Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    1.921
    Пол:
    Женски
    @ЕленаЛК , @NanaMal или било кој може ли да споделите искуство од Жан Митрев, како сте задоволни од персоналот, грижата , храната. било што да имате да кажете. и кој доктор ве пораѓаше? Јас размислувам за др.Ирена
     
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.770
    Допаѓања:
    14.859
    Пол:
    Женски
    Мислам дека др. Ирена не пораѓа. Другарка ми е бремена и кажала дека не пораѓа.
     
  3. ЕленаЛК

    ЕленаЛК Нов член

    Се зачлени на:
    11 јули 2025
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Се породив пред 5 ипол недели кај др. Кижевски и имав навистина прекрасно искуство. Породувањето помина брзо, лесно и безболно со епидурална, условите во клиниката се одлични, а целиот медицински тим од сестрите, педијатрите и докторите беа професионални, внимателни и посветени. Докторот е многу смирен, детален, прецизен. Со епидуралната не осетив никакви болки, само јак притисок како да ти се оди во вц. Се помина многу брзо и одлично. После пораѓајот и сите останати вработени беа супер, што и да прашам ми објаснуваа, веднаш по пораѓајот кога ми требаше помош и во вц идеа со мене да ми помогнат. Храната беше предобра - вкусна и доволно на количина, буквално цели оброци ги јадев сите 3 дена. Се беше чисто и има се од страна на средства за хигиена, спаваќи кога и да побараш ќе ти дадат нова,.... треба да носите само полнач, чешел и облека за од болница.
    Сестрите многу се трудат за да се воспостави лактација, постојано ми го ставаа бебето на гради, затоа сега еве успешно бебето си цица, не користиме никаква дохрана.
    Во однос на плаќањето, плативме само колку што чини пакетот, претходно има вклучени прегледи, испитувања на крв и брисеви, потоа после чораѓај бебето 4 пати го носев на педијатар и јас бев на преглед кај докторот.
    Нема многу гужва, па затоа сестрите и докторите ќе ви бидат многу посветени.
    Презадоволна сум, топло препорачувам.
    Ако уште нешто друго те интересира, слободно пиши ми.