Pa se gleda na zdravstvenata kniska preku koja firma si osigurana bez razlika sto si plakas privatno sigurno se nosi I zdravstvena kniska
Ne baraat znam ama nekoi gi nosat a I nekoj imaat I poznat I sto rabotat tamu I od niv doznavaat I drugite
Да и во Плодност така прават.Мене ко ми ја отвараа историјата ме прашаа и за мене ама и за мм за завршено школо и работа.
ако си хигиеничарка не, ама ако работиш нешто интересно и те како и тие сестри пијат кафе, трачарат...
Не им се замарај , некој само може да збори секогаш .. Уживај си со беба сега, пиши во мајчински како сте
Со првото се породив во Ремедика , но задоволна сум само од сестрите, др Ефремовски и Розита (педијатар). Недела беше и ме прими на дежурство една докторка која беше толку некултурна и нервозна( изгледа и го нарушив сонот) , подоцна дојде друга докторка , им потенцирав дека сум договорена со Ефремовски за порагај, ми рекоа без гајле ќе го бараме . За 14 часа се отворив 8 прста и ги прашав каде е докторот , ми рекоа не може да дојде на викенд е во друг град . Бидна породувањето , фала богу се беше во ред. Утредента на визита доаѓа Ефремовски и ми вели : зошто не ме баравте да дојдам ? Значи они не му ни јавиле , а мене ме излажаа. Сите се задоволни од Марина , но еве јас со неа немав добро искуство , имаше сомнеж за некоја дијагноза за бебчето , ме истревожија , рекоа дека треба да де прави ехо на мозок и само Марина дека прави но ме можела денес да го качува ехото горе кај бебињата ( е ова не треба да го има на државно , а не па на приватно ) , можете да замисете како ни беше додека му направи ехо наредниот ден ( фала богу се беше во ред) потоа ме испратија од таму во Систина за контроли. 4 дена бев во Ремедика и сите 4 дена немаше топла вода , ни носеа во бокал греана за туширање ....ете моето искуство е такво . Сега за второ одам во Систина , до сега е супер , не можам за лично искуство да казам за условите но етрва ми се пораѓаше и е презадоволна . Инаку искуство за од дрзавна во Штип ми е никакво и тоа бев само половина час за цтг . Внатре гинеколошко оделение е како во хорор филм , немаат сменето ништо сигурно 30 години . Доаѓа докторот додека јас лежев на цтг и ми вели : Ти ма јаде ли несто од сабајле? Јас му одговорив позитивно. Е шо не си пила кока кола или чоколадо да си јадела!?! И пчна со сета сила да ми го мрда стомакот лево десно. На цтг се доага у 8 сабаајле не у 12! Си излезе тој а во ходникот ја слушам сестрата како се дере на една женичка : Шо ти р на тебе ма ? Жената: ми лупа срцето и ме гуши. С: еее де де ногу нежна па ти , сигурно си се скарала со мажот ти па се преправаш да те жале . Ја улегнаа на апарат и ставија една перница која ја зедоа од другиот кревет на кој лежеше друга жена која отиде до тоалет и по 10 минути се враќа и гледа притисокот 170 на жената... Мое мислење е дека во секој случај е подобро во приватна , но штета што секој не може да си дозволи. И многу е жално што здравството ни е во ваква ужасна сутуација.
За каква придружба прашуваш? Пред породување си сама во соба и тука може партнеорт да си биде со тебе постојано. За во родилна сала не знам кохја е процедурата искрено не ме интересираше. Во двокреветните соби посета до партнерот е дозволена во било кое време во тек на денот, и бебето е тука кога е тој тука. Други може да се посетуваат на кратко ама бебето не смее да биде со нив во соба ниту твоето ниту на цимерката ако ја имаш во моментот. Преспивање на партнер нема. Во еднокреветните си важат истите правила. Тие се доплаќаат по 50 евра од ден. За апартман не знам кои се правилата.
Ти благодарам, инаку за преспивање на партнерот конкретно прашував. Кога имав интервенција си доплативме за кревет за него и преспа и он со мене. Ме интересира дали е исто или има посебни услови кај родилките. Ако има можност он би сакал и на породувањето да присуствува, ама претходно членки спомнаа дека не е дозволено на царски
@Minnie-e не знам дали е дозволено таткото да присуствува во сала ама од моето искуство, маж ми ме испрати до вратата на опе салите. Од почетокот на интервемцијата поминуваат 10-15мин додека го извадат бебето, значи доста кратко. Го слушав како плаче додека педијатар и сестра го средуваат и облечат и ми го донесоа да го видам, гушнам, бакнам. За тоа време анестезиологот не сликаше. Го однесоа бебето и по пат го викаат таткото сега тој да гледа (преку стакло) како го мерат. Потоа се вратија во сала и ми кажаа колку е долго и тешко. По некое време ме однесоа на интензивна, ама прво до врата за пак да се видиме со тато. Од интензивна ме однесоа во соба кога анестезијата поминуваше и си ги чувствував нозете. Во соба веќе зависи како ќе се сместиш. Јас бев со цимерка, царски породена 2h пред мене. Поддршка си бевме една на друга низ болките и проблемите со доење.
Jas se porodiv letovo vo sistina i pominav super ,bas so sestrite i bolnicarkite u sekoe vreme mi nosea se sto ke pobaram,veke tretiot den mi se zdosadi pa vecerta me izesoa nadvor na terasata na kafica i vozduh da ti kazam nemam nikakva zamerka
Јас се породив лани во август и замерки куп , две сестри беа на куп бебиња, само дента се породивме 5-6 жени, едноставно не можеа да постигнат од тој аспект не сум ич задоволна, со исклучок на една сестра кумановка која потоа ми дојде и како патронажна другите сите ко мрзливи беа за било што. А болничарките беа супер исто и сестрите на одделот што се, само ете не ми се допаднаа сестрите што ги чуваа бебињата, и мислам тие се виновни што толку малку доев, ниту ми објаснија ниту ми покажаа, битно објаснуваа 15 минути аптамил како да правам. За второ здравје боже ке си идам на друго место.
Јас па здравје за второ одам Систина зашто на клиника ништо не ми покажаа за доење и катастрофа поминав во глобала таму. Немаше сестра да помине, ама важно да се испрчат пред докторите на визита тука беа, а вака оставени на Господ.
Мене па тие ми беа најдобри. Секоја една. Не знам колку пати не им заѕвонив да ми наместат бебе, па да ми префрлат на друга града, па икало.. сите беа супер. И по доаѓање дома се достапни на телефон.