Дали можете да ми препорачате од кој доктор сте задоволни од ГАК за породување со царски,бидејќи првата бременост ми е се во Систина бидејќи правев оплодување и таму се и породив и затоа немам искуство со доктори на ГАК, и пример дали бебето е со тебе константно бидејќи во Систина го зимаат за хранење/средување итн. И дали е дозволена посета ви благодарам.
Би сакала и јас да споделам искуство, можеби ќе ѝ помогне на некоја членка на форумов. Во последните 3 години имав две бремености и со двете со царски рез се породив. Со првото бебе се породив во Чаир кај доктор Илиевски, имав супер искуство и покрај тоа што беше итен царски, бидејќи многу сакав природно а и немаше индикации до крај дека не би било така.. но сепак сум задоволна бидејќи одлично поминавме и јас и бебето. Со второто одбрав да одам во приватна болница само затоа што не можев да си замислам да го оставам првото дете 5-6 дена без мене бидејќи до тогаш бевме постојано заедно, а во државните не дозволуваат посети. Од една страна тоа и ми се допадна многу во Чаир, многу имтимно искуство, ама за среќа и во приватната болница бев сама во соба па никој непознат не ми доаѓаше, ниту па моите најблиски го реметеа мирот на друга мајка со бебе Се одлучив за Жан Митрев и Доктор Владимир Кижевски и сум преблагодарна за целото искуство. Ниту го познавам докторот од претходно, немав слушнато ниту прочитано искуства за него, ама мислам дека да планирав и замислував немаше да имам такво доживување. Повторно беше царски бидејќи беше во краток период после првото пораѓање, целиот тим на доктори, акушерки, сестри, анестезиолози се одлични, пријатни, достапни. Чисто, топло, имав чувство како да сум дома, т.е поубаво од дома бидејќи во секој момент имав помош и достапност од персоналот Доктор Кижевски ми влеа сигурност и доверба со својот пристап, мек, смирен, темелен, многу посветен, професионалец во секоја смисла. Од срце го препорачувам. Да ми даде Господ уште едно бебе, пак истиот доктор би го одбрала Ви посакувам лесно и безбедно пораѓање на сите
Исто мислење за Д-р Кижески само позитивен коментар господ здравје да му даде презадоволна од целиот третман во Жан митрев акушерки Марија Маја прекрасни јас природно се породив. Од траума на Гак со првото сега прекрасен третнам секоја трудница заслужува таков третман
Бебето го носат сабајлето накај 8ч (некогаш и порано)а доаѓаат по него дури вечерта накај 21-22ч. (Тоа беше во мојот случај и кај цимерката). Бидејќи не смеев да го дојам ради царскиот и клексаните кои ги примав носеа шприц со млеко и му даваа пред мене. А за пресоблекување додека беше кај мене јас го пресоблакав, го држев во раце итн. (Не го бањав)
Фрида, најди некој на клиника, имаат услови солидни. Знам дека ова што гледаш последно на тв те плаши и целата ситуација ама еве јас со неколку мајки што бев тој период имаше добра нега. Како и да е најди некој човек, макар сестра медицинска.
Јас се породив 26 недела и 2 дена.И ние со ММ сакавме во Систина ,ама самиот док што ми ја водеше бременоста не предомисли дека е многу скапо и дека Државна се добро обучени и имаат добра нега.Мој совет ти е Државна ,како што ти напомена Laidyme најди некоја врска за да добиваш ппвеќе информации затоа што незнам како е со ппсета сега заради вирусите.
Како се одвиваат посетите во Систина, времетраење и дали пуштаат деца? Каква е праксата, има ли ограничување колку луѓе можат да дојдат одеднаш и дали има ограничен рок на посетата?
Мислам дека беше сабајле од 10:00ч па до 20:00ч а деца под 12 год.не пуштаат. Нема ограничување на посетата..
Од двата пораѓај што ги имав во Систина, само посетата би ја издвоила како недостаток. Првиот пат на моја среќа кај цимерката освен сопругот не доаѓаше никој и тој имаше осет седеше 5-10 минути и си одеше. Некогаш седеа и надвор во делот со гарнитура ако сакаа на раат да се видат. Затоа вториот пораѓај кај цимерката пола Куманово дојде. За среќа јас бев до прозор па не мораа да ми поминуваат пред мене, ама затоа еднаш чекав да излезат за да одам до тоалет. Народ без осет ако ти се погоди тешко тебе со цимерка во соба. Јас касно дознав дека за втор пораѓај давале бесплатно сама во соба, инаку ќе барав.
Што прост народ шета ех, да си без осет до толку да дремеш у соба кај родилки. Разбирам, радост, мереак ама 2-3 дена не можат да се стрпат ? Малку да им е незгодно да речат, чекај бе на цимеркава може и се моча, и се прди, треба да јаде, може сака да истегне нозе низ соба а е по спавача, одоздола гола без гаќи, па може ќе и протече крв, може аака да се истуѓира и по бањарка да си излезе од тоалет, незгодно ние тука да пуштаме корења, ама не, проста раја, го имаат тоа сељачкото "сум платил па ќе донесам и пола држава кај жена ми у соба ако сакам".
Се согласувам за посетите треба да се поограничени. Мене среќа ми беше втор пораѓај па сама си бев и многу подобро. Си имав приватност, си одмарав кога сакав, кога ми е досадно си зборев на видео кол. Беа на кратко да ме видат моите и маж ми, ама не беше тоа седење со саати. Од друга страна знам другарки што не сакаа да се сами иако имаа прилика, така да секој си е со свој став.
Плус причина што не сакам систина, ремедика бар знам нема посети ќе се издржи тие деново и тоа е. Ама Систина претеризам, во време на вируси, грипови небулозно е кај новороденче да се пикаат толку луѓе. Мислам ако на таа другата не и е гајле, зошто јас да го јадам да ми довлечка некој некаков вирус. Па бар да ограничат посета на мажот и толку, а не што е тоа бутик глупости