1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    Како си задоволна од него? Јас сакам да одам кај Палчевски за породување
     
  2. CapitalK

    CapitalK Нов член

    Се зачлени на:
    31 јули 2025
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Немам зборови за да ја доловам неговата посветеност, баш пишував за него пред некое време тука.
    Пред се' човек, па доктор.
    Отидов кај него по препорака и мислам дека и за следните бремености ќе го "бркам" кај и да е.
    Тотална професионалност, нега и посветеност од негова страна што пред пораѓање, што после тоа. Буквално доаѓаше минимум 3-4 пати во денот да ме провери мене, што раната- дека бев царски, што психа- како го поднесувам целиот процес, што бебе- како се држиме, како цица итн.
    Баш ми влеваше чувство на сигурност и како да е "некој мој" таму, а реално нити се знаеме нити ми должи за таков однос.
    Стварно топла препорака за него.
     
    На Vegegirl и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  3. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    5.618
    Пол:
    Женски
    И јас исто
     
  4. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    5.618
    Пол:
    Женски
    Пре пре добар е, моја препорака и како човек и како доктор
     
    На Zakica88 и Vegegirl им се допаѓа ова.
  5. sanjaqwerty

    sanjaqwerty Нов член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2025
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Еве тука ќе напишам едно ужасно искуство од Ремедика. Бев кај др Симонида и сум многу разочарана од нејзината непрофесионалност. Вечерта кога добив болки и тргнав накај Ремедика и пишав на Симонида со што добив порака дека си отишла на пат и дека друг доктор ќе ме породи. Првин плаќам приватно и плаќам оти сакам таа да ме породи а не некој друг доктор што не знае ништо за мене.
    Кога отидов таму ме сместија во соба мене и сопругот и чекавме да почнам повеќе да се отворам. Веќе на 5 прсти побарав епидурална на што добив одговор дека не сакаат да ми удрат затоа што имам намалени тромбоцити. Значи 5 до 12 ми кажуваат дека е ризично а пред тоа имаа направено повеќе крвни слики. Потоа се нафатија и анестезиологот Маргарита (многу дрска жена) ми ја промаши епидуралната. Веќе на 7 прсти јас почнав да повраќам и колабирам на што добив одговор од докторот обраќајки се кон сопругот “Па што не си легнеш до неа”. Крајно безобразно беше тоа што 5 души доктор и сестри стоеја до мене и во ниту еден момент не се потрудија да ми покажат како да се наместам како полесно да ги истрпам болките. Сопругот во еден момент спомна царски рез на што во истата секудна докторот кажа дека исполнува желби и дека веднаш ќе направи царски рез но со општа анестезија со изговор дека спинална нема да ми делува. И ми рекоа да одам до операционата сала. И јас сама со 7 прсти веќе отворена со неиздржливи контракции ОДЕВ до операционата сала. Со општата анестезија го пропуштив раѓањето на моето бебе заради негрижата и непрофесионалноста од страната на персоналот. Се нафатија да ми прават царски рез со значително намалени тромбоцити а претходно не сакаа да ми удрат епидурална ради тоа. Исто така мојата цимерка заврши на карил во клиника заради крварење. Ова го пишувам за да ви кажам дека и во приватна болница при плаќање на голема сума пак треба да имаш човек и врски. Срамота за Ремедика!
     
    На MDmD047 и intj_girl им се допаѓа ова.
  6. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за лошото искуство, се надевам сте добри сега со бебчето. Ова за тромбоцитите и несакањето да дадат анестезија не дека е нешто лошо што го направиле, едноставно не сакале да ризикуваат. Според мене чим доктор се сомнева во исход на нешто подобро да не се ризикува и тоа за твое добро било што не сакале да те боцкаат со намалени тромбоцити. Јас бев ист случај во Систина со намалени тромбоцити и не сакаа епидурал, тргнав природно се мачев 12 саати и не можев веќе па на крај побарав царски и ме однесоа но само со целосна анестезија прифатија, не сакаа ни спинална да ми стават рекоа ризично било. Битно на крајот се помина добро и јас и бебето сме живи и здрави.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  7. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    510
    Не може да појдеш во приватна болница и да очекуваш да не те боли ич при 7 прсти отворена.
    Исто, не постои магична положба да ти ја кажат за да те боли помалку.
    Од лично искуство еве, појдов во приватна да ме породи др која е на смена и воопшто не ја знаев претходно, и со 9-10 прсти отворена сама одев од спрат до родилна сала при тоа без епидурална бев. Па за тоа не ми текнало да го окривувам персоналот, тоа е само момент не трае вечност.
    Тоа што те породиле со целосна е за твое добро и за бебето, не е сигурно поважно од вашите животи тоа што го пропушти моментот на пораѓај.
     
    На Anastasia579 и Ladyme им се допаѓа ова.
  8. sanjaqwerty

    sanjaqwerty Нов член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2025
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Океј браво за тебе, знам дека не постои магична положба, но нечовечно е да те гледаат само и да не ти пружат ни најмалку поддршка. Затоа и отидов на приватно.
     
  9. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Патем и во Систина не се потрудија да ми покажат како да се наместам и да дишам за да ги истрпам болките. И јас очекував повеќе внимание како прворотка, ама не знам дали некој воопшто го дава тоа внимание чим ни во двете најпознатите приватни родилишта во Скопје го нема.

    Едит: бар во сала за царски ме носеа со количка не одев сама
     
  10. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    453
    Пол:
    Женски
    Мене во Систина на 10цм отворена не ме погледнаа и ме пратија сама во вц да се туширам. Исто така и пешки одев до родилна сала, застанував на три чекори се потпирав за ѕидови правев паузи па продолжував и само ме гледаа и ме чекаа.
     
  11. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    лелее значи јас добро сум поминала...
     
  12. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    453
    Пол:
    Женски
    Вака кога ќе земам сега да се навраќам што како беше, стварно не ми се јасни некои работи и сфаќам колку биле некоректни во тие моменти.
     
  13. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    5.618
    Пол:
    Женски
    Систина секаде со количка те возат
     
  14. Zakica88

    Zakica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Никаде не е веќе сјајно ама тоа е мора да се помине тој пат.
     
  15. Ultras1312

    Ultras1312 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Некоја породена скоро со царски во Систина? Дали се намалени деновите и на кој ден сте отпуштени не сметајки го денот на прием пред царски (после 18ч)
     
  16. Moon2021

    Moon2021 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2021
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Petiot den te pustaat cetiri noki posle carski
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    17.512
    Пол:
    Женски
    никаде не пишува во пакетите за пораѓај дека бираш доктор во цената, така да тоа што др Котларова не се појавила мислам не стои во договорот.
    Второ, на 5прсти отворена никаде во свет нема да примиш епидурал зошто е ризик, а плус кај тромбоцитите ете биле проблем. Потоа чим те породиле со општа сигурно знаат зошто, не ни ризикувале да се случи на некого нешто. И да, секаде идеш сама до операциона сала. А во Ремедика колку има од соба до сала? Само паника сеење ти е постов зошто не било како во твојата глава што си замислила.
     
    На cocopuff, Anastasia579, Ladyme и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    3.385
    Пол:
    Женски
    Скроз е вака. Доктор има право да оди на одмор не е должен секој пациент да го чека кога ќе се пораѓа. И мене ме водеше и со првото и сега Котларова од почеток до крај, па за второто се погоди да не е тука кога добив болки. Исто многу бргу се отварав а чекаа резултати од крвна слика за да видат тромбоцити за епидурал, па на 7 см отворена ми ставија и ете не фати епидуралот. Одењето од соба до сала е буквално 2 чекори и со природен пораѓај е и логично да се движиш и да стоиш зошто полесно се проаѓаат болките. Јас и во сала стоев потпрена на бокс и така ги истерав последните контракции и буквално се качив на бокс кога веќе требаше да буткам. А со тромбоцитите проблемот го имаше и другарка и исто ја пораѓаа царски со општа.
     
    На cocopuff, Anastasia579, Ladyme и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    17.512
    Пол:
    Женски
    па знам сум била на посета горе и во глава ми е останато дека салата е на 10метри ама викам ај да не е нешто на друг спрат во хирургијата…. Не верувам дека доктор или сестра повишувал тон, се дерел, навредувал. Како што можеш да си добиеш во државни клиники некаде. Тоа кога ќе каже некој арогантен доктор стварно не разбирам што значи. Еве ние што се размислуваме за таму и да читаме вакви работи само страв може да добиеш и ништо друго.
     
    На Anastasia579 и Thinkerbell. им се допаѓа ова.
  20. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    510
    Целта на некои членови кои се зачленуваат исклучиво за да пишат во одредена тема е баш таа, страв, колебање и одбивност да постигнат, во случајов тоа е Ремедика.
    Секое пораѓање е уникатно искуство.
    Со позитивна мисла ќе биде се во најдобар ред.
     
    На Ladyme, EarthFire и Anie93 им се допаѓа ова.