљда да. Немав потреба за плус.
Јас се јавив во Систина ама не сакаа да ми објаснат што ако сум уплатила аванс кога била повисока цената кај одреден доктор, а сега е пониска. Ми кажа само вие сте си ја осигурале цената што била кога сте уплатиле. Ако дознае некоја повеќе нека пише
Да се надоврзам, јас кога барав царски од докторката што ме водеше, поради страв од породување со провокации, ме погледна и не се согласи, туку упорно се трудеше да ме убеди до крај да одам природно, и така и бидна. За докторка од Систина се работи инаку.
Јас имав уплатено по стари цени аванс уште во април или мај. Се породив во четвртокот, ми наплатија по стара цена, како кога беше денот на уплатата на авансот.
Се плаќа предпородилна подготовка 7900 ден. Цтг+ ехо и следење на постелка, протоци, инфективен скрининг и крвна слика плаќаш со тие пари
Ах, не те радувам предвремено… јас се вратив на иста килажа како пред пораѓај за 3недели и не сум учена да не си се свиѓам во огледало а имам конституција со облини така да и малку плус личат многу од бебка сум презсдоволна дека навечер презаспива по секое доење … а станува на 2ипол/3саати уште и цица долго а за преку ден … кога како некогаш си плачам некогаш ја фалам и така поминува време ете ја 3ипол месеци стана