Не знам како било порано во Систина, ама јас кога се породив во 2023та година бев максимално разочарана од болницата, сестрите и особено педијатарот. Ми е жал за парите што ги дадов. Ако некогаш раѓам пак не би се одлучила пак за таа болница.
Исто и јас сега се породив пред три месеца на толку мислење каде и платив по повисоката цена за доктор.И многу сум разочарана од сестри на одд. А за посета јас немав посета само маж ми доаѓаше на кратко и цимерката исто ми се погоди немаше многу посети.
Јас уште од сега да ви кажам, другарки феминки, тие што ќе се пораѓате сега во јануари во Ремедика; ако се погодиме заедно во соба и ако ја претворите собата во железничка станица, ќе се лутам и ќе се скараме. А нејќам да биде така, сакам да си бидеме поддршка и да задржиме убава енергија во собата, посебно зашто ќе ни ги носат бебињата и треба да бидеме смирени и спокојни.
Во ремедика нема посети. Само таткото може да влезе преку стакло да го види бебето и толку. Во корона беше така и уште им е задржана праксата. Јас каква бев крварев цело време лом бев уште да ми носат посети кај цимерка па ќе ги дигнам во воздух мислам. Ме носеа да ме бањаат 3 дена не можев сама да се движам, ама гости пола фамилија да ми доаѓа Ај порано немаше вибери , сега е фала богу просто на вибер видео кол и кој сака нека го гледа, па морало во живо и што ќе види бебе родено и
Да, бев Ремедика во 26та недела за терапија за грлото и така беше посета кратка во одреден дел од денот, бебиња се собираат и само преку стакло да се видат. Јас на Гак се породив предвремено, па една замина цимерка додека дојде друга и бев сама од 11 до кај 10 вечерта и толку гасови имав па поспи па стани си правев, погледај тв пак заспи. Значи се одморив кога дојде цимерката, мака голема мн хчеше како воз. се брзав да заспијам пред неа хаха. Нема везе работава беше, кај гасови мн од царски, кај рана крвари отворена цела бев доле со улошка само, она цицки надвор дрво и беа се масира. Незнам никој несакав да ми влезе ни маж мој ни нејзин. Може за туширање ми требаше помош ама ваму барем сестри има да помогнат на приватно овде на мајками и плачев само за тоа ми требаше помош се осеќав мн нечисто јас, мн бев во болница и пред пораѓај. На мене лепенките седеа од операција 5 дена со јод цела умачкана. Мм ме бањаше кога дојдов дома. Сум за посета ако има човек апартман земено и е сам, ама не сум за бебе да биде тука со луѓето.
Прекрасно искуство сама бев имаше уште родилки но сите бевме во различна соба третман прекрасен акушерки супер се храна ок кафе сок цедено смути третман 10ка само тоа со посетите не ми се свиѓа може да дојде кој кога сака ај сеа сама во соба ама со цимерка тоа нема да биде во ред сега немаат толку родилки кога ќе имаат сигурно по две во соба ќе ставаат тогаш мислам дека ќе треба да ги ограничат посетите нема дс згрешиш Владимир Кижески супер доктор исти и Јелена ја сум презадоволна
Само да ве известам дека преку ноќ цените за породување во Жан Митрев се покачија за 300 евра нов тарифник за 2026 година
Оф леле, па веројатно прашање на време беше кога ќе го направат тоа... Беше 95 000 за природен пораѓај, 130 000 за царски. Сега е 113 000 со 148 000?
Епа продолжете да ги фалите тука на форумов и за некој месец ќе качат пак Инаку се очекуваше тоа од Жан Митрев. Не викам дека и другите приватни болници не се перални за пари, ама овие ептен брзо го качија стандардот како за приватна болница во која до неодамна не постоеше ваков оддел и во која едвај успеале да соберат основен персонал. А има неколку членки на форумов што постојано ги пишуваат истите коментари и ги фалат колку било добро таму да се породиш, па веројатно успеале да убедат некого да појде и да го кренат интересот. Често поминувам покрај болницата, од неколку спратови едвај на еден спрат во неколку простории им гори светло, како да е запустена болницата. Еднаш се вклучив на едно онлајн предавање и од тогаш на раат не ме оставија со реклами и промоции на мејл.
Па белким за искуство е форумов? Побарувачката си го прави своето и малце е глупо е да ги кривиш членките што имале супер искуство и што мене ми помогнаа да направам избор, што е поскапено доста тоа е реалноста, кој може ќе си плати
Ќе сакате да кажете од моменталниве доктори од Ремедика кој сметате дека е поокеј за пораѓај се мислам помеѓу Афродита и Јане Стојковски мислам беше? Ефремовски изгледа е во пензија???
Не ги кривам членките што споделуваат искуство и се задоволни. Само имам приметено (за една членка сигурно) дека на неколку наврати на форумов ги има испофалено и се надевам дека не е реклама туку дека навистина зборува од лично искуство. Инаку и мене форумов во комбинација со разговори од блиски ми има помогнато и јас полесно да се одлучам.
Може за мене збориш ја сум една од нив не е реклама си платив 95.000 ден од траумата што ја преживеав на Гак со првото од пораѓај два дена од дерење и од брцање на прсти како нездрави и вадење на дете со вакум ова што го добив во Жан беше за мене 10ка може други членки нема така да се чуствуваат така во таа болница но тоа е мое искуство и пак ќе речам имам пишувано претходно како ќе ти се погоди за жал во МК е така дали е приватна или државна само со господ напред и со лесно затоа фалам само пораѓај педијатриски прегледи што следуваат во пакетот од кога не отпуштија од болница не ми се свиѓаа мн набрзина ради реда а додека лежев таму немам збор за грижата на педијатрите
Јас сум задоволна и од педијатриските прегледи. На последниот, кај др. Мила останавме речиси 40мин. Многу убав преглед. А извинете што изразивме мислење. Или треба само кога критикуваме да се јавуваме? Извинете но многу е чудно што не критикувате дека сме биле задоволни. Се сомневам дека во ЖМ цените поскапеле откако читале на форум пофалби.
Никој не ве критикува што сте оставиле позитивен коментар, само кажав дека се надевам дека зборувате од лично искуство а не заради реклама, со оглед на тоа што има и многу такви на форумов.
Јас стварно не знам како да се одлучам каде да одам. Сите вие што се породивте последнава година, ако сакате споделете како одлучивте на која болница да ѝ го доверите ова најважно нешто во животот. Кој ви беше мисловниот процес и како дојдовте до заклучок? Што мислите дека е најважно? Докторот? Искуството негово? Односот? Сестрите? Негата и грижата отпосле? Хигиената? Цената? Бенефитите? Друго нешто? I overthink, therefore I am.
Sekoj razlicno ke ti kaze, jas gledam da se osekjam sigurno, da znam prvo i osnovno deka ke mi bide dadeno epidural, a vtoro bitno mi e i odnosot na sestrite, i edukacijata dur sum tamo, i najbitno da ne si zaminam so traumi, da ima dobro obucen personal a ne doprva da se vezba nekoj na mene. Od site do sea sto gi slusav i sto zborev za ova jas sto go sakam, site okolu mene mi aludiraa na sistina, pa sega ne znam eve neka kazat taze porodenive clenki
Исто и ние бевме кај Доктор Мила првиот преглед супер вториот ја чекавме 30 мин имаше пораѓај и беше присутна третиот пат не упатија во амбуланта каде што се прегледуваат болни деца и она се изнервира и ние си заминав не доседов да ја прегледа затоа викам индивидуално како ќе ти се погоди а дека е стручна стручна е