А како држела и чекала ? Доаѓаат напони не можеш да го стискаш внатре. Пример во ремедика одма си доаѓа др што си договорен, му јавуваат кога си во сала на бокс
Да, ние кога уплаќавме баш прашавме на шалтер за ова, и ни го дадоа овој одговор. Ама после тоа кога разговаравме со докторката што ја одбравме, таа самата ни рече: кој и да ве прими и да не сум на работа ќе следи ситуација и ќе ми се јави па ако е итно и ако пораѓајот почнува за скоро јас ќе дојдам (без да треба тие 20000 да ги платите). Значи пракса е дежурниот доктор да се јави на одбраниот и ако треба одбраниот ќе си дојде. Јас конкретно се јавив на ургентен бидејќи добив болки вечерта во 12 и ме прими друга докторка. Ама ме следеа цело време, знаеа дека нема да се породам ноќта зашто не бев скроз отворена и сабајлето си дојде на работа мојата докторка и таа ме породи додека си беше на редовна смена. Ама ако почнеше пораѓајот порано ќе дојдеше и порано.
Имаше закажан царски за наредниот ден а воденикот и пукна вечерта, дома, пред закажаниот термин. Си отиде во болница без да добие болки и без да има контракции. На пладне како што било договорено и напраиле царски. Не трга секое раѓање веднаш штом ќе прсне воденикот (првородки посебно) , некои воопшто не успеваат да се отворат, некои го раѓаат за брзо.. секое раѓање своја приказна.
Секако мене ми пукна се породив после 9 саати. Добро веројатно исклучок што издржала и не се породила, ама во друг случај нема да го чекаат докторот на закажан термин туку ќе ја породи или тој на смена илк ќе го викнат. Горе без овие детали коментарот ти звучи како скроз друга приказна ..нема врзе како и да е сега е појасно
Јас се породив пред 3 месеци во Систина. Од самиот почеток следев бременост кај др. Бојаџиев, искуството ми е одлично и секогаш со ќејф раскажувам кој и да ме праша бидејќи навистина поминав топ (ситни замерки имам за собите, сестрите на оддел по породувањето и сл) но во споредба со убавото породување другиве замерки скроз ми се небитни. Последните недели поради “лажни тревоги” на цтг имам запознаено и други доктори кои биле на смена (Корнелија, Јорданчо, Јосиф, Ирена, Младен) и мислам дека кој и да одбереш нема да згрешиш. Ако те интересира уште нешто пиши ми слободно
Разликата е кој доктор ќе те пораѓа, а пакетот со НИПТ тест е за само 100 евра поскап, значи ќе му дојде најефтино сега породувањето во Систина. Само нипт да правиш на друго место ќе дадеш 700 евра., сега тие пари ќе си ги испланираш за породувањето.
Па не сум сигурна колку ми има смисла НИПТ тестот посебно основниот… зборувам за мое лично мислење. Така што, не ми изгледа многу нешто поевтина Систина. Плус, останатите прегледи за следење бременост им се поскапи, па кога ќе земеш вкупно и нема воопшто поевтино да фати. Другото, ова со докторите исто малце бесмислено, што ќе се случи ако спонтано почне породувањето а докторот не е на смена, пишува 20000 ден плус се доплаќа да дојде твојот доктор. Така што, далеку дека е најефтино. Пак испаѓа најскапо а како што гледам сѐ повеќе се жалат од условите и негата.
Зошто мислиш дека нема смисла НИПТ тестот, основниот? Дали со новата акција, си обврзан целата бременост да ја водиш во Систина? Јас како што сфаќам, во 12та недела оставаш капар 60к и веднаш се прави НИПТ, а потоа веројатно од 36та недела, почнуваш со прегледи кај нив? Ако не доплаќаш за конкретен доктор, мислам дека е океј цената, се заштедуваат 700евра. Ме интересира пред акцијата сега, какви тестови се правеа таму, да не се овие со нешто понизок квалитет?
Се породив спонтано, за цената моментална најдобро е да прашаш телефонски зашто јас имав тогаш колку што памтам во 12та недела оставено капар и не го фатив периодот на поделба на доктори во групи (поефтина/поскапа група).
Овде може да им ги видиш пакетите, јас се јавив и за да прашам за прегледите Бојаџиев, Корнелија, Сарџовски, Димчев, Ѓорески се во поевтината група и прегледот кај нив е 4300 (додека за преглед во Ремедика платив 5100 и бев во шок!) Скрининзите исто зависно од групата се 8700-6800. Ми кажаа исто дека ако уплатам капар ќе си ја загарантирам и цената, и ако е до 12та (мислам) недела тогаш имам 10%попуст на пакетот и на прегледите. Искрено, мислев дека Систина се секогаш најскапи,ама по прегледов во вторникот во Ремедика (плус за Скрининг со Приска ми рекоа дека е 16000) некако се разубедувам. Бојаџиев пред 7 години ми правеше проодност, по неуспешен обид во Плодност, и имам преубаво мислење за докторот пошо е превнимателен и смирен и човечен. Сега вторава контрола си ја закажав кај него, па се надевам и дека ќе си продолжам до крај.
Здраво на сите, јас се породив во Систина пред една година природно и ќе споделам искуство што можеби на некоја од вас ќе помогне да донесе одлука. Во текот на бременоста нон стоп го читав форумов за Труднички муабети и пораѓање во приватни болници и така донесов одлука да се породам во Систина. Сакам да потенцирам: ова е мое лично искуство и мислење основано на моите лични преференци и очекувања. Она што ми било мене важно, на други е можеби небитно и обратно. Сите сме различни и различно ги доживуваме работите. Потребно ми беше време да се опоравам од постпородилната депресија и да споделам искуство со пораѓајот, па затоа пишувам една година покасно. Мене ми пукна водењакот на денот кога влегов во 37 недела. Ме примија одма вечерта во болница и два дена покасно, ме пораѓаше Др. Златко Палчевски. Докторот не ме однесе на царски бидејќи параметрите на бебето беа добри, па почекавме да се отворам природно, ама ништо. Јас 2 дена не се отварав никако и на крај мораше со индукција. - За чистотата во болницата само пофалби, за сестрите и докторот исто така, иако со докторот се видов само еднаш или двапати пред пораѓај па моето искуство е лимитирано. Моите главни замерки се во делот при и после пораѓај. - Во флаерите и на предавањата се зборуваше едно, во реалноста се случуваше друго. На крај испадна само добар маркетинг за да привлечат клиенти. За мене, едни од најглавните причини што решив таму да се породам беше бидејќи ветуваа следно: - Мајка и бебе нон стоп заедно во иста соба - нели, baby-friendly као современо, не бебињата со сестрите во посебен дел, него секое бебе со мајката... Ова не беше случај ни со мене ни со никого таму, морав да ѕвонам кај сестрите за да го донесат бебето и ако го земеа за прегледи, не го враќаа кај мене во соба освен ако не се јавиш) - јас разбирам дека на тазе породените мајки им треба одмор и има време и за тоа, ама нон стоп да ѕвониш да ти го донесат бебето, напорно малку. - Храната беше многу еднолична и бљантава, искрено. Ништо не ми се допадна, ама можда тоа не е толку битно кога се опоравуваш од пораѓај... - На предавањата се фалеа дека почитуваат продолжено оставање на папочна врвца, што мене лично ми беше битно. Моето бебе при раѓање имаше АПГАР 10/10, а врвцата ја пресекоа ОДМА, па кога прашав зошто не ја оставиле, докторот во очи ме излажа и ми рече ја оставивме, како не, 15 минути седеше. Него ај... - Не ми дадоа да се пораѓам во позиција што мене ми одговараше, а тоа го направи пораѓајот милион пати потежок зашто јас бев тазе опоравена од тешка настинка и плуќата ми беше полуфункционална. Ме сецнаа при пораѓај, не осетив, ама не ми се допаѓаше што тоа им е дифолтот. Нејсе. - Помош и поддршка при доење НИКАКВА. Значи никаква. Кога побарав да дојде некој да помогне со фат (нели као имаат сертифициран консултант за доење таму, Наташа ли се викаше) да ми каже техники на доење, да почне и бебе да учи да цица малку, они ми рекоа - е што техники сакаш, стави на града, тоа е. Буквално тие зборови. Моето бебе не цицаше многу, зашто таму им даваа дохрана и ги носеа кај нас пренајадени. Еднаш во денот во 6 сабајле ги носеа за доење а после не, освен ако сами не си побаравме да ги донесат. - Имаше сестри чиешто однесување беше за секаде само не на постпартум оддел. Имаше и сестри ангели кои беа толку нежни, мили, културни, за мерак... Јас за жал наслушнав коментар од акушерката што ме следеше (пред мене беше ПРЕФИНА) како си разговараше со другата колешка: еееее ти досеа 4 породи, а јас со една (зборувајќи за мене) окапав цела смена - и кикотење како средношколки. Невкусно според мене, ама таа замина и на смена дојде друга акушерка која беше во бокс со мене и со неа супер пројдов. - Бев во двокреветна соба со цимерка, посетите беа неограничени во времетраење, се менуваа постелнини и спаваќи и се чистеше секој ден, од тој дел сум задоволна. - Месец-два после пораѓај, имав разговор со психијатар (вклучен во пакетот за породување) бидејќи имав тешка и сериозна постпородилна депресија. Докторката не се позамара да ми помогне и покрај симптомите што и ги кажав, туку ми кажуваше како нејзината ќерка исто била сега бремена, па не знаела како нова баба до каде да се меша, колку да дава мислења итн. Бош муабети на пациент со постпородилна депресија. Страшно. Никогаш не се вратив таму веќе, а не отидов и на друго место. - Од педијатарот сум крајно крајно незадоволна, нели следат неколку бесплатни прегледи за бебето со пакетот за породување. ЕДВАЈ востпоставивме доење зашто бебето имаше lip and tongue tie иако никој не сакаше да ја прегледа а беше преочигледно. Педијатарот од Систина установи дека МОРА дохрана (значи немаше препораки да се накачи мајчиното млеко, да се открие зошто бебето не цица добро, да не има некој проблем, дури ме тераше да дојам пред неа, го измери бебето и виде дека цица добро), и СЕПАК рече 4 целосни подои во денот да ги заменам со шише. Пристапот и беше што не испаничи и мене и маж ми до толку да бевме цела вечер вознемирени. Ама ја послушавме, нормално, докторка е, а ние првпат родители неискусни. Резултатот беше - мене ми снема млеко. Бебето почна да се фрустрира при цицање, се помалку цицаше, и на крај се откажа комплетно од доење во 4 месец. Јас како првпат мајка, не знаев дека треба да пумпам мое млеко за да не ми го снема и кога почнав да пумпам веќе беше касно. Бебето разви преференца за шише и тоа беше тоа. На прегледи чекавме по 30-45 минути да се појави докторката. Се на се, дел од докторите и сестрите се врвни професионалци. Но... тие функционираат за да си ги олеснат работите на себе, а не на пациентот, дури и кога нема потреба од протоколи и не е загрозено ничие здравје и живот. Ако имате прашања, тука сум. За цени, сигурно е досега сменето стопати, јас тогаш платив околу 120,000. На сите што сте бремени ви посакувам лесна бременост и уште полесно породување!
Јас имам правено нипт тест во систина пред неколку месеци. Панорама прават таму, ние ја одбравме поскапата варијанта и околу 700 евра плативме. Претпоставувам дека е истиот тест што сега е вклучен во пакетот. А инаку само треба да уплатиш, после можеш прегледите да си ги тераш на државно. Јас уплатив ама дури кога влегов во 36 недела почнав таму да одам за прегледи и цтг и не ми наплатија ниту еден преглед ниту цтг до пораѓај.
Здраво на сите! Да споделам искуство за Ремедика, се породив пред неколку месеци. Планот беше за природно, но не се отворив. Цел ден со индукција и на крај царски, бебето го извадија модро како патлиџан. Докторката не дојде веднаш, туку после 7-8 саати. За сестрите немам замерка, ми покажаа како да го ставам бебе на града, доаѓаа на секое звонење, една ме избања, ме избриша, ме облече како бебе да сум. Супер беа. Не би отишла пак заради педијатрите, бебе повраќаше, тие не знаеја што му е. Правеа некои анализи, и последниот ден доаѓа сестра, хормони за тироидна да сме испитале, морало од 2-4 ден, реков да прашам сопругот, се налјути оваа, ама нема да ја боцкаме 2 пати, после неможе. Не ја боцнавме, за што после дознав дека немало и потреба од тоа. Незадоволна сум од педијатрите. Не знаеја зошто повраќа бебето. Докторката ја слушнаме како и вели на сестрата, незнам веќе што да му правам на ова бебе. Значи катастрофа. Предложија дека треба да останеме повеќе од 4 дена, но на 4 не пратија на клиника. Бебето ми заврши на интензивна нега оти овие многу не држеле. Од ремедика добивме објаснување дека они биле за здрави деца.
А зошто модро било ти кажаа која била причината? Може и ради тоа после проблемите со нејадењето? Др Јадранка е една од подобрите педијатарки општо, а за др Марина не знам немам добар впечаток. И јас таму одам ама заради Симонида. Инаку др доаѓаат баш кога на бокс ќе те стават Лежевте после на клиника ? Што се испостави дека е?
Последниов период се нови членови со прво мислење директно тука за Ремедика пишуваат. Нешто ми смрди тука. Прво, зошто да дојде веднаш докторката? Таа си има работно време, не си била без медицинско лице таму. Акушерката те следи цело време, докторката ако е на работа може да помине да те провери ама инаку зошто би седела цело време со тебе? Има уште други трудници што раѓаат и пациенти во амбуланта. Тие анализи се по протокол. За тироидна и цистична фиброза. И е за добро на бебето да се направат. Се прават дури и во државна болница ако се пораѓаш. И мене не ме ни прашаа, само ме известија дека го боцнале. Така и треба да биде, си ја знаат тие работата. Ако бебето не било добро 4 дена како ти го носеле за доење и да седи кај тебе? Снаа ми се пораѓаше и бебето имаше респираторен дистрес, не го виде 5 дена додека лежеше таму зошто бебето беше на лекување. Само преку стакло. И тука приказната не ми штима. Трето, точно е дека Ремедика е за здрави бебиња, тие го напоменуваат тоа уште додека си бремена и свесно одлучуваме таму да раѓаме. Во случаеви кајшто не дај Боже нешто ќе влоши го транспортираат бебето државна или систина. Овие случаеви се ретки, да не се плашат нови трудници и прворотки, но секако може се да се случи. Баш ми е жал ако вистина ти се случило ова, сигурно е траума да доживееш на твоето бебенце да му е лошо и да го пратат на интензивна. Се надевам се ќе помине во најдобар ред. За останати трудници што водат бременост таму, јас се породив пред 8 месеци и баш од педијатрите сум презадоволна. За доење многу ме поддржуваа, цело време ме известуваа, премили беа со бебињата. Не се потпирајте на туѓи искуства да си правите неспокој, секаде за се има и добри и лоши.
Не ми е намера да ги исплашам трудниците кои го читаат ова, само споделив мислење. Можеби ова е поредок случај во кој требаше по навремена реакција. Инаку не зборувам за анализите за тироидна и цистична по протокол, зборувам за дополнителни анализи кои се наплаќаат. Убаво е да се знаат негативностите, оти сепак не се малку пари, можеби повеќето завршуваат со позитивно искуство, кај мене ете беше така за жал. Да напоменам дека бебе сега е добро. Сепак тоа е искуство, и кај секој е различно.