Значи позитивно искуство, природно или царски ? Се размислувам и јас се повеќе за Ремедика, бидејки Систина навистина има многу разлика во цените
Има некоја членка што буквално во последен момент отишла на породување во приватна болница? Секако има дежурен гинеколог. Зарем ако е дежурен Палчевски или Димчев ќе наплатат поголема сума ? Еве јас сеуште не можам да одлучам каде ...
Точно така. Ако е дежурен доктор од поскапата група ќе ти наплатат поскапо - експлицитно за ова прашав зашто и мене ме мачеше и ми потврдија дека е така. Мислам дека барем за Систина не е паметно да одиш директно на пораѓај таму. Прво затоа што ако уплатиш 20% депозит добиваш 10% попуст на крајната цена и доживотно 10% попуст за сите членови од семејството. Второ ако веќе си одбереш доктор од поефтината група појди барем во 9 месец запознај се направи муабет нека те прегледа. Секако прегледите во 9 месец не се наплаќаат ако имаш уплатено депозит. И во најголем дел од случаите и да не е на смена одбраниот доктор си доаѓа за пораѓај, и не ги наплаќа тие 20000 за тоа што дошол.
^Јас знам дека Александар Бојаџиев е во поефтината група. Исто и Јорданчо Иванов и Корнелија Трајкова.
Не е во поефтината Бојаџиев. Кога се имаш јавено да прашаш? Јас пред некој месец кога прашував ми кажаа дека е во поскапата.Јорданчо и Корнелија да.
Јас само што уплатив депозит предходната недела, ми рекоа Бојаџиев е во поевтината, плус прегледите си ги плаќам 4300 како што е за во поевтината. А може и од шо го фалиме овде да го поскапат
Од пред неколку дена ми е информацијата. Не знам, да не смениле. Или на некоја од нас погрешно и кажале. Најубаво да се јави членката оти може и менуваат, кога прашував ми кажаа дека ова е промотивно и дека ќе видат како ке биде, веројатно и докторите ке ги сменат во различна категорија. Ми рекоа цената не е поврзана со квалитетот, прашав дали е според искуството на докторот и ми рече не.
Мислам дека ги ставиле зависно од побарувачката за докторот, па ако се зголеми побарувачката ке ги префрлат во поскапата група. Мислам дека Бојаџиев и Корнелија ќе ги стават во поскапата група за брзо. @poker_face а може и погрешно имаш разбрано, Баџаков ми го кажаа во поскапата група па може го имаш помешано со Бојаџиев. Или они го помешале
Можеби, ама не е фер со уплатен депозит и веќе си со прегледи кај него сега да ти ја поскапат од нигде никаде… да не се разбереме погрешно, докторот си заслужува дефинитивно, ама на сред бременост да ти променат цена (а ти велат со депозитот си ја загарантируваш цената) и не е фер.
Јас најмногу бев заинтересирана за Бојаџиев и баш за него посебно прашав и се одлучив за Корнелија баш зашто неќев да платам поскапо за Бојаџиев. Ама држи вода да паднал интересот па да го преместиле во поефтината. Јас прашував уште минатата година.
Jas se porodiv kaj dr. irena suplinovska, ona e vo poeftinata grupa, doktorkata e odlicna, toplo ja preporacuvam. Idev na pregledi kaj Kornelija na pocetokot ama se prefrliv kaj Irena i ne zgresiv )))
Мене ми дадоа пред сам крај и требаше да вдишувам, а истовремено да напнувам и туркам и ми беше збунувачки па се решив да се сконцентирам на бебето и речиси и да не го употребив азотот и не му ги знам својствата. Бидејќи немав силни болки до 9прста не ни барав анестезија. На крај побарав да ми дадат нешто, го дадоа ова ама бидејќи не очекуваа да побарам дури донесоа и само 2-3 пати вдишав и го истуркав.
две мои другарки ноќе ги фатија болки, отидоа на дежурен и се породија така, е сега ова беше пред ова со докториве.
Јас се породив во Ремедика, кај д-р Симонида, дента кога се породив докторката беше дома, и породувањето го почна д-р Јане, цело време беше со мене, на сред породување дојде и докторката, природно и без никаква анестезијата Прекрасни доктори, нема да погрешиш, прекрасен персонал, од сестрите на цтг, до цел персонал на оддел
Девојки едно прашање за тие што сте се породиле тазе во Систина. Дали е дозволено на денот на пуштање, да дојде и друго ваше дете (ако имате секако). се трудам да донесам правилна одлука, дали е подобро син ми да биде во градинка/со баба зависи кој ден и кое време ќе ме пуштат од болница или да го земе маж ми со него. тука доаѓа моментот на плаќање, средување осигурување и отпусни документи, јас со бебе после царски во апартман и некако не знам што да правам, тешко дека ќе имам капацитет сама со тодлер да се справам во тој момент. Од друга страсна, не сакам да хо исклучам детето од зимање бидејќи знам дека ќе се навреди ако дојде од градинка и дома веќе го чека бебе.