1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Luna88

    Luna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2018
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Ни јас немам баш некое позитивно мислење за Ремедика. За време на цела бременост ОК беше освен што многу чекав за преглед. А на породување... имав блокада и прворотка бев не знаев ниту како се напнува (може смешно ќе звучи) акушерката наместо да ми појасни само се дереше: Напни, напни. И накрај докторката ми легна на стомак и излезе бебето. Првите 10 секунди (за мене цела вечност) не заплака и кога прашав зошто не плаче, акушерката ми се раздра: "Како да плаче кога ја заглави?" Ко јас да дојдов да си го убијам детето, а не да го родам. После во 3 сабајле ми дојде педијатарот да ми каже дека е на кислород и дека е во вормер. Кога прашав: Ама ќе биде ок? Ми рече ќе следиме. По 2 дена на Марина и текна да ја стави во инкубатор, па и текна дека сигурно ќе добие жолтица и ќе треба сончање. И еден куп анализи за кои не ме ни прашаа дали се согласувам, само ги наплатија....
    А сестрите... едната ми чепкаше по лични ствари. Ми донесоа моите книги да се занимавам со нешто и еднава: Ама ти стварно читаш...
    А другата кога и реков дај ми го бебето да го избањам јас, се раздра: ја вода не сум наместила она ќе го бањала... дека сум и вратила покакано дете по подој и дека ќе сум висела на линијата што им е за помош на родилки....
    Имав впечаток дека сум на Гак или некоја друга државна.
     
    На AlmaOculta, Frida- и tambelina им се допаѓа ова.
  2. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.729
    Допаѓања:
    19.797
    А кај која докторка беше? Страшно е ова, се надевам им го имаш пишано на мејл како поплака
     
  3. Luna88

    Luna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2018
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Не пишав бидејќи бев прво во шок, а после се насочив кон потребите на бебето, цицање, грчеви и сл.
    Кај д-р Котларова
     
  4. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.596
    Допаѓања:
    5.066
    Пол:
    Женски
    Лудило бре.. јас па мислев имам трауми од Чаир.
     
    На tambelina и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.729
    Допаѓања:
    19.797
    Јас бев со првото кај неа баш тоа кажуваше кога да напнам, кога да не напнам, кога да дишам. Не ми е јасно зошто воопшто ништо не ти кажале.
    А коментарите од тие таму педијатрија сестрите ужас срам да им е пријави си не ти е доцна.
    Таков коментар да добијам тужба ќе им лепнам на толку пари уште коментари, не ми е јасно како др дозволила такви коментари
     
    На Luna88 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Luna88

    Luna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2018
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Поминаа 4 години. Сакав што ппбргу да заборавам. Во меѓувреме во друга приватна болница имав прекрасно породување. Сега не би се замарала со тужење.

    Докторката беше присутна на породување и после на визити.... со сестрите немаше контакт после
     
    На AlmaOculta и Milkiway им се допаѓа ова.
  7. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    9.581
    Пол:
    Женски
    Скоро идентична ситуација имав и јас пред 5 години. Само што мене никој не ми се раздра, освен таа што беше педијатар кога после породувањето дојде и кај мене во соба и ми се подразвика дека за малку ќе сум направела голема беља. Ама таа колку што знам веќе не работи таму. Акушерката, докторката, сите беа прекрасни и никој ништо не ми искоментира. Вака сега имам чувство дека баш тие се они кои направија ситуацијата да изгледа као нормално, а не беше. Моја вина беше, јас добив паничен напад на бокс, и докторката баш после тоа ме тешеше дека се случува, дека не сум единствена, дека сѐ ќе биде ок. Ме посетуваше по 2-3 пати додека ѝ беше смена, одеше и бебето да го види, а кога не беше на работа ми пишуваше на вибер како сум. Анализи што имаа направено беа сите потребни во моментот иако не бев известена, ги имаа направено. За Др.Јадранка имам прекрасно мислење. Ја ставија малата во инкубатор на мониторинг и многу убаво ми објасна сѐ. За Др Марина имав чувство дека прави сѐ на брзина. Сестрите во неонатологија беа исто прекрасни, немам збор.
     
  8. Marcheee

    Marcheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Има ли некоја од вас скоро искуство со Санте да сподели? Дали е Сапунов таму во тој оддел? Или е на ивф? За блиска особа се работи па си викам вие сте ми на форумов секогаш најотворени. Фала однапред.
     
  9. Zakica88

    Zakica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2023
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Пред две ипол години, немаат персонал мислам само две докторки анестезиолог на повик. После тоа брзо останав пак бремена и се одлучив за Систина….бременоста ја водев Санте што се не видов сестри неорганизирани некои млади без искуство. И до последен момент се мислев за каде.
     
    На tambelina и Marcheee им се допаѓа ова.
  10. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Исчитав мислења,и сеуште сум во недоумица... Систина или Жан Митрев ??? Со Систина имам добро искуство но за гинеколошка операција бев,не за раѓање.

    Жан Митрев имаат неинвазивна седација ,гас-азотен оксид за намалување болка и мислам дека пре би тоа отколку епидурал. Немам искуство ниту со едно ниту со друго,па не можам да споредам. Низ мислењата не прочитав искуство за овој вид на седација...

    Има ли членка што се породила спонтано во приватните, после прв царски? Ова ми е многу важно бидејќи првото ми е царски,а другите две се вагинални породувања во државна. Па сакам и ова породување да биде вагинално. Ми треба лекар кој ќе ми биде поддршка и кој ќе биде спремен за хитен царски доколку е потребно.

    И околу доењето не ми се допадна што прочитав,дека преферираат АД млеко наместо да се стимулира доење како и поврзување на бебе со мајка, контакт кожа на кожа. Ги оставаат ли бебињата во соба со мајката? Дали им е дозволено на татковците да пресечат папочна врвца при вагинално или породување со царски рез ?
     
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.654
    Допаѓања:
    14.677
    Пол:
    Женски
    Во Систина се породив лани. Баш форсираат доење, ама мене второ ми беше, не сакав ни ад да и даваат воопшто. Во глобала се ми беше познато од претходно и не им ни барав некаква помош посебна. Ми ја донесоа за брзо откако ме симнаа од шок соба, одма на града ми ја ставија. Ја сончаа за жолтица и цело време ми ја носеа на макс 2 саата. Кога не ја сончаа цело време си беше со мене, ја земаа само за прегледи. Навечер ги земаа бебињата за да одмори мајката, ама ако сакаш не е проблем и да го остават. Јас бев царски и маж ми не беше дозволено да присуствува, ама природно зошто да не би можело маж ти да ја пресече врвцата?
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. StrawberryBliss

    StrawberryBliss Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2026
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Мое искуство во Систина беше дека ич не се замараа со доење, бебињата беа посебно од мајките и ги носеа ако им се јавиш, а не беа по дифолт со нас во соба, ама можеш колку сакаш да си го чуваш. За таткото, дозволуваат да е на пораѓај и да сече врвца.
     
    На Marijanche33 и tambelina им се допаѓа ова.
  13. Stonegirl

    Stonegirl Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2026
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ве молам предложете доктор во болница Плодност за следење на цела бременост и пораѓај. Поздрав
     
  14. Luna88

    Luna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2018
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Во Жан Митрев доколку е се во ред со бебето го оставаат кај мајката и доколку сака да дои се форсира доење. И помагаат за местење на града и сл. Мене ми даваа пумпа за да ми надојде млеко, ме праќаа да се бањам со топла вода.
    Доколку треба, јас пак би таму.
    За Систина немам искуство и не знам каква политика имаат.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ане.

    Ане. Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2021
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    1.710
    Кој доктор ве породи? И ако може да споделиш мислење
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Frida-

    Frida- Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    604
    Пол:
    Женски
    Јас првото го родив во Систина, бебето најчесто беше со мене преку ден, навечер го земаа. Немав проблем со доењето но девојката со која делевме соба имаше вовлечени брадавици па максимум и се посветија со пумпица, силиконски и сл.
    Раѓав со епидурал, не ја осетив сондата фала богу немав ниту главоболка потоа. Сопругот беше цело време со мене, сечеше и папочна врвка.
    Деновиве ќе го родам второто повторно таму. Не само што му верувам на мојот доктор, верувам комплетно на цел персонал на гинекологија, затоа што последниве две години имав неколку интервенции и сите ми поминаа со позитивна слика, задоволна сум од цело внимание и нега.
     
    На VirgoStar и tambelina им се допаѓа ова.
  17. Luna88

    Luna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2018
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Доктор Андонова. Имам најпозитивно мислење за неа и за акушерките, особено за Маја која ме храбреше и заради која имав најубаво породување. Или споредено со претходното како од соништата. Чисто, уредно, убава храна и пристапни доктори и сестри.
     
    На tambelina и Ане. им се допаѓа ова.
  18. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Јас се породив кај д-р Сотир и лично за мене тој е најдобар. Сепак, има многу кои се многу задоволни од д-р Влатко, д-р Ана итн...

    Од мое лично искуство, би ти рекла само да не за д-р Кристинка – нејзиниот прв пристап кон мене беше таков што за малку ќе ме натераше воопшто да не се вратам во Плодност.

    Но сепак, сите сме различни и имаме различни очекувања. Најважно е да одиш кај доктор со кој ќе почувствуваш доверба.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    505
    Жан митрев форсираат доење мене ми беше второ па знаев како што бебето беше цело време со мене и цицаше ад пиеше само еден ден после беше само на мајчино дури и се измолзував па му го даваа и тоа млеко ако треба пак да раѓам би одела таму без двоумење што сакате тоа ќе ви дозволат сопругот беше до последно со мене во бокс не влезе нејќеше за систима незнам немам лично искуство таму
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    505
    Маја повозрасна жена со црвена коса и кај мене беше она и марија прекрасни и двете
     
    На Luna88 му/ѝ се допаѓа ова.