Другарка ми беше со болки скоро 3 дена, од сабота вечер, се породи во понеделник попладне. Природно. На крај сепак докторот ја проценува ситуацијата.
Da be ne e macenje ami aj da kaze Aman e od cinicniosobi ne mi se sede veke na forumi najrealno sedam na fb so grupi od srbija bosna I imat poveke pocit edni megu drugi otkolku nie ovde nedaj boze nekoja da ima sprotivno mislenje od druga clenka
Мене ми рекоја на бокс се додека тоновите на бебе се добри, ти ќе си раѓаш природно. 2 пати се изгубив ми даваа кислород, ме освежуваа и тако даље. Цел живот ќе ги благословувам што така заврши. Заради полесно опоравување што имав, не за да се дичам дека сум херој мајка да се разбереме 13 саати болки и отворање, тогаш ми изгледаа многу, ама сфатив дека така е " по книга". Има ситуации кога мора да завршиш на царски фала богу, ништо страшно ако е бебе здраво и живо. Пораѓајот не може да го предвидиш секогаш како ќе биде. А ова дека во државна болница ќе те умрат и нема да те породат царски не држи вода. Индикациите за царски секаде се почитуваат.
Така и реков, се додека бебето е добро и пораѓајот тече нормално. Иако 100 пати тогаш велев не можам, не знам да родам и уште многу други глупости Нема не можам беше репликата секогаш. Ама ако требаше ќе завршеше царски, тоа е толку небитно во краен случај, битно здрави и живи.
Делумно не се согласувам. Во државна многу често грешат во проценка , па те доведуваат во крајност за да те стават на царски. Со мене беше така, 1 недела 2 цм отворена,прејаки контракции цел ден и на крај хитен царски и многу други жени иммат ист случај како мојот. Државното здравство ни е мизерија,очај! Не ја разбирам поентата со сила да иницираат природен пораѓај,како царскиот да не е за луѓе. Навистина опоравувањето е потешко,ама кога се мора нема што да се прави тука. Познавам една жена ,ја малтретираа природно и долу испука цела,да ми извините до газот цела испука и пак на царски заврши,три рани кутрата и долу,задникот шиен и стомакот, многу често претеруваат со чекање.....
Го делам потполно истото мислење, уште 10 деца да родам во санте ќе одам. Презадоволна од секој аспект, за др. Јегени не сакам ни да коментирам каков човек и доктор е, професионалец на највисоко ниво. скоро се сретнавме и после нецели 6м од породувањето ме позна и си направивме муабет како да сме пријатели. Секој си кажува според искуство
4 дена со јаки болки без епидурал и на крај царски ? Ма дај ти се молам. Болницата во вис ќе им ја кренам
Јас се одлучив за породување во Ремедика кај др.Зоран Јовановски. Се надевам дека ке биде се во ред.Бебето сеуште не е наместено како што треба но го чекаме.Со лесно на сите!
во апартманот имаш и ко двоседче некое, фотеља, од она што гледав слики, а друго што има плус не знам
Да допишам искуство - патронажната сестра беше топ. Остана 3ч и ептен убаво ни се посвети. Имам бројче за консултации 24х7. Ми се јавија неколку пати да проверат како се снаоѓам. Во анкетното ливче кога си одев имав пишано ситни забелешки и ми се јавија да ме прашаат за што поточно се работи и се извинија. Сума сумарум - очекував хорор како што читав тука, ама ептен сум задоволна. Посебно од неонатологија одделот.
Во систина ако се породиш летен период има малку персонал и е ужас другарка се породи летово и не помина ич убаво во однос на сестрите зборам а породувањето беше супер, има разлика мегу сестрите на интензивна и на овие другиве, али здравје ке видиме како ке биде за неколку месеци. пред скоро 3 години јас супер поминав. а да јас добив впечаток може и грешен ете али ако видат дека работиш на солидно раб место ко да те тинтрат повише, една уште и и викаше на цимерката а ке дојдам јас кога ке ми треба услуга кај тебе