Искрено, баш ми е мило за вашето позитивно искуство. Јас се решив за Систина токму поради да имам такво искуство, но моето на крај испадна многу спротивно и уште ми е тешко поради тоа... Им фали очигледно да се држат до еден стандард за сите. Овде искуствата се дијаметрално спротивни за Систина.
Јас се породив кај др. Корнелија. На прегледите беше океј, доста е опуштена. На пораѓај исто така. Само таа не беше присутна цело време. Мене ноќта ме примија во болница и сабајлето откако си дојде на работа доаѓаше на секој пола саат-саат да ме провери додека да се отворам скроз и да се спушти бебето. Акушерката беше со мене цело време и кога бебе се спушти и се јави на докторката, таа дојде и за 10 мин откако дојде се породив. Така што нема којзнае колкава улога докторот зашто е со тебе многу кратко, мислам дека исто толку битно е акушерката да ти се погоди за да ти објасни како да дишеш, кога да даваш напон и да буткаш итн. Што се однесува до тоа дали форсираат царски, нарем кај мене апсолутно не. Јас дури и имав критична вена на препон заради која обично докторите не се нафаќаат природно да пораѓаат, ама кога ја виде таа ми рече не би требало да смета, дури таа инсистираше рече да пробаме природно па ако ептен ни направи проблем ќе одиме на царски. На крајот немаше потреба од царски.
Не можам да кажам за наведените доктори, јас се пораѓав кај друг доктор но од мое искуство воопшто не форсираат царски, поминав скоро 6 часа на бокс од што се беше во ред за природно но едноставно не сакаше да излезе бебе и на крај веќе мораше итен царски и подобро и порано да ме однесеа на царски оти се преморив на бокс. Чекаат до последно барем во мојот случај беше така, отворена, со контракции, бебе наместено се во ред ама ме излегуваше. Е сега јас бев со епидурал но кај мене не фати, читам сега и кај некоја друга членка не фатил па не знам за тоа зошто така.
Јас имам имам и пишувано погоре во темата да не пишувам пак истото пиши ми порака ако не го најдеш моето искуство
Здраво,гледам има доста разлика во цените за поредување во болниците, не наидов на некои искуства од Органџиски? Царски најверојатно ке треба . Како се однедуваат сестрите, дали помагаат при доење и било што и да ти треба?
Zdravo majki, ve molam za iskustva 23 nedela. Planiram prirodno poragjanje vo dvoumica so doktori sum. Bremenosta mi ja vodi nadica od PZU - mama. Se razmisluvam za Cair kaj Ilievski, Sistina kaj Bojadziev, Palcevski, Kornelija. Ili Remedika( posledno vreme mnogu ja falat) Pomos, iskustva, se e dobredojdeno..
Јас се породив кај Бојаџиев. Докторот е супер, достапен, пријатен и си ја знае работата, што е најбитно. Секоја препорака за него.
Јас се породив пред 2 недели во ремедика кај др.Афродита Стомнароска, топло ти ја препорачувам. Презадоволна од доктор до останатиот персонал.
Има многу негативни коментари низ форумов за сестрите, дека не се баш љубезни(а на тие пари што плаќаме...) исто во делот со доење не обрнуваат внимание многу, најлесно адаптирано. Ваше искуство во тој дел?
Прекрасен е навистина. Јас си почнав кај него, и до крај ќе сум таму. Природно или со царски се породи?
Дали може некаде да се најде листата со доктори за пораѓај од Систина, мислам дека беа поделени во две групи поскапи и поефтини? Некоја се има породувано со некој од поефтините доктори? Овде во групата сите ги пишуваат познатите доктори и верувам дека се одлични, ама па 20к плус треба да се доплати за нив, на два ума сум.
Нема нигде објавено кои доктори во која група се, само на тел. може да ти дадат таква информација за сигурно.
Сите сестри беа прељубезни а во однос на доењето самите доаѓаа често да го ставиме на града за да цица. Често и го носеа гладен за да го ставиме на града па после му додаваа адаптирано.
Ете јас се породив кај доктор од поефтината група - Корнелија Трајкова. Имам пишано погоре мислење. инаку официјална листа нема. Си се јавуваш и прашуваш за докторите што те интересира.