Кај сите е различна цена порагај во Систина? Ова не сум знаела. Знам дека секој преглед не го наплатуваат, зависност од доктор. Инаку Бојаџиев е супер доктор.
Немам идеја која е разликата во цена од доктор до доктор ама по тоа што читав, големи суми се во прашање како 20000-30000 ден, што навистина ме замислува. Не верувам дека некој од таму не е доволно стручен штом се наоѓа таму. Ти благодарам за препораката, баш ќе прашам и за Јорданчо. П.С апдејт на мислење. Само што се јавив во Систина да прашам за цени и прашав за неколку доктори: Слободан Дракулевски, Златко Палчевски, Павле Димчев и Александар Бојаџиев: - спонтано 154 000 денари, царски 193 000 денари. Јорданчо Иванов: - спонтано 119 000 денари, царски 149 000 денари. Плус сега има промоција ако се уплати депозит 20 000 денари се добива 10% на сите услуги и плус 10% попуст на крајната цена што ќе се плати. На пример ако треба да се плати 154 000 од тие се минусира депозитот 20 000 и плус се минусираат уште 10% од сумата за плаќање. Инаку малку им ги читав биографиите на докторите, Јордано Иванов навистина имал доста искуство и обуки, баш и заради тоа и по препорака на членката погоре прашав за цена, ама кај нас изгледа цело време едни исти се вртат па мора некако Систина да ги промовира и останатите.
сите доктори се добри во систина, а голема е разликата во цена, на крај краева за пораѓај само па и докторот не игра толкава улога, поише акушерките. ја се породив сеа пред месец дена, акушерките се цело време со тебе, докторката влезе во сала а бебето веќе беше тргнато да искача, 20 секунди беше она тука откако влезе ја одма се породив, само ме соши и толку
Така е, а на крај краева може и да се случи да не е тука па некој друг да се погоди на пораѓај како што и има доста случаеви. И пак речиси сите поминале со убаво искуство (скоро и да не сум прочитала некое негативно искуство за пораѓај од доктор во Систина). А реално повеќе од 500 евра е разликата во цена...
па јас тоа и викам на другарка сега сака кај Палчевски да се пораѓа, он е во поскапите. јас се породив по старите цени и мојата докторка секако спаѓа во поевтините, ама да требаше да бирам ќе изберев некој од поевтината група заради голема разлика во цените. секако се сите добри доктори, а ние одиме во систина сите повеќе заради подобри услови него заради докторите, ова зборам за нормални бремености, секако секогаш има исклучоци и поклмплицирани бремености.
Ne znam dali procitavte so sitni bukvi vo slucaj na iten poragjaj (spontano) se doplakja plus 20 000 za doktorot da dojde od doma ako sakash bash toj doktor..... a ne mi e jasno ako se pogodi pr Pancevski, a sum platila avans za kaj Kornelija na kraj ja plakjam cenata za Pancevski ili za Kornelija?
Каде го пишува тоа? Мене цените на телефон ми ги кажаа, никаде не спомнаа вакво нешто, а не можев да најдам јавно истакнати цени за да ги побарам тие ситни букви.
Прашав, се плаќа поскапата категорија ако некој се погоди од поскапата категорија да пораѓа, иако сме уплатиле депозит за кај поевтината (ми напомена дека ако сакам има опција да дојде од дома и тоа чини 20 000) што фактички исто доаѓа како да сме платиле 154 како кај поскапата категорија ..
Не ми се верува ова пазаров во Систина што го читам со цениве и докториве. Во старо време во тие племињата ми се чини посвечено било пораѓањето, како голем чин, ова сеа....тежок бизнис и пазар, а донесуваш бебе на светов. Некако се обезвреднува чинот со тоа сеа да се замараме кој доктор, која смена, колку аванс, колку попуст и колку реално ќе те опељеши на крај
Wait, what? А што тогаш ако се погоди некој од поефтината категорија? Демек ќе ти намалат од цената што треба да ја платиш? Глупости... Со ова, бирање на доктор за пораѓај пред време апсолутно губи смисла. Плус до сега имало доста случаи кајшто членки пишувале дека докторите од дома им доаѓале на пораѓај, не знам дали до сега се наплаќало тоа.
Нема шанси да ти вратат пари, пиши пропало..ќе испадне дека си примила инфузија, па терапија, па нешто околу бебето..и ете ти ги 20.000ки
И тоа прашав не ми одговори конкретно туку па ако сакате др од поскапата да дојде си плаќате исто 20 000 значи 174000 со тоа што сега има 10% попуст.. испод 154 не си како и да пресметуваш....
Аууу прејако е ова! Значи сега доктор одбран само во државна со пликце или Ремедика. Се прашувам дали одма сега докторите ќе избегаваат пораѓаи, да те темпираат да се паднеш во смена на следниот или покасно малце? Осеќам дека наеднаш сите ќе плаќаат по 193000 штом е така. Болницава стана циркуз.
мене воопшто ми нема логика ова со цениве, вака искача дека голема е шансата да платиш поскапа веријанта, освен ако не отидеш на закажано, што значи ти секако треба да си планираш пари и за поскапата варијанта, а демек ќе поевтинуваа....
Да споделам, мојот доктор спаѓа во поевтината категорија прашав за тој случај какво е објаснувањето за доплатата од 20.000 денари ако веќе бираме доктор, дали природно всушност значи како ти се падне. Ми кажаа да доколку е преку ургентен се доплаќа 20.000 за да дојде докторот од дома но во секој секој случај да сум се консултирала со докторот и со него да се договорам. Со тоа што ми напоменаа дека имаме 10% попуст со аванс од 20.000денари, за кој излегува дека воопшто го немаш доколку плаќаш дополнително за докторот да дојде од дома.
Ова нели не е нешто ново, секако со авансот имаме 10% попуст и на прегледи и на пораѓај. Авансот 15 000мкд беше стара цена. Сега па и тоа да не е сменето.