скроз си во право, ама мојот впечаток е дека не е Систина тоа што беше порано, не ми се веруваше дека јадеа бурек до мене, земав ги снимав со телефон не знаев дали ќе ми веруваат луѓево @Baby warrior за трето може ќе сменам болница @Tulip023 исто, исто за одмори си збореа кога се пораѓаше?
Ова па и малце тешко би ми паднало дека за одмори се зборело ја у болки скроз безвезе баш ме зачудивте јас имав најдобар однос стварно освен една сестра што не ја утепав втората вечер по пораѓај пишував негде по темиве дека ми боцна клексан во сон и срипав од болка плус си имав боцнато сама пред да заспијам во договор со мојот гинеколог што ме породи. Излегов во ходник да ја барам по спаваќа
Искрено, јас и покрај тоа, имав позитивно искуство. Породувањето, иако на крај испадна итен царски по неуспешна провокација, помина супер, сите во сала беа фини и пријатни, за постпородилната нега исто така немам замерки, освен за една сестра од неонатологија, за која од сегашна гледна точка можам да кажам дека делумно она била виновна, делумно моите хормони кои ми лудуваа тогаш
Јаххаахха исто исто и јас сега се смеам на мојата реакција буквално ми дојде наплив на гнев да ја утепам, излегов во ходник да ја барам ја запамтив како изгледаше од толку што ме здоболе, јас спијам она влегува во соба во 23:00 и ми збрцува инекција во рамо. Кога срипав викам што правите?? Па клексан има на програм за тебе, па викам јас нњ сум во кома па да ме боцкате како сакате, спијам! Плус докторката дојде да ме види и ми рече сама да боцнам пошто имав со мене клексани цела бременост боцкав секој ден. Побарав и да дојде дежурен доктор да разговарам вечерта зошто дојде дупла доза клексан само што породена, беше Бојаџиев дежурен а се знаеме и од низ град тука сме со генерација негде со него па ја смирија топката
I jas se porodiv togas. 11 avgust so carski. Prvo bebe I so cimerka bev kako sto si bese dogovorot. Jas iskreno sum prezadovolna Dr Palcevski me vodese i me porodi. Visoki se cenite apsolutno se slozuvam no I so vtoro da sum bremena pak isto ke odberam.
Јас два пороѓаи, едниот во 5ти месец со пукнат водењак, вториот фала му на господ со здраво живо бебе што го гушкам до мене денес. Двата пати имав мн добро искуство. Првиот пороѓај го направија што е можно понетрауматичен и се сеќавам дека кога ме симнаа во соба првата мисла ми беше, сако да заврши се ова, да закрепнам и да се стабилизирам и наредната година да се вратам овде и да родам здраво и живо дете. Така и беше! Преблагодарна за се
Женски што ми треба да спакувам за во Систина? Претпоставувам ништо ама пак да си прашам Земав нешто за лична хигиена, ланолин, полнач со долг кабел и толку
Чисто како инфо за Систина ама можно е само мене да ми се десило според коментариве, поучена од советиве си земав продолжен за телефонот да го полнам и не ми дозволија се кичмев едвај да го ставам и вадам од полнач сечена со царски…
Девојки, дали некој има инфо за цените за 2026 за пораѓање во Систина? И дали важи акцијата ако избереш доктор пред 12-та недела имаш 10% на услугите? И кога сум веќе тука, кога избравте доктор за пораѓај (во која недела)? Ви благодарам многу!
Не е точно дека пред 12 недела мора да избереш доктор и да уплатиш. Кога и да уплатиш од денот на уплатата па до крај имаш 10% попуст и плус исто 10% попуст на крајната цена. Ама убаво е малку порано да уплатиш ако сакаш да искористиш нешто од пакетот: јога, масажи, часови итн.
Моето искуство од Ремедика: презадоволна од гинеколошкиот дел, незадоволна од педијатрискиот. Не даваат никаква поддршка за нова мајка. Сестра е влези/излези, не останува бар 10 мин со тебе да ти помогне за доењето, да ти покаже убаво (сем една, две), педијатрите те застрашуваат, форсираат АД, а велат, ние поддржуваме доење, итн. Немаат добар пристап за млада мајка која сака да дои.
Бебето ми беше со глава надоле од 30та недела наместено, сега бев на преглед + цтг карлично е наместено се свртела. Ми рече дека уште една недела ќе ме почека да имам полна 38ма ако не се сврти ќе закаже царски. Може ли некој да ми каже како оди цела процедура, еден ден порано те примаат и што се прават? За Систина
Зошто да почека до 38ма па да закаже царски, тоа не е воопшто во ред. Бременоста не завршува до 38ма недела, страшно..оди и на друго мислење. Макар и да треба царски може и во 41ва да се прави. Во меѓувреме пиј повеќе вода и на нет има и безбедни вежби кои може да ги пробаш за да се заврти бебче пак со глава надолу. До последен момент има можност да се заврти бебе.