Сменето е, авансот сега е 20000 денари. Инаку мислам дека на крај ќе излезе дека се е во договор со самиот доктор, ама па не е океј пред време да не знаеш кои ќе ти бидат трошоците. Има луѓе последните пари на ова ги даваат, па уште да ги натоварат со екстра трошоци...
Мене лично ми одговара намалувањето на цените, што па мора се кај ѕвезди доктори да се пораѓаш или било што. Пак си во Систина, имаш топ услови, хигиена, истиот пакет со триста попусти, нека е за убаво само. Со лесно на сите
Ок цената што е сменета, да не е сменето и ова 10% дека си иде на сите цени кога плаќаш аванс. Дека погоре им рекле на членките 'Сега имаме 10% попуст', па не е од сега тоа или мислат сега има а понатаму и тоа ќе нема. Во таа смисла.
Не е ново, само ми кажаа за попустот од 10% на пакетот како предност, пред да ми одговорат за 20.000 денари за докторот доколку го викнеш од дома. Инаку да сега авансот е 20.000ден.
Ако ги прочиташ погоре мислењата ќе сфатиш дека никој не го спори тој факт дека е океј што цената е намалена за одредени доктори, туку фактот дека ако дојде ситуација да се пораѓаш спонтано а твојот доктор да не е на смена, ако сакаш да го викнат од дома ќе ти наплатат плус 20000 денари, а ако не сакаш да го викнат од дома, а на смена се погоди доктор кој е од поскапата категорија, ќе ти наплатат цена како кај доктор од поскапата категорија. Во превод, како и да калкулираш, освен ако не си таа среќа докторот да ти се погоди на смена кога ќе добиеш болки, ќе платиш повеќе од што си планирала.
А ако се пораѓаш подолго од смената на докторот кај кого си договорена, т.е. бил таму кога почнало се, ама му завршува смена, а ти уште не породена? Што не е воопшто реткост. Што во тој случај?
Појма немам, има толку многу edge cases што буквално им ги прави одврзани рацете да наплаќаат колку сакаат.
So gluposti znaci treba da se zamarame pacientkite, koj kolku naplaka, jas se mislam koga ke idam u Sistina eden spisok so ceni za sekoj doktor neka mi pustat pa da znam ili neka gi objavat na sajtot, neka bidat transparentni, da gi znaeme cenite na uslugite.
Лабораториската анализа ми ја наплатија 1800 ден. Бев по старите цени, со уплатен аванс од 15 000 ден во 12-та недела. Не можам да се сетам што пишуваше во пакетот, дали влегува или не лаб. анализа...Некој со вакво искуство?
Не треба да се наплаќа плус, пишува во пакетот дека се вклучени лабораториски анализи за трудницата, пред 3 год ништо екстра не ми наплатија мене
Мене, и пред 7 год, еве и сега ми наплатија лаб. анализи. Сопругот не прашал зошто се наплаќа, но на мисла ми е и најверојатно ќе се јавам да прашам. Не е баш фер....
Систина одамна е само перална за пари и целта им е да земат што е можно повеќе парички. Ќе си ја остварат, на овој или на оној начин. Ако не е наплатена лабораторија, ќе биде "направено" и додадено друго испитување и некој трет трошок. Цени на два месеци креваат, а ова сега со докториве им е жива глупост и смешка, како и да вртиш плаќаш поскапо. Не знам како им одат уште луѓе ама тоа е, им се може па си прават.
Во право си. Но, ете, секогаш не им е на луѓето до парите, туку повеќе до третманот. Одат, вклучувајќи ме и мене, бидејќи е чисто, мирно. Се е постојано достапно од хигиенски средства. Сестрите, болничарките и докторите (па дури и хигиеничарките) се пријатни, тивки, достапни, пријателски расположени. Имав чувство дека услугите им се многу подобрени од пред 7 години (кога ми беше првото породување). Подмладен кадар, ми одговараа на се што прашував, сама бев во соба, односно апартман. Се на се, многу сум задоволна. Е сега, имам плус наплата од 1800 ден, но не е трагично. Затоа пак, во пакетот беа вклучени 3 бесплатни прегледи: ушен, кардиолошки и ортопедски. Освен тоа, мојата бременост е со ивф и имав максимална доверба во мојот доктор, така што таму водев бременост и во ниеден момент не помислив да одам во друга болница.