два пати се породив во Систина природно со епидурална, непријатно е кога ја ставаат и малце еден ден боли кичмата после иначе немам никакви последици ич да не се мислиш
Неможам да ги пофалам. Освен цените се друго им е во рангот на посредена државна болница во некое помало градче ( дури храната може да им е полоша) Хигената не е завидна, храната е очај ( па велат дека мораш да одиш во тоалет а за јадење добиваш гевречиња , кифли со јогурт, ручекот мизерија.. се како запек да добиеш )за толку пари не се за пофалба, А воедно се само пораѓалиште, ако нешто се случи веднаш носат во државна или Систина ( како се одлучи пациентот). Цела бременост таму ја следев, Др што ме водеше беше прекрасна и е прекрасна и како доктор и како човек, останатиот персонал кој како. Некои се супер некои не Ми ја оставаа терапијата за пиење распоредена на колку саати и сам да си ја испиеш без да те потсетат ,
Јас. Супер поминав и презадоволна сум. Ме следеше Котларова ама на одмор беше и Афродита ме породи. Втор пат во живот ја видов докторката на пораѓај и беше пре пре фина. И после доаѓаше да ме посети. Котларова исто, само што се врати од одмор кај мене дојде, и цело време ми пишуваше на вибер. Акушерката беше супер, сестрите исто. Една само не ми остави впечаток и беше таква флегматична и не баш пријатна. И побарав мрежести гаќи зошто ми протече, ми рече па ви дадоа сабајле, пак ли Нема врска ми донесе после ама глупи коментари така имаше. Храната сам си ја бираш (бар јас со природен пораѓај) . Ти носат мени и си бираш доручек, ручек, вечера. И со првото таму се пораѓав, исто бев задоволна.
ооо за тие пусти гаќи.... вечерта многу се извалкав и побараав да се променам. Сатот беше можеби 01. И сестрата ми вика зошто се вртиш не се врти и нема да се извалкаш. И викам па др ми рече да се трудам да се вртам помалце. И вика ок еве само влошка ќе смениме а за друго утре сабајле. И така ме остави. Во менито за храна мизерија доручек кифла со сирење, празна со сусам нај ефтините сокчиња ... не ми се веруваше за приватна болница. Хигеничарките без респект дали јадиш они тоалетот го чистат па како го чистеа поарно да не ја видов. Само истура средство во шољја врз даската за седење претходно од болничарката катетарот го ставаа нити исчисти ништо.... За мене е билницата во рангот на државна некоја посредена болница. А за тоа што се само пораѓалиште е веќе друга тема нема тука да зборувам А Симонида е злато. И како доктор и како човек.
Да беше докторката во друга болница ке одев во таа болница. А за останатото се лични впечатоци и искуства . Секој со своите очекувања . Али како Симонида ретко таква посветена и достапна докторка. Од нејзе сум воодушевена. Имав уредна бременост но во 9 месеци секако нешто ќе има нејасно... на пораки и на телефон ако не одма за 2 часа одговараше. Да треба пак да ја одберам за доктор за следење на бременост пак ќе ја одберам. И се чудев како успева со сите да биде така посветена , лубезна , смирена не арогантна Колку пати на преглед ќе и улеташе некој падобранец кој не закажал ниту е итен случај, она не ги враќаше... може да почекат ама не им се понашаше. За нејзе се најубаво,
Симонида е злато од жена На преглед со рака ако подвикнеш, ти се извинува Многу стручна, детална и посветена докторка. Ретко такви доктори и луѓе како неа. Болницата инаку, онака просек. Не е нешто wow ама не е ни толку лошо.
Два царски реза (пред 5 и пред 2 години) кај Др. Котларова. Презадоволна, минимална лузна што речиси и да не се познава. Опоравување брзо, 5от ден дома веќе сама се грижев за бебе, сама ги капев, сѐ на сѐ супер искуство.
Јас со првото се породив со епидурална, искрено немав никакви последици. Не ни осетив кога ме боцнаа. Немав болка во кичма нити па главоболка после тоа, ќе пиеш течноси повеќе после породувањето за да немаш глабоволки. Е сега зошто си второродка чисто да споделам искуство. Јас второто со лајт спинал се породив и тоа зошто некако сите беа као ајде да те боцнеме да не се мачиш, веќе на бокс наместена готова да раѓам. Двете со провокации, со второто контракциите ги чувствуваав како посилна менструална болка и ми беа издржливи. Дури се изненадив кога ми рекоа ајде на бокс готова си 9 прсти јас мислев дека ни до пола не сум стигнала. Со лесно
Ако си била царски, тоа е оперативен зафат и не смееш сѐ да јадеш. Затоа е таква храната. Плус, не смее да е зачинета, односно треба да е несолена. Јас се породив летово во Ремедика спонтано, превкусна ми беше храната. Имав мени да си одберам, ручеците особено вкусни ми беа си ги јадев секогаш до залче. Од акушерките сум презадоволна, исто и од негата за бебињата, бев во собите близу до неонатологија делот значи штом ќе заплачеше бебе одма го смируваа, мене ми доаѓаа на секои 3 саати за доење, сум слушала и различни коментари ама кај мене беше ваков случајот. Од сестри само една имаше понамќореста да кажам а за гаќи и влошки исто не сум имала таков случај, кога и да побарав одма ми носеа. Мене нагло ми надојде млекото, сестра ми правеше масажи, ме измолзуваше, ми разбиваше грутки, дур не се средија грутките не ме остави. Јас сум ептен задоволна генерално. А тоа дека е родилиште е транспарентно кажано, секаде кадешто постои ризик да нешто се искомплицира, уште во тек на бременост ги препраќаат државно, тоа е. Ако сакаш да се чувствуваш сигурно од тој аспект имаш и избор да отидеш Систина или Гак.
Презадоволна, договорено со др Котларова (најдобра др.). Но кај мене беше се многу брзо, почна породувањето со др.Јане, па стигна и др. Симонида, без анестезија зошто на женска и се брзаше да излезе. Персоналот беше прекрасен, од нега, бањање, во било кое време да ги викнеш одма доаѓаат. Храната сам си ја бираш, има мени. А гаќи мрежасти би ти препорачала да си земеш беа дефицитарни. Породена сум јуни, се надевам нешто не се сменило Топла препорака за докторите, и болницата, од самото доаѓање, сестрите на црг, па се до крај..
За тие што родиле скоро во Систина, ве средуваат фриз за излез? И кое време (период од денот) најчесто го прават царскиот?
Да, доаѓа фризерка на ден на испис. Царскиот (елективен) зависи, кој како ќе си ги закаже операциите во работно време. Може итен некој ќе има во меѓувреме па да се помести програмот, нема правило тоа.