Поселска шема, амин. Од инает не ми се оди таму, од сељачкиве работи. Разбирам приватен бизнис, и јас имам приватен бизнис. Ова не е ни медицина ни приватен бизнис повеќе, туку селска пералница на пари.
Се согласувам скроз. Ова им е елегантен начин како да ти наплатат повеќе во секој случај. Зашто ако сакаш твојот доктор да дојде, макар и од поефтината категорија, треба да си платиш 20000 ден за да го викнат од дома, така што пак скапо ќе ти излезе. Нонсенс.
Скроз ви се на место коментарите за Систина, некој рече како се уште одиме таму и разбирливо. Ама еве за мене ќе си кажам зошто сеуште одам таму иако и јас не сум баш задоволна и сметам дека не се коректни за некои работи. За неколку работи за кои сум имала потреба, најдобрите доктори според препораките што сум ги добила биле таму. Еве за породување конкректно и јас би сакала да одам на друго место ама каде? Според тоа што сум го читала на форумов, сепак Ремедика имаат повеке поплаки од Систина. Жан Митрев имаат само 4 доктори последно кога разгледав. За Санте има многу лоши коментари. И на крај пак се враќам на Систина, си викам барем најспремни се а и имам искуство со нив иако не 100% позитивно. Еве ако некој има искуство и со Систина и со други болници нека сподели мислење.
Pred edna nedela uplativ avans vo Sistina i eksplicitno gi prasav za tie 20.000 sto bi se doplatile dokolku dojde doktorot od doma. Na salter mi rekoa da, taka stoi, ama demek ne go naplakame ne se sekiraj. E sega koja e vistinata, ne znam, zdravje ke vidam za dva meseci, ama iskreno se nadevam nema da mi naplatat uste extra 20.000.
Јас во Систина имав од поскапата група на доктори одбрано, требаше да биде закажан царски на крај испадна итен царски. Го повикаа докторот од дома ноќта за да ме породи ама не ми наплатија дополнително за тоа.
јас водев две бремености кај Корнелија и два пати ме породи природно, презадоволна, од мене имаш препорака за Корнелија, имам слушнато и Јорданчо дека е добар, секако нема да згрешиш
Не сум прочитала поплаки за Ремедика искрено. Минатата недела само имаше еден коментар, ама искрено се познаваше дека коментарот е претеран и не беше баш на место. И од наша страна како пациентки, има секакви карактери, не сме ние секогаш во право. Санте да, нема добри оценки. Во право си дека Систина се најопремени за секаква ситуација, ама се иживљаваат сè повеќе и повеќе ради профит и ние сме тие кои треба да го стопираме тоа. До каде ќе им оди тоа лудило? Имам во семејство 2 позначајни грешки од нивна страна, едната лошо изведена операција од реномиран хирург, другата непотребна интервенција, скапо наплатена, а потенцијално штетна.
@Luna88 Дали ќе сакаш да пишеш нешто повеќе, кај кој доктор беше,дали тој истиот те пораѓа, дали вистина повеќе форсираат царски, какви се условите…се што ќе ти текне зашто скоро и да нема искуства од таму, а после промениве со цени и се во Систина, размислувам за Жан Митрев.
Читам и не можам да поверувам до каде стасаа приватниве болници посебно Систина. Поефтина/поскапа група др. , па дополнителни трошоци за викање од дома др. Веќе се разочарувам, и се повеќе се предомислувам генерално за сите прегледи таму. Според ова што пишувате колку е износот на природен и царски пораѓај со др. Што е по наша желба?
Ајде јас да споделам за Жан Митрев најтазе јас сум презадоволна од се третмам доктори акушерки педијатри сестри кај бебиња хигиена се. Презадоволна од Д-р Владимир Кижески стручен грижлив достапен. Мн беше среќен дека имав наод за природен пораѓај. Ниту еднаш не спомна царски Кога дојде време за пораѓај отидов со скоро 5 прсти ме ставија на цтг ме сместија во соба сите доктори следеа прашуваа акушерките ми помагаа со дишење со масажа со се. И да предходно имаше пишано дека да им се соберат повеќе жени за пораѓај нема да знаат прст во гз да си пикнат епа знаеа кога јас се пораѓав во исто време имаше уште 6 од кои три царски едната дојдена од Гак во 30та недела се породи тука. И ништо не доплатив колку што ми рекоа толку дури докторот ми викаше што можам да си направам брисеви на друго место да не плаќам тука храна сокови студиња колку сакаш лекови за болка сестрите одма доаѓаат само што ќе ги викнеш буквално за се само не ми се свиѓа кај сите приватни е исто кој кога сака доаѓа посета во секое време
Јас се породив таму никој не ми спомна царски Кижески Јелена мн добри доктори, коа се пораѓав имаше уште две кои се породија природно наредниот ден дојде уште една точно нема мн гужва и пораѓај како систина и ремедика. зимаат и предвреме родени па види колку се стручни и спремни
Се извинувам што доцнам ама со мало цицалче сум ни форсирање за царски ни ништо. Во еден момент малиот ја имаше спуштено раката до главата и др. Андонова која ме водеше рече дека ќе почека да ја спушти... дури и јас и реков абе ај да не се мачиме дајте царски. Бидејќи знаеше колку сакам да е природно, рече да се стрпам и да не брзаме. И бидна природно. И беше прекрасно. Поради немање силни болки освен скроз на крајот не користев аналгезија. Она и акушерката Маја ми овозможија породување од соништата. Ме храбреа да издржам, да туркам, ако треба и да врескам ама да дишам и да ги слушам. Со 3-4 напона бебето излезе, го презедоа, ми го спуштија на стомак. Дури и не бев свесна дека излегло бебето. Сопругот ме држеше за рака му дадоа да ја пресече папочната врвца. И го однесоа синко за бањање и облакање. Полежав околу 1ч па ме однесоа во собата. По некое време ми го донесоа, се гушкавме, цицаше и го земаа да одморам. Изутрината појадок, визита, па синко го донесоа. Имаат прекрасни 3 гл. Оброци и 2 ужинки. Помагаа за доење, нудеа сокови, води, кафе... му правеа аудиолошки скрининг и разни крвни анализи, го сончаа, и цената беше 95.000. Всушност имавме 12.000 уплатено околу 10г.н и го доплативме остатокот од 83.000. Останавме една ноќ плус. Има 4 прегледи од педијатар, еден од гинеколог и еден од ортопед на 2 месеци. Слободно прашајте ако нешто пропуштив.
Др.Ирена е тоа така? Слушнав многу убави мислења и за неа размислувам, после ужасно трауматичниот прв пораѓај (во Чаир) овој пат ќе одам приватно и имам страшна потреба од смирен доктор и поддршка.
Ирена е врв немс да згрешиш, толку внимателна посветена достапна. Преубаво породување имав со нејзе и преубави спомени од деновите таму, воглавно се погрижија да биде среќно и смирено се
Какво искуство имате со породување со царски во Ремедика и по колку време можевте да станувате, дали долго трае заздравувањето?
Здраво. Профиот го направв само за да го споделам моето искуство, предходно бев пасивен читател. Се породив во јануари, сега сум повторно трудна па почнав да гледам за болници каде да се пораѓам и малце се истригав од некои коментари за Ремедика. Кога бев бремена според премногу добри коментари и лични препораки ја одбрав Ремедика и докторката Симонида Котларова за породување. Кај неа ги правев сите скрининзи и почнав од 36 недела на ЦТГ. Бременоста ми беше совршена, немав ни јас ни бебе никаков проблем. Според докторката и други доктори кадешто бев предходно, бебето беше некоја недела пред термин според големина. Сепак до термин јас немав никакви индикации за породување. На денот на терминот имав закажано ЦТГ сабајлето. Како одевме накај болница ме фатија болки, ама јас првородка и имам екстремна толеранција на болка не беа нешто страшни. Стасавме ме ставија на ЦТГ, и имав контракции до крај на линија. Ја чекав докторката, сестрата више почна да ме спрема за да ме носат во соба, дојде докторката ме прегледа рачно, ми рече не си отворена оди си дома вака може неколку дена да тераш и движи повеќе, и дојди за два дена. Ние сме од друг град, знаеше докторката и сепак заминавме до дома. Јас бев цел ден со болки, движев колку што можам, и до поручекта почуствував дека нешто не е во ред. Отидов кај матичната во мојот град, само што ми го виде ЦТГто ми рече ти мораш одма на пораѓај, што си дошла овде. Ме прегледа и ме стави она на ЦТГ, на бебе му паѓаше срцева реакција. Итно заминавме за Скопје, одма ме однесоа на итен царски, бебето од здраво и право се роди без срцева реакција, беше 48 секунди без отчукувања, среќа педијатрите го реанимираа, и некако преживеа. Беше во инкубатор 7 дена за да се следи ситуацијата. Да непоменам утрината кога ме гледаше докторката, имаше уште 5-6 жени што ја чекаа за преглед, и закажан царски рез. Да ми обрнеше 2 минути повеќе внимание немаше ништо од тоа да се деси, и ќе се породев без толку стресови и животно загрозувачки. Да спомнам уште дека преплативме и за инкубатор и за мојот престој таму, што доколу бев навреме породена немаше да биде така. Се извинувам за долгиот пост, ама ако јас прочитав нешто слично немаше да одам кај неа, и немаше да ми биде бебето без срцева реакција родено, ниту еден доктор на тоа ЦТГ не би ме пратил дома и плус во друг град.