Леле не ви е лесно на вас овертинкерите За секој предлог ќе најдете 3 нови проблеми и така во круг, конечно решение нема ама има мн стрес во главата Што и да одлучиш, не можеш да ги контролираш сите околности. Јас си ја избрав докторката и готово, не ме интересира друго, не можам да тупам дотолку до ситни цревца.
Здраво, дали може некој да сподели искуство за пораѓање во Систина кај доктор Гордана Петровска? Ви благодарам
не знаев во која тема да пишам... дали некој користел теретана што се породил во Систина? пошо имаше во пакетот за породување 3 месеци
Чекај не сум ти кажала нели пишувавме да почнеме. Се јавив и ми рече важи само до 16h, викам која мајка со мало бебе може да вежба наутро кога сопругот е на работа… епа тоа е тоа полна ни е салата попладне немаме место и така се откажав немам како да се организирам во прв дел од денот - ја ниедна масажа ни теретана не успеав да искористам немаше термини
Јас се пораѓав лани кај Афродита, супер пројдов, супер е докторката, опуштена. 2-3 недели при крај ме водеше и Јане бидејќи Афродита беше на одмор, супер беше и тој, смирен, сталожен, за него сум слушала за спонтани пораѓаји дека е одличен, многу од неговите пациентки и без епизиотомија поминувале. Дали е коинциденција или си има некој трик човекот не знам.
ајдее, глупости... јас буквално два пораѓаи ништо неам искористено сега таман се решив во понеделник да се јавам...
буквално цел пакет им е лага, за втор пораѓај ме сместија со 4 други жени во соба маж ми сега кога ми кажав за теретанава се напна, тужи ги ми вика
Ја не знаев дека такви соби воопшто има првиот пораѓај бев сама, вториот со цимерка, другарка за вториот и дадоа апартман сама поголем
има, дневна болница ги викаа, толку беше гужва шо само таму имаше место, јас бев 5та во соба и горе кога ме качија исто немаше соби ме сместија во соба за будење, па во 8 сабајле си се распослаа пред мене со буреци јогурти, тргнаа завеса и си доручкуваа едно 10-15 души имаше до мојот кревет, ја умирам од болки они бурек си цепаат такво беше моето второ искуство во Систина
Си требала да бараш нешто попуст поплака да напишеш ради непочитување на пакет. Колешка така и направија, не беше за пораѓај, за друго... па доби после бесплатни прегледи, анализи итн... колку толку ја обештетија
ни вечера немаше, пред 5 дена се породи другарка со второ, беше во апартман и вечера и се јас во сред одмори изгледа ги фатив @Milkiway требаше може, ама ајде бидна веќе, си отишол за убаво, не сакаш да се нервираш, сега со ова за теретанава се напнав, искача ништо од пакетот не почитуваат
Ova ne e opravduvanje. Imale guzva, neka si se snajdat, neka ja proshirat bolnicata, neka pravat neshto. Na taa para da se odnesuvaat kako vo drzavna bolnica? Sramota
Леле мене во соба за будење ме сместија кога ми ставија провокација, зашто во предродилна немаше место. А беше понеделник, сред лето, па како доаѓаа си раскажуваа како поминале на одмори, кој кога се вратил, кој кај ќе одии среќа кога заврши породувањето, цимерката веќе ја имаа пуштено дома, па се до последната вечер бев сама. Последната вечер ми дојде цимерка што беше напната зашто требало да биде сама ама немало место веќе, зашто имале повеќе приеми вечерта