Ако е испис во работен ден, за викенд нема фризер, барем така беше пред некоја година, а царски главно закажуваат сабајле.
Да споделам искуство со Систина. Кај др. Матевска одев на прегледи 3 години, уште пред да останам бремена, па си продолжив да ја следам бременоста кај неа. На почеток беше океј се, некаде во 6ти месец почна да спомнува дека ми е мн стара постелката, дека може бебето да не напредува и сл. Тогаш почнав паралелно да одам и кај друг доктор на прегледи и тој не се согласуваше со тоа што го вели она. На преглед во 32 недела, пак истиот муабет многу е стара постелката ајде издржи уште малку да влезеш во термин па ќе те породиме, издржи издржи... Кога ги воведоа новите цени на телефон ми кажаа дека таа спаѓа во поефтината група т.е. 119 000 за природен пораѓај. Во 36 недела, на контрола, низ муабет спомнав пак накачување на цени имате, вие сте биле во групата 119 000, таа веднаш изреагира дека не е во таа група туку во поскапата и претпоставувам ја исплаши тоа што спомнав дека им се многу високи цените и може да не се породам кај неа. Ме гледа на ехо и вели: "Аман ти со таа плодова вода", ја прашувам што и значи тоа бидејќи на секој преглед досега ми потенцираше дека имам доволно вода и истото го пишуваше во извештај секогаш. Таа ми одговара "епа немаш доволно ама не ти кажував за да не те исплашам." Потоа следуваше "еве бебето не расте, стомачето одговара на 35 недела, главата на 39, ама не грижи се во ред е тоа.". На сликите од ехо пишува дека бутната коска одговара на 36 недела, во извештај таа запишала 39. И покрај тоа што ми рече дека се е во ред на извештај за прв пат напишала SGA(small for gestational age). Плодова вода кажа дека немам но нити запиша нити измери колку имам за да спореди на нареден преглед. Кажува да одам за 3 дена на контрола па ќе видиме можеби и ќе ме породи. Тука веднаш се ангажира да ми отворат историја, се да ми било средено, да оставам аванс, за прв пат излезе од амбуланта со мене, ме однесе кај таа што дава информации за цени. Јас бев избезумена од сите тие инфо што ми ги даде, дека бебето не расте, дека треба да се роди итн, ама за среќа бев доволно разумна да и ги вратам документите за историја и кажав дека ќе одлучам каде би сакала да се пораѓам. После тој преглед бев на уште 2 мислења, и кажано беше дека имам плодова вода сосема доволно, бебе си одговара на гестациска недела и нема потреба да се роди во 36 недела. Претпоставувам сето тоа ми беше кажано за да ме исплаши и да уплатам аванс за породување. После тој преглед, решив да завршам со Систина. На крај се породоив природно во 39 + 4 во Ремедика кај др. Афродита Стомнароска и излезе дека ништо од тоа што го кажуваше Матевска не е вистина. За Ремедика и др. Стомнароска само пофални зборови. Докторката беше толку вмимателна,смирена, трпелива, се грижеше толку многу за мене иако не бев нејзин пациент и прв пат ме виде на породувањето. Прекрасна е Сестрите од Ремедика исто така заслужуваат пофалба, веднаш доаѓат ако ги повикаш, премногууу грижливи како и за мене така и за бебе.
Истава докторка на старосватицава за малце глупост ќе и направеше. Се е во ред, се е супер секој пат, бебето ќе било над 4кг, да одела царски ја убеди се....океј. Ја фаќаат болки дома, 38ма недела, ја прими Младен, итно одма ја породи за пола саат зошто капка плодова вода немала, а бебето се роди 2500г..на преглед кај докторкава беше 2 дена пред тоа...
20 илјади аванс, 12та недела?? Па тие се луди, чекај бре, тоа е премногу рано за уплаќање за породување...Ауууу значи све им е во знакот на парите. Дај парите, после износи го детето до термин здраво, право.
Како мислиш кога и да уплатиш? Пример ако уплатам во 30та недела а претходно ги правам првите два скрининзи таму, нема да добијам попуст 10% на прегледите пред уплата на капар.
Секако дека нема попуст на прегледите и скрининзите направени пред да се уплати капарот. Они не можат да знаат со сигурност дека некој ќе уплати па да наплаќаат помалку пред време. Сакам да кажам дека може во било кој момент од бременоста да се уплати авансот и тогаш ќе се добијат попусти и сите работи вклучени во пакетот, не мора уште во 12 недела односно толку рано во бременоста.
Да го споделам и јас моето искуство со Ремедика и др Симонида Котларова. Бев решена од почеток дека ќе се породам во Систина се додека не ја почувствувам онаа лоша енергија со цените, делбата на евтини и поскапи доктори што верувам и лично нив ги деградира. Во 36та недела почнав да одам кај Др Котларова, да напоменам голем паничар сум и инсистирав царски да раѓам без индикација, додека сестрите што правеа цтг и докторката ми објаснуваа за природно, дека лесно би се породила и сл. Јас смртно бев уплашена од епизиотомијата. Докторката до крај ми објаснуваше како е подобро природно, дека имам навистина добар наод за тоа и на крај собрав сила со нејзина помош родив со 2 напона, болките како што претпоставуваше пошто брзо се отварав не ни ги осетив до 8 прста. Толку смирена, позитивна докторка мислам дека кај нас нема!!! Ми објаснуваше што ме чека, што треба да правам, ме смируваше и на крај навистина немав ни епизиотомија ама сама пукнав ептен малку и поминав со конче. Јадењето во Ремедика е врввв, има 2 менија со ептен голем избор на храна. Сестрите беа буквално ангели поготово сестра Дијана, посебна е! На крај платив цената од пакетот и плус 4 прегледи за бебето за кои те прашуваат дали сакаш да се направат со ценички за нив. Немав трошоци плус за ништо буквално. Мој совет до паничарите како мене е пробајте природно, царски не ви бега како и да е ако нешто тргне наопаку, имав цимерка во соба со царски и мојот опоравак уште во болница каде каде беше полесен од нејзиниот. Иако зборат дека царски е easy way out јас и не мислам баш така и секоја чест за мамичките што родиле царски.❤️ Инаку да напоменам прворотка сум
од лично искуство зборите? Или рекла казала? Во 31ва недела се породив, од невозможна бременост до бебе без ниеден проблем. Испраќаат да, поради финансии. И мене пред да ме породат ме известија дека бебе ќе е во инкубатор и доколку сакам можам да променам болница. Инаку смешно е да кажеме дека испраќаат критични случаеви. Најсовремена опрема, за жал сите најдобри доктори од клиника отидоа таму, за што би испратиле на клиника освен ради финансии? На другарка бебето и беше во ист инкубатор со уште едно бебе на клиника поради недоволен број на инкубатори.
Испраќаат критични случаи во државна во случај да е пред умирање за да извадат г’з дека не починал во приватна болница и да си задржат “име”. А за инкубатори нормално ќе ги препраќаат ако сакаш, не секој има 1000евра/ден за инкубатор. Некои бебиња лежат и по 2-3 месеци
Ви препратиле некој ваш ? Дека дедо ми почина во систина, не го однесоа на клиника за да зачуваат име.
не може некој да ве препрати бар така мислам, не знам како може болницата да те избрка за време на лекување. Тоа не постои. Што ќе пишат во извештај?
Јас се породив минатата недела и кај мене дојде еден ден однапред за да закажеме точен час. Единствено само ако ти се погоди исписот да ти е за време на викенд поточно Недела, ќе те фенира во Сабота