ахаа епа јас имам друг фајл ама таму цените се: природно 106.400 Царски: 140.900 Значи пресметани се, затоа ме збуни викам и плус да не треба на ова Од кога ќе идеш на подготовка?
Да во тој ценовник на страната пресметани се, ама се плаќа одделно од прв ден кога ќе се тргне на претпородилна. Од следна недела треба да договорам, само не знам што сѐ следува во подготовката, знам цтг и ехо од претходно што имам прашано, ама па ехо се доплаќа најверојатно или следува не знам ако знае некој да каже да знам колку ќе треба да се плати
Кога ќе платиш подготовка, следува ехо и цтг се до пораѓајот. Ќе ти даде докторот насоки колку и како да доаѓаш спрема отвореноста и бебето. На почеток може ќе одиш 1 на една недела, како ќе ти доаѓа терминот се оди почесто. Инаку за членката погоре, целата сума ако е пресметана, кога ќе платиш подготовката на крај ќе ти се одземе од целосната сума. Фактички исто е. Откако ќе се плати авансот, после тоа ништо не се плаќа посебно.
Имаш ли одено кај нив, затоа што пред некое време кога прашував ми рекоа ехото плус 4000 денари се доплаќа и ме замисли тоа?
Јас лани се породив таму, ехото е вклучено во цената откако ќе платиш, во случај ако е пред да започне подготовката можеби мислеле на тогаш дека е ехо 4.000 денари.
Оки фала, уште се немам спремено се утре утре викам с кога ќе идам толку сум само за бебето фокусирана се заборавам да прашам
Мое мислење е да си видиш во жан митрев мала разлика во цена е мислам дека а третманот условите во жан се врв
Се враќам да ви кажам дека ВО ПРАВО БЕВТЕ ! Сакајќи да заштедам некое евро платив многу повеќе постпородилно лекување, сега плаќам лекарства и психички уште се опоравувам. Тоа што сакав да заштедам пари и да се породам на државно можеше да ме кошта живот. Нема да пишам ни која болница ни кој доктор за да не бидам препознаена. Знаеме од поодамна дека докторите висат по форуми и ловат негативни коментари. Само ќе кажам секој да си размисли убаво и да донесе информирана одлука. факт е дека секаде може да се случи нешто непријатно и опасно. Ама ете мене ми се случи што ми се случи. Не го обвинувам ни докторот ни никој. Сама сум крива, сама си го барав. И на државно знаеме не е бесплатно, само на шалтер не се плаќа.
Баш ми е жал, не си ти крива не треба да е така. Ама треба да си сфатиме дека не можеме да промениме илис напрајме подобри услови, ненормална стока работи по државните и подобро парите него недај боже. Се надевам сега си ок..
Во Жан е 95.000 спонтано царски нз имаш на нет види јас сум презадоволна од Владимир Кижески, има и други Јегени исто добар доктор беше во чаир и во санте, Ирена исто така, акушерките исто прекрасни имаше една така подрска поише за муабет неголи за работа ама пак што ќе и побараш ќе те услужи
Се породив во жан пред три недели таму беше дури и влезе да провери како терам со болките после и на визита дојде гледам дека на сајтот на жан митрев пишува дека и во оне хоспитал работи
Здраво девојки, Можеби прашањето не е за во оваа тема (прв пат пишувам, па ако грешам тема ве молам насочете ме), но ме интересира колку чини дневно нега на бебе во инкубатор во приватна клиника во случај на предвремено породување. Претпоставувам дека се големи варијации зависно од состојбата на бебето и гестациската недела на раѓање, но доколку има некој искуство и поново инфо би ми значело. Благодарам