Леле и јас исто не земав влошки за гради и лом се правев. Среќа градникот што го носев кога стигнав на пораѓај беше со мене, па ставив тие обични влошки во него, зошто жива вода бев цело време. Инаку јас се породив во четврток во понеделник ме пуштија царски. Во однос на доење сега немав гајле зошто второ, ама имаше 2 сестри што ептен се трудеа, тие постари. Со првото дете исто и не стекнав впечаток дека педијатрите форсираат ад, зошто првото не напредуваше убаво само со доење поради тоа што беше поспано од жолтица и нивниот совет беше да се измолзувам и давам од шише за да сум сигурна дека испил барем 30мл и после на града да го ставам..
Прочитав различни мислења на темава, ако може некој што има поскорешно искуство за во Систина - дали после 36та недела не наплаќаат само цтг или и ехото е вклучено во пакетот?
Преглед и цтг да, ама ехо? На информации ми кажаа дека само цтг е вклучено, ехото се доплаќа а тука читав на некои членки и ехо не наплаќале. Или како ке им текне така прават?
Jas sum momentalno 38ma i tamu odam, nisto nemam plateno, odam na 5-7 dena na ctg i eho Denes otvarav istorija so krvni analizi i brisevi od nos i grlo, ne mi zemaa pari denes moze ke se iznenadam na krajnata smetka )) ama kako i da e ctg pregled i eho ti e vkluceno vo paketot
Да ви споделам искуство со пораѓај во систина прво бебче. Царски по моја желба кај Др.Корнелија НАЈ ДОБРА докторка во Систина, избрав породување таму само поради неа. А сите други го покажаа пропалитетот на систина уште кога после операција на интезивна докторите и сестрите јадеа во оделот каде што лежевме ние тазе породените. Мирисаше на готвено јадење, а после тоа 2 од нив легнаа на креветот за пациенти до мене. Форсирање за цицање, не хранење на бебе, вриштеше по цел ден, а кога ќе им ѕвонев да ми помогнат зошо многу плаче од врата ќе праша зошо ѕвонам и ке каже НА ГРАДА и толку. Моето бебе намали 230грама за 2 дена-нормално било. Кога веќе не можев да издржам психички пошо бебето 2 дена вриштеше хистрично за јадење, а кога го му дадоа дохрана спиеше 5часа, побарав да ме пуштат ден пред тоа и на тоа добив одговор дека намалувањето не било нормално и било под надѕор на адаптација за адаптирано, кога прашав како ќе видете кога не го храните? Докторката ја праша сестрата колку пати му дале млеко, истата одговори еднаш ( а мене ми кажаа дека тој ден има пиено формула 2 пати). Храната катастрофа-овошјето секој ден скапано освен една круша не скапана, ама не зрела Пижами носат цело време ама 2 пати ми донесоа скроз скинати ноќници кај градите, хигиената ок, освен што тушот беше затнат па кадата течеше. За царски вода и лизгав под Прво бев во соба со 2 има 2 тв, едно далинско па сега ти плати си толкава сума и барај далинско од цимерката да смениш канал. На кратко имаат многу добри доктори ама болницата и работи и функционира на "стара слава" Можам книга да напишам за нив ама доста е и ова.
Прво, честитки за бебето да ви е живо и здраво Жал ми е што си имала такво искуство и тоа во најскапата болница каде за тие пари треба нозе да ви мијат и водата да ја пијат, изгледа веќе во ништо не се разликува од државната, освен во цената... Како и да е, биднало, уживај сега со бејби
Ти благодарам Затоа и пишав искуство за сите што ќе се пораѓаат таму да имат строг став спрема персоналот инаку во спротивно психички ќе се уништите. И да, заборавив-иако се дозволени посети, не дозволуваат повеќе од 1 човек внатре во апартманите каде си сам во соба и си доплаќаш екстра од ден!
Slicno iskustvo imav na drug oddel. Im baram kiselo mleko za deteto. Taa mi vika kje vi dadam jogurt, kiselo mleko treba da naracam specijalno Kafe ne mi donese edna bolnicarka, ne mozela. Za 100 000 denari naplata na uslugata kje mi izmisluvash prikazni. Za prijavuvanje beshe, ama ajde.
Иако и јас сум задоволна од систина, бидејќи се пораѓав брзо и со двете деца можам да кажам дека се гледа дека ништо не реновираат менуваат. Исто неколку од спаваќите беа со искинати врчки кај градите, некои избледени веќе од перење и со шиени врчки од други спаваќи. Потоа за тушот исто беше и во мојот апартман, течеше од долу и секогаш ставав крпа за да излезам многу ми беше страв да не се лизнам. Им треба обнова. Храната беше супер.
Навистина ми е жал за сите што сте имале негативно искуство со Систина. Јас на пример како тазе породена таму не можам да го споделам истото мислење. Буквално немам замерка за никој од персоналот - од хигиеничарка до доктор. Со самото влегување ноќта пред пораѓај, до излегување од таму, целокупниот персонал се трудеше максимално да ми го направи целото искуство што полесно и помалку трауматично. Дури имав неколку нестандардни ситуации кадешто го потврдија тоа. Ми падна лек од заб ден после пораѓај и ги замолив ако може некако да ми стават лек таму бидејќи имаат оддел за стоматологија за да не морам да трчам на стоматолог кога ќе излезам а бебе ќе биде многу мало. Одма го средија тоа - дојде сестра ме зема букбално во спаваќа и ме однесе на тој оддел кадешто докторот веќе ме чекаше. Ми стави лек и ништо не ми наплати, си се вратив во соба. Втора ситуација, интолерантна сум на лактоза и за мене храната беше посебна со оброци кои не содржат млечни продукти. Исто дента кога се породив дојде болничарката и ми рече: во фрижидерот е оставено безлактозно млеко доколку сакаш да си ставиш во нешто или ако ти се пие. Меѓутоа и да не беа овие ситуации, повторно ќе кажам дека на залиха секогаш имало се - искината спаваќа немам заприметено ама се се надополнуваше инстантно. Течеше малку и од туш кабината во мојата соба ама после туширање доаѓаше хигиеничарка да избрише. За посети јас бев во двокреветна соба и не сум имала проблеми - дозволуваа до максимум по двајца во исто време кај двете.
Ете кај мене во апартманот беше сопругот, а по пристигањето на моите родители беа 3ца посетители во апартманот ги викнав да ми го донесат бебчето-тие не прокоментираа ништо после нив помина визита за мене и лом не направија како не сме имале обзир за толку многу луѓе со мало бебе. Кога им реков дека со истите луѓе ке биде и дома одговорија " како и да е многу народ сте за посета" ДА НАПОМЕНАМ дека бев сама во апартман. И да, чистеа цело време хигиеничарките ама кога излагаш од тушот е веќе мокро и ризично за движење. А и на бебињата шпикозните беа искинати долу на ноџињата кај рабовите(првиот ден ми го донесоа со распаран раб). За тие пари барем на нив треба нова облека.